Дека вчерашното “паркирање“ на Аудито и Мечката кабрио е голем PR blunder (грешка) – е.
Но, дека Миленко не смее (кога веќе од страв и затеченост PR тимот на ВМРО ДПМНЕ го прави) да и дозволи на докажаната нифоманка Богданка Кузевска да се расфрла со од гаки извадени суми на чинење на возилата – не смее.
Најнапред, во двата новинарско-партски табори, изгледа дека нифоманијата е клучна вредност за добивање политички и новинарски функции!
Натаму, непознавањето на одредена тема (автомобили, серии, годишта, цени…) не и дава право на Кузевска да лупета.
Исто така, на Кузевска, која од ептен “независен“ новинар стана зависен портпарол, никогаѓ не и попречил мултимилионскиот возен парк од Поршиња, Бентлија, БМВ мотори на нејзиниот газда Зоран Заев! Не и попречи и што Заев во исто време кога си купи БМВ мотор вреден над 35.000 евра, купи исти такви за 20 свои другари. На Богданка не и попречи што нејзниот шеф, кој со скапан сто-кец влезе во градоначалничката фотеља на Струмица, за неколку години како државен службеник успева одеднаш, за ќеф и курчење да купи 20-тина мотори за 800.000 евра?!
Кузевска е винован што селективно ја обработува темата “скапи возила“, но ВМРО ДПМНЕ на Груевски е виновно што вакво криминално богатење не санкционираше со соодветни правосудни постапки.
Околу ширењето лажни вести на Кузевска:
И Аудито А8 тди кватро и Мерцедесот кабрио се возила кои биле скапи, ама кога биле нови. Овие од протестите сите се повозрасни од Александра и од Ева и од Душко Заеви. Па така, на мобиле.де можат да се најдат за сума во висина на 15-тина квадрати станбена површина во Скопје.
Аудито е од втората генерација на овој тип возила:
И, како такво може да се купи за сума:
Со Мерцедесот кабрилет, работата е уште посмешна. Сега да се купи, чини како поевтина Веспа.
Реално, ВМРО ДПМНЕ направи грешка со овие возила, и некој таму во организаторите треба да преземе одговорност. На протести за скапа струја треба напред да е Тимчо со електричниот тротинет.
Што се однесува до Богданка Кузеска, ако мерцедес-ауди протестот е Monty Python, нејзиниот ангажман за портпарол е Pornhub.
МН
Дудинка
Скопје, 12.09.2020