Премногу работи како човек и новинар имам направено во својот живот што за било кој мој колега или сограѓанин се апсолутно недостижни. Сега нема да замарам да набројувам, оти ќе ме раздени.
Последно. нека повели било кој новинар… Или не мора да е поединец, еве нека е медиумска куќа… Или не мора и медиум да е, еве нека е партија, на пример – што при еден свој настап, емисија инервју, изјава, дебата има ЕДЕН И ПОЛ МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ.
Хех, сите заедно да се соберат, па секој да си ја донесе својата најгледана емисија, не можат да соберат петина од оваа МОЈА бројка.
Па така, еве ги предизвикувам Андреја Јосифовски, Емил Стојменов, Кочан, Ѕинго, анонимниот маџар, Вице или Роби, Џорџ – било кој…, ги повикувам и нивните директори, главните и одговорни уредници, медиумски ојле дојлевци…, ги повикувам и сите рејтинг агенции (и онаа на Влајко) и сите маркетинг агенции…, ги повикувам и сите големи (и мали) рекламери (Телеком, ВИП, Кожувчанка, Скопска пивара, Прилепска пивара, Битолска млекара…) – да покажат ДАЛИ НЕКОЈ ДРУГ МАКЕДОНЕЦ ИМА ВАКВА ГЛЕДАНОСТ НА СВОЈАТА ЕМИСИЈА?
Ајде машко, да ве видам.