НИКОЛА и ЃОРЃЕ

НИКОЛА и ЃОРЃЕ

ВМРО е единственото национално и политичко ткиво на Македонија едно-и-пол столетие. Нема друга форма (дури ни МПЦ не е тоа) на национално, политичко, верско, територијално и духовно обединување на Македонецот. В турско, во српско, во бугарско, во комунистичко, во незвисно – време.

Како такво ткиво, како таков фундамент на Македонштината, од секогаш било и сеуште е основен таргет на атак на оние што сакаат да го уништат Македонецот и Македонија. ВМРО било таргет за комплетно уништување и на турскиот аскер и на српските попови, и на грчките политики, и на бугарските претензии… ВМРО било таргет за уништување и од соседните “столици“, но и од “Београд“, а сега од Брисел и Лондон. А до скоро и од Вашингтон.

Затоа, било кое разнебитување на Македонија, било кое предавство, не е целосно, не е валидно, не е важечко ако во него не учествува ВМРО.

Цепењето во Букурешт е без ВМРО. И планот “авнојски“ за не одење на Солун ами на Трст донесен во Бихач и Јајце беше без ВМРО.

Тоа, дека ниту едно прекројување, преименување, асимилирање не оди и не важи без ВМРО си го знаат сите соседи, сите белосветски престолнини, сите домашни предавници, сето население.

Еднаш, во 2001, меѓународната заедница успеа да најде два мекотелни лидери на ВМРО што успеа да ги притисне да станат велепредавници. Да потпишат капитулација. Да променат Устав. Да се откажат од територија.  Корумпираниот Љупчо Герогиевски и ограничениот Борис Трајковски во Охрид ја распаднаа Македонија.

На искомплексиран раководител на молерска задруга, каков што беше Трајковски, во кабинетот му ги устоличија Борјан Јовановски, Љубомир Фрчкоски, Сашо Орданоски и слични агенти на Сорос. А среброљубецот Георгиевски беше “приморан“ на потпис заради тоа што рачето многу му фаќало од државната каса.

Така, во Охрид, ВМРО преку своите претставители Љупчо и Борис, стана предавник на Македонските национални интереси и фактор за сецесија на и онака малата територија што ни остана од историска и етничка Македонија.

Едноставно напишано, тогашниот лидер на ВМРО и Претседател на државата од редовите на ВМРО, не беа ВМРО-вци, ами само овци.

Сега, 2017-та, е иста ситуација. Се бара од соседите и меџунардната да се спроведе следната фаза на уништување на Македонија и Македонецот. Нов “Рамковен“, овој пат “потпишан“ во Тирана.

Новиот “договор“ предвидува редефинирање на граници (внатрешни и надворешни), безбедност, јазик, устав, црква, химна, грб, знаме – значи СЕ’. Комплетно видоизменување на оваа териотрија. Да, да – територија. Оти после вакви промени, ова веќе нема да е држава, ниту со име Република “Тенџере“, како што инспиративно се изрази Петре Темелковски, туку ќе си биде само територија. Безимена територија.

Но проблемот со овој “Тирански договор“ е што го нема потписот на ВМРО, како што беше случајот со Охридскиот договор.

Потписот на СДСМ не важи. Зад потписот на СДСМ стојат 70.000 албански гласачи, и стотина илјади про-југословенски гласачи. Секако и стотина илјади наркомани, хомосескуалци, малоумни, амбициозни наши сограѓани. Зад потписот на СДСМ не стојат Македонци. Зад потписот на ново редефинирање на оваа територија, засега не стои потписот на ВМРО лидерите.

Разликата е јасна. Иванов е интелектуален гигант во однос на потпросечниот сметководител Трајковски. Иванов, иако не го расчисти СДСМ-овскиот шљам што го наследи во својот кабинет, барем го маргинализираше до ниво на нефункционалност. А друг соросоиден кадар не ангажираше.

Тешко е мерлива и опислива разликата помеѓу Груевски и Георгиевски. Помеѓу патриот од една страна и лешпер од спротивната. Лешпер што успеа на “христово-маченички“ аутфит да стане лидер на ВМРО. Помеѓу Груевски кој ги оживеа сите историски ликови од Македонија, и Герогиевски кој стана благонадежен б’лгарин.

Е, овој пат, во 2017-та, нема потпис и печат од ВМРО. Па, било што донесено во Тирана, “Литл Ривер“, Бихачка, Брисел – не важи.

За Никола Груевски сум сигурен дека е со цврст карактер и хард кор национално определен. За Иванов, не сум сигурен колку е издржлив на “странски“ ќотек. Ме уверуваат дека е многу тврд, издржлив и дека нема да попушти. На овие што ме уверуваат, сакам да им верувам. Дали ќе се во право, ќе покажат следните денови.

Никола Груевски по цена на своја фотеља, свој мир, своја безбедност, своја недопирливост, своја слобода – не се согласи со барањата на ДУИ, односно со договорот (платформата) од Тирана. Можеби на нам ни личи дека премногу попушта, дека треба да го изнесе веднаш народот на улица, дека треба ова-она… Но, ние во неговите кондури не сме. И не ги знаеме сите податоци што се релевантни за неговите решенија. Но, факт е, дека досега политиката беше реактивна, кротка и попустлива. Јас би играл активно, агресивно и непопустливо. Но, јас (ние) сум немал храброст да имам (формирам, се кандидирам…) своја партија и да излезам на избори. Јас не сум гласан. Него сме го гласале. Сме му ја дале довербата ние 450.000 народ.

Емилија Гелева ќе напише “ДУИ не може да биде и позиција и опозиција едновремено“. Тоа значи, дека и во моменти на невоспсотавена нова Влада, на страна на државата и на страна на Македонецот е единствено ВМРО и Никола Груевски. Сите други 4 албански партии (СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса), се од спротивната страна. Тачи не е во таа игра.

Но, дури и со ваква распределба на гласови во парламентот, без потпис на ВМРО, ништо не важи.

Прво, за да се има мандат, треба да се добие од Иванов. Него сега ќе го испитаме од каков материјал е направен. Мирка Велиновска ќе напише “Иако повеќе години македонските политичари им изгледаат како безопасни мачиња, во некој од нив чука лавовско срце“. Кој е со такво срце, сега ќе видиме. Гелева пак ќе констатира дека “ако случајно реши (ДУИ) да биде опозиција тогаш Иванов не може да ги прифати нивните потписи за влада, едноставно не важат нивните потписи“.

Заради оваа фактичка состојба, каде што за секој битен и голем проект за раскурцување на Македонија треба и потпис од единствениот фактор во државата и нацијата, значи од ВМРО – сите очи се вперени во Груевски и Иванов. Да видиме дали се тоа лидерите со “лавовско срце“. Трајковски и Георгиевски тоа не беа.

Зарадио оваа ситуација, меџународната има стратегија да ја вовлече ВМРО во широка влада. Демек, безбедни ќе сте, не ве закачаме, Катица ќе ја пратиме на смоквите – само бидете дел од проектот за нестанување на Македонија.

ВМРО во своите редови низ историјата имала и џинови и предавници. Имала братоубиствени периоди. Имала години на доминација и години на летаргија.

Македонскиот народ, како и секогаш, е застанат зад ВМРО. Во моментов, зад Никола Груевски. Народот е подготвен во рок од неколку саата да ги заземе улиците, плоштадите, раскрсниците. Да ги блокира амбасадите, да ги заштити институциите. Треба само да има повик од лидерот.

Народот е подготвен да ги брани сите одлуки на Претседателот Иванов што одат во правец на одбрана на државата и нацијата. Народот таков свој Претседател ќе брани со ѕид од човечки тела. Со крв и месо.

Велам, ме убедуваат дека Иванов е токму таков. Цврст во одбраната на државата.

На народот долгу години му требаше партиски лидер што ќе прерасне во национален лидер. Го доби тоа во ликот на Никола Груевски.

Народот стои зад него и неговоте одлуки. Да не се залажуваме. Не е дека нема незодаоволство од претераното пимплање и попуштање. Но, исто така да не се залажуваме, единствен на кого нардот му ја дава својата огромна и безрезерва поддршка е токуму Груевски.

Овие предности што им ги дава народот Груевски, а со него и и Иванов, се единствените карти што во оваа наместена партија покер може да ги користат. Немаат поддршка од Хан, Могерини, Сорос, Лондон… Прашање е правецот што ќе го фати Трамп. Русија и Путин си гледаат нив оџакот да им чури. Кинезите ги интересира само бизнис.

На Груевски (и на Иванов) единствен нешто како адут им остана народот.

Па затоа, ALL IN.  Или по антички “на штитот или со него“.

 

 

Миленко Неделковски

 

на ден Прочка

07.05 часот – Скопје