НЕПОТИЗМОТ на Борјан Јовановски и министерот Никола Димитров

НЕПОТИЗМОТ на Борјан Јовановски и министерот Никола Димитров

ВНИМАНИЕ: Заради вознемирувачки фотографии, за лица помлади од 18 години потребен е надзор од родител или старател.


Светлана Нана Јовановска, сестрата на Борјан Јовановски и мајка на Тања Милевска, минатата недела официјално е примена на работа во Македонската мисија при Европската унија, во рамки на Министерството за надворешни работи на Македонија. Таа таму подолго време неофицијално работи, ама од пред некој ден нејзиниот ангажман станува и официјален, со потпишување на фиктивен  Договор за дело за месечна плата од 1.500 евра.

Ова е класичен пример на непотизам оти братот на Светлана, Борјан Јовановски е во кумовска врска со министерот и прв човек на МНР Никола Димитров.

Покрај тоа што се работи за класичен непотизам, Нана Јовановска е примена и наврат-нанос, бидејки Македонската мисија е сочинета од многу малку персонал. 6-мина дипломати вклучително и амбасадороката, плус на тоа и 3-ца локал стаф (2 шофери и една секретарка). Позицијата на Јовановска е измислено место наречено “офицер за комуникација“, кое го нема во ниту едно друго ДКП на Македонија низ светот.

Задолженијата на Нана Јовановска, за кои македонските даночни обврзници месечно ќе одвојуваат 1.500 евра, ќе бидат одржување на фејсбук и твитер акаунтот на Македонската мисија при ЕУ. Тоа е вкупно 5 минути работа неделно, бидејки и досега активностите на социјалните мрежи се две до три објави седмично. Така мал фонд на обврски е затоа што за официјалните комуникациски активности на ДКП-ата на Македонија единствено е задолжена прес службата на МНР во Скопје.

За местото на сестрата на Борјан Јвановски, за прв пат се случува во однос на ангажирање на локал стафери при ДКП-ата, да нема распишано конкурс и да нема интервјуирање на повеќе кандидати. Назначена е по директна наредба на кумот на Борјан Јовановски, сегашниот ресорен министер Никола Димитров.

Светлана Нана Јовановска живее во Белгија долги години, поседува белгиско државјанство. И повеќе од 10 години е трут во белгиското општество, и  како таква докажана неспособна индивидуа прима од Кралството Белгија социјална помош од 1.250 евра месечно. Ние овдека си мислиме дека по социјална помош на Запад трчаат само жителите од Шутка во Скопје и Баиро во Битола, ама ете и ќерката на кодошот Мето Јовановски од елитната населба Водно, каде што живеат само наследниците на црвената буржоазија, заминала да се питачи и да користи белгиска социјална помош.

Уште поголем проблем во Белгија, за што официјалниот белгиски протокол има доставено нота до Македонското МНР, е тоа што ангажманот на Јовановска и на останатите локал стафери во Мисијата во ЕУ, во НАТО и во амбасадата при Кралството Белгија, се плаќаат на црно во кеш. Договорите за дело се фиктивни и само за интерана употреба во македонското МНР, а парите за локал стаферите се правдаат под точка “трошоци“, а им се исплаќаат криминално на рака во ќеш.

Со ова, покрај белгискиот оштетен е и буџетот на Македонија, бидејки никаде не се плаќа данок на овие пари. А во случајот со Јовановска измамена е и Белгија за парите што г и ги дава како социјална помош. Бидејки доколку белгски државјанин, што Јовановска е, како и корисник на белгиска социјална помош што исто така Јовановска е, има работа за кој добива паричен надомест, автоматски треба да и се укине социјалната помош. Оваа злоупотреба на белгиската социјална помош на Јовановска не и е за прв пат. До пред 8 години како дописник на Дневник од Брисел добиваше 3.850 евра месечно, на што се плаќаше 10% данок во Македонија, ама овој инкам таа го немаше пријавено во Белгија каде и понатаму си беше социјален случај и добиваше социјална помош.

Потомците на кодошот Мето Јовановски, со ангажманот на Нана, ја комплетираа листата на цицање од македонскиот данокоплаќач. Ќерката на Светлана Нана Јовановска, Тања Милевска, без никакво новинарско портфолио е дописник на државната МИА од Брисел, а братот Борјан шмука пари од државната Агнција за Филм што ја води нивниот заеднички интимен пријател Горјан Медо Тозија.

 

Истражувачки тим на Дудинка

(Истражувањето е спроведено во Македонија, Франција и Белгија во периодот фебруари/март 2019)

(Органите на Кракството Белгија веќе се известени и постапуваат во однос на овој криминал)

 

11.03.19

Скопје/Париз/Брисел