Уште лани, веднаш по Државниот удар што беше направен од Собраниското малцинство преку неуставно и незаконско (криминално) гласање со две раце, посоветував дека ВМРО ДПМНЕ треба да направи една специјална канцеларија (служба, таск форс) која ќе се знимава со педантно и редовно собирање на сите незаконски, криминални и антдржавни потези на СДСМ. Дури и кадрови за тоа предложив. За потоа, во некое посоодветно време да може законски да се гонат сторителите.
Еве, една година подоцна, нешто во тој стил, се обидува да започне Христијан Мицкоски.
Стартува со “бомбата“ за РЕК и механизацијата на Вице Заев, познат по менувачницата каде се собирало по едно евро за него а се “мотивирале“ граѓаните за донирање на по едно евро за црквата (читај Сотоната Наум). Иако досега имаше повеќе стотина криминали (економски и идеолошки), Мицкоски се реши за ова.
Во ред, негово право. Тој е лидер на партијата тој ја прави и командува стратегијата (планот).
Мора да се признае дека сето ова наликува и на “бомбите на Заев“. Но, има една битна разлика. Груевски и неговиот “тим“, без разлика кои и какви бомба беа, ниту еднаш не ги порекоа со аргумент “ќе се видиме на суд“, каде ќе гонат за клевета и навреда.
“Тимот“ на Заев, односно неговиот брат Вице, спротивно од тоа, веднаш започна токму со закани за тужба и тврдење дека се‘ е лага.
Вице тврди дека: “Тотал инжинеринг, водејќи се од принципиелни и објективни причини и со цел да оневозможи каков било конфликт на интерес при својата работа, неодамна изврши продажба на севкупната механизација (камиони, багери, ваљаци, булдожери и останато). Тотал инжинеринг нема никаков деловен однос со компанијата која Мицкоски ја наведува“…
Ако може пак да го посоветувам ВМРО ДПМНЕ односно Мицкоски, прво што ми паѓа во очи од изјавата на Вице е зборот “НЕОДАМНА“! Поприлично неодредено?! Што е неодамна? Вчера, завчера, минатата недела, моментот кога дознале од своите шпиуни лоцирани во ВМРО ДПМНЕ дека Мицкоски знае за оваа работа? Кога е “неодамна“?
Исто така “објективните и принципиелни причини“ кому му ја продале механизацијата?!
Па така, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се сега на потег:
- Да најдат кому му е препродадена механизацијата. Бидејки тоа многу лесно може да е на некој свој од кланот Заеви.
- Да најдат промени во Централен регистер, купопродажен договор кај нотар, промена на сопствеништво во сообраќајните дозволи…
- Да утврдат колку е платен данок за таа купопродажба. Оти “камиони, багери, ваљаци, булдожери и останато“ чини побајаги стотици илјади евра. Па со самото тоа, преку соодветен данок и се полни државната каса. Дали биле објективно проценети ваљаците и булдожерите, или со ниска цена надвор од пазарната се обидувало да се избегне плаќање на давачки кон државата.
Оваков скандал секако оди на контото за биладње рејтинг на Христијан Мицкоски. Колку повеќе вакви скандали има за кланот Заеви и колку подлабоко и подетално се тераат тие скандали, подобро за рејтингот на партијата и лидерот.
Но, доколку се испостави дека Вице Заев е во право, тогаш бумерангот кон Мицкоски ќе е страотно девестибилен.
Се надевам дека Мицкоски пред да го објави ова добро проверил за што се работи, а го проверил и изворот (изворите) за да на се случи да биде навлечен со лажен цепелин.
Дудинка
МН
01.05.2015