Редовна колумна
КИРЕ МАЈМУНОТ
1. Петрит Сарачини живее во надеж: “Се надевам дека Америка ке најде начин најправилно да го адресира гушењето на медиумските слободи во Фергусон, и да ги реафирмира своите традиционани позиции по ова прашање“.
А што стана со “адресирањето“ при гушење на медиумските слободи на Вол Стрит? Ги “реафирмираа“ ли позициите? Што стана со “адресирањето“ околу лагите за Септември 11-ти, лагите на Колин Пауел во ООН за оружјето за масовно уништување од Ирак? Што стана со Украина, Сирија…? Со Викторија Нуланд која “не ја е.е“ Европа?
И прашање до мојот пријател Спец: “Традиционалните позиции“ е Макартизмот, на пример? Или затворската казна за Линдон Ла Руш? Или можеби, “само мртов индијанец е добар индијанец“ на генерал Кастер е “традиционана позиција“? За Виетнам, Ирак и Авганистан и да не говорам.
Јас исто така “се надевам“ дека сеуште постои надеж да ги реафирмирате своите сиви келии, кои толку многу ги споменувате.
2. Бургијашите ќе се одбургијаат ли заради нападите на Боки Бургија врз Зоран Заев? Роза, Љубица, Солза, Шипо, Еско, Бургија си тргнаа по свој пат. СДСМ одамна е на пат за неповрат. На челу колоне Кире “Дарвин“ Наумов.
3. Според дописникот на МТВ од САД Ирина Гелевска, позадината на немирите во Фергусон заради убиството на младиот црнец, не е расна нетрпеливост!!! Таа вели дека расизмот во Америка бил дефинитивно искоренет бидејки Е ПРОТИВЗАКОНСКИ. Пази мајката, како е искоренето?! Па противзаконски е и дилање дрога, проституција, перење пари, убивање… И тие ли се искоренети во САД?
4. Холандските грагани во писмото со извинување до Владимир Путин пишуваат: “За жал, вистина е дека медиумите во Холандија комплетно ја загубија независноста, и сега се само гласноговорници на моќта на Брисел и Вашингтон“. Ме интересира дали холандската амбасадорка Мариет, има нешто да каже за ова што го тврдат луѓето чии репрезент е? Сонародниците што и ја даваат платата. Ако не, па нека цитира нешто од Волтер, а?
5. Ако е тим, тоа се минимум тројца. Како за баскет. Ако има 5.000 тимови, тоа се 15.000 луѓе. Сите да си го понесат брачниот партнер или пријател, тоа значи дека на евентуален митинг лагано може да се соберат 30.000 СДСМ-овци. А, тоа никогаш не се случило.
СДСМ има околу 500-600 илјади луѓе што треба да ги наврти на своја страна. Тимови за посета на нивното гасачко тело, нели, не им требаат. Така да секој тим треба да посети 100 гласачи. Земајки предвид дека во секој дом има најмалку два гласачи, тоа значи дека секој тим треба да чукне на не повеќе од 30 до 50 врати. Ако секој состанок трае 1 час, а дневно може да се посетат 8 места, тоа значи дека за 5 до 6 дена тимовите на СДСМ ќе го покријат целиот простор во Македонија. Тимовите беа соопштени дека ке почнат со работа минатиот четврток. Сега е вторник, значи поминаа 5 дена. Тоа значи дека утре или задутре може да очекуваме соопштување на резултатите од 5-те илјади тима на Заев/Милчин стратегијата!
6. Фондација Метаморфозис сама на себе си доделува грантовите на ЕУ. На пример, 150 илјади евра за формирање на новинска агенција која треба да емитува само опозициски вести. Таа агенција требаше да почне со работа од јануари оваа година, но од тоа нема ништо иако парите добиени според повикот од амбасада на Холандија и актуелната амбасадорка се наменети за поддршка на медиуми во 2014 година. Годината е при крај, а агенцијата сеуште ја нема! Имаат распишано и оглас за новинари кој бил само формален, зашто се им било веќе поделено. Главен уредник ќе бил Зоран Андоновски (доскорешниот уредник на Дневник, а пред тоа на Н. Македонија), а во тимот ќе бидат Сашо Ордановски, Ерол Ризаов, Тамара Чаушидис (која во октомври ќе се повлече од Синдикатот), Зоран Бојаровски (член на црквата на Јован Вранишковски и негов промотор), Владимир Мирчевски и други опозициони новинари.
7. Советниците на СДСМ во општина Охрид не сакаат главниот градски кеј да се вика Македонија?! Тие сакаат да се вика Маршал Тито! Значи идиотите на Милчин не се само во општина Центар, град Скопје, Кавадарци… Еве ги и во Охрид.
Сум чул дека 41-ва неможело да се купи охридска цреша. Оти не родила. Не родила, оти дел од охригани ги собрале сите цветови од црешите за да ги фрлаат пред “освободителите на столицата“ дојдени од нацистичките Бугарија и Германија.
Македонија секогаш имала изроди и предавници. За жал. Порано тоа биле бугарофилите, еве ги сега титофилите.
8. И Кире Наумов, како и Ерол Ризаов, тврди дека не е божја творба. Ами е потомок на мајмун. Брејјј, ама се намножија овие бабуниве. Црвеногазци.
9. Бидејки и СДСМ и ВМРО и ДУИ и “елитата“ од МАНУ и стручњаците од НВО, како и колумнистите, тврдеа дека ЕДЕН Е ИЗБОРОТ, што правиме сега? Нели беше: или евроатланстките интеграции или пропаст. Е сега, ЕУ нема да проширува, ЕУ нема комесар а проширување, НАТО абер нема каде е – шо праиме? Од погоре наброениве паметњаковичи, ќе ни соопшти ли некој сега каде да кинисаме? Бидејки еден беше изборот, а еве сега тој избор го нема, значи избравем едно големо ништо. Не нема, не постоиме, мртви сме!!! Оти единствениот избор веќе го нема?! И, ако нема проширување, шо бара Орав сеуште во Македонија? Ајт дома.
10. Новата “стратегија“ на СДСМ да ти била: 1) На позиција меѓу нaродот, и 2) Со начулени уши да слушнат што народот ќе кажел.