НЕДЕЛКОВСКИ

НЕДЕЛКОВСКИ

Професори фолиранти

1. Кога некој со докторска титула, какво што е лицето Александар Костадиновски, за релевантни информации и “докази” ги зема Википедиа биографиите, тогаш јасно ми е за каков “доктор на науки” се работи, за каков “научен истражувач” се работи? Страшно е сознанието кој ги учи нашите деца!
Јас еве, една недела по питањцето до Кабранов, сега (01.08.2014) ќе го поставам истото питањце и до Костадиновски (само што се минати уште 7 дена “гладување”): Дали виделе во живо луѓе што не јадат 20 и повеќе денови? Значи, гладуваа или не? Ако гладуваа тоа значи дека ќе се видеа, за жал, лошите показатели. Ако кажуваа дека гладуваат, а не гладуваа, тогаш значи се фолираа. Оти ми е чудно да човеков гладува 21 ден, а стомакот му е како мојов?!
А за обидот на “научников” да биде и уредник на мојата емисија, мој одговор: Многумина се обиделе. Богаташи, политичари, криминалци – ама никому не сум дозволил да ми диктира гости и теми. Па таква ќе е и судбината на “докторот – уредник”, односно на овој штрајк фолирант.

2. Героски Бранко, згодниот и убав новинар, уредник, колумнист и проминентен ГЕМ-овец, се врати од одмор. Сега ќе биде револуционер до пред Божик. Тогаш ќе замине две недели на скијање, па после пак револуција до доаѓањето на годишните одмори. Плукнат Че Ге Вара.

3. Последната донација на САД за Македонија е вредна 65.000 долари. Педесетина илјади евра, нели. Последниот подарок од американците за Хрватска се 162 воени возила МРАП М-АТВ, 20 возила МРАП ХАГА и 30 возило МРАП МаксПро. Користени во Авганистан, но не постари од три години и со поминати само по 20.000 километри. “Донацијата” што Волерс ја даде на полицијата е со вредност помала од едно од овие возила (користено). Митко Буречевски и Пол Волерс не се сетија ли на ваков подарок? Нели ние имаме повеќе војска во Авганистан од поголемиот број членки на НАТО? Аххх, фолиранти, фолиранти…

4. Србија наместо милијарда евра помош од ЕУ и “западот”, доби милијарда и осумсто милиони евра, ама кредит. Ем поплавени, ем должни како Грчка. Значи, ако те опне природна непогода, потоа те опнуваат банкарите со кредити. Што значи, банкарите го владеат и насочуваат ХААРП за да можат да го дозадолжат народот на планетава.

5. Бранкојавленије се случи за Илинден. На сликата во прв план имаше шише Балантајн. Николајавленије се случи на Пелинце. Во прв план е тврдиот став за името, идентитетот, јазикот и историјата. Има разлика, нели?

6. Обама призна дека измачувале затвореници. Сега оние од Стокхолм, оние де што доделуваат Нобелова награда за мир, што ќе прават?

7. Во новата ТВ-сезона 2014/15 на моето шоу, како и пред секоја сезона, ќе бидат официјално поканети да гостуваат во посебни емисии и амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Франција, Русија… Тие, по правило се плашливи чиновници, па нема да дојдат. Ама искрено, многу ме интересира што би одговориле Волерс или Бејли во врска со мачењево на притвореници. Нели Волерс беше многу заинтересиран, и најави дека детално ќе го следи судењето за Монструм. Има ли некој Волерсов колега што го следел Гвантанамо или Абу Граиф?

8. Кога договарам гостување на гости, исклучителни интелектуалци, од странство, имам проблем да ја сфатам “слободата на движење”, демократијата, слободата на говор и мисла. “Вредностиве” нели, на западниот свет. За избрканиот доктор на науки, под притисок на САД амбасадорот во Швајцарија, веќе ви кажав. Сега, имам гостин што треба да дојде од арапска земја, но има “само” еден услов. Авионскиот лет да не е преку земја од ЕУ, оти се плаши дека ќе биде уапсен или киднапиран. Слично, гостин од Латинска Америка што треба да дојде, инаку добитник на Нобелова награда, инсистира летот да не му е преку аеродроми во САД, оти исто така смета дека ќе биде задржан или киднапиран. Јака слободава и демократијава. Јаки “вељус”!

9. Бидејќи за Илинден пееше Цеца Арканова, предлагам за 8-ми септември да настапи Азиз, односно Васил Трајанов Бојанов. Како еквидистанца за Цеца. Па како одговор на “Има један град, зове се Београд”, да ја слушнеме “М’жете с’што плачат”.

10. Ако било кој има било каква нејаснотија околу одвратната улога на САД во однос на нас како држава и народ, ја препорачувам книгата на Ристо Никовски “Улогата на САД во македонските голготи”. Второто, дополнето издание.