1. Мојот македонски народ, никогаш не му го доведувал во прашање идентитетот на Турчинот Ерол Ризаов. Напротив. Тоа може да се види и од Крушевскиот манифест и од документите на заседанијата на АСНОМ. Спротивно од турскиот народ на кој му припаѓа Ризаов што, на пример, сакал комплетно да го избрише идентитетот на ерменскиот народ пред 100 години, или на курдскиот во поновава историја. Така да Турчинот Ерол не може да го знае чувството на припадниците на народ кому посилниот се обидува да му го укине или измени идентитетот. Ерол Ризаов не е припадник на македонскиот народ. Нема потекло од Александар Македонски. Не ја носи во жилите крвта на Чакаларов, Јордан Пиперката, Веле Марков… Па така, кога се работи за нашиот идентитет нека си седи понастрана. Побезбедно е. Тој, за разлика од мене што сум убеден дека сме божји рожби, за себе смета дека е настанат од мајмун. Јас не му навлегувам во неговиот идентитетски проблем дали е настанат од шимпанзо, орангутан или бабун.
2. На секој слободоумен граѓанин на планетава, па така и на мене, кога германски канцелар (Ангела, Адолф, било кој…) ќе спомене проблем со нечиј идентитет, веднаш му се јавуваат асоцијации на Треблинка, Варшавското гето, Аушвиц, Дахау, Крагуевац, Ваташа, Јасеновац… Не беше така одамна кога светот ја виде формулата за решавање на идентитетот на “јуден”, “цигојнер” и слични. И тогаш еден германски канцелар имаше главоболки од идентитетот на одредени народи. Мене само ми се чини, или главоболката на Меркелица беспоговорно ја одобруваат разни еролризаовци, разни соросови портали и слични навивачи што сакаат македонскиот идентитет да го нема?!
3. Викторија Нуланд ги детерминира македонците како заедница. Меркел рече дека кога ќе се спомене нашиот идентитет добива главоболка. Јолевски ја ослови нашата (својата, ваљда!!!) татковина со “името” МОЈАТА ЗЕМЈА… А бе, да не спремате нешто, а на народов да не му кажувате, а?
Мислам, кога вака пред ТВ-камери и известувачи, во соседна земја, наш министер ја ословува Македонија како “мојата земја”, како ли ја ословувал во далечната Америка кога бил амбасадор? Далеку од очите на јавноста, низ кулоарите на Вашингтон?!
4. Ме интересира, на состанокот кај Иванов за примопредавање на РАЗГОВАРАЧКАТА позиција за разликите со името, како беше ословувана Македонија? Како “мојата земја”, или како “нашата земја”. Или како Република Македонија?
5. Ацо Кабранов разочаран од интелектуалците во Македонија, проба да ги мотивира соопштувајќи дека “трите професора” гладуваат 14 дена! Јас би пошол со основно контра питањце: Дали Кабранов видел некогаш некого што вистински не јадел 14 дена? Јас сум видел купишта луѓе што се фолираат дека гладуваат, а само на филм го имам видено Ганди. Во секој случај, во историјата нема пример на луѓе што гладуваат а не слабеат, онемоштуваат, колабираат…
6. Најмладиот доктор на науки во Швајцарија, на барање на амбасадорот на САД во Швајцарија бил набркан од универзитетот во земјата на ку-ку клокс, чоколадите и банките. Но, тој сигурен во себе и во своето знаење не се молел, не кукал, не стапил во штрајк со глад, туку основал/отворил свој приватен институт. Сега живее од пишување на книги што се преведуваат на дузина јазици, од гостување по емисии, од давање интервјуа… Секој настап го наплатува 4.000 евра. Па така да, те избркале или не, ако вредиш секогаш има начин да се работи и заработи. Штрајк со глад е непотребен. Особено лажно штрајкување.
Во сезоната 2014/15 Швајцарецот ќе биде гостин во Миленко Неделковски Шоу.
7. Кога шармантната (ваљда ова не е навреда) италијанска министерка за надворешни Могерини, во агендата за посета има состанок со нешармантна (ова сакам да е навреда) потпретседателка Шекеринска, одма се чувствува дека нешто одвратно смрди. Во Брисел, секако. Министерка на 60-милионска држава да се сретне со помошникот на Мистер Корнишон не е некој дипломатски дострел. Да се сретне со помошничка во партија која не е во Парламент и која 9 пати по ред губи на избори, е бламажа за Италија. Следниот пат, ако и “Бобоица” не е тука, нека се сретне со Струмениковска. Па Федерика и Наташа да поразговараат дали жените се делат по пол!!!
8. Јани Макрадули, онојга де што Заев и Шекеринска го напудија од раководството на СДСМ како докажан долгогодишен политички лузер, во колумна се пожали што ВМРО и државата со се неа, ете, работела и преку лето! Што општини, Влада, совети, судство, полиција, градежници работат, наместо да се излежаваат на Халкидики, како што е редот според СДСМ. Јани, БЦ, СДСМ си имаа(т) ред три месеци преку лето да си седат на наше море, а 30 дена преку зимо да скијаат. Е, сега, овие од власта 8 години по ред работат и преку лето. Се глупираат ли, што ли? Јани, иако народот му го скапа носот со изборна тупаница, се уште не разбира дека тоа што тој и неговите не работеа, го чини него пратенички мандат, градоначалничка фотеља… Па сега мора да се задоволи со колумна во неделник на изумирање.
9. Доколку власта го слуша народот, а би требало оти е бирана од тој народ, предлагам за “вапросот” околу заедничкото славење на нашите празници со Бугарите, да се направи референдум. Прашањето да биде едноставно: “Дали сакате да го славите Илинден заедно со Бугарите”. Одговорите би биле со ДА или НЕ. Јас резултатот од ваков народен референдум го знам, но на овој начин и официјално би им станал познат и на нашите и странските политичари и дипломати.
10. А, ако се чудите што врска има насловов со колумнава?! Ма нема врска, има “само” порака испеана од Нина Спирова, Виолета Томовска, Тоше, Влатко Стефановски, Тавитијан фемили, а бога ми и пишана од Стале Попов. И таа порака вели: “Ајде слушам, слушам, клето бе Турче, турски не разбирам. Турски не разбирам, клето бе Турче, вера не менувам”. Ова вера, слободно читајте го како идентитет.
Миленко НЕДЕЛКОВСКИ