Дури ако некој и не го интересира политика, дури и ако нема интерес премногу да се занимава со политика и политичари (според Лане Гутовиќ: “За да се биде политичар неопходен е целосен недостаток на било каков талент“), дури и ако егзистенционално е незасегнат – и таква индивидуа гледа дека група на локални имбецили предводена од американски дип-стејт фашист во целост ја разградува државата, го укинува идентиетот, го поништува народот.
Јасно е, дека не името, односно не само името, дека не територијата, не историјата – туку задачата е да се промени фактот за постоењето на еден цел народ. Македонскиот. Целата оваа работа е таков народ да не постои.
No body – no case.
ШМУКАРИ
Како, ние како народ, овој де народ што ќе го бришат, да се бориме?
На ФБ? Па, да. И на ФБ. Новите времиња носат нови алатки. Некогаш во “волшебното самарче“ се шверцувале бомби за да се изрази револтот преку борби и атентати, сега на ФБ се води борба и се бараат истомисленици, односно соборци, за опстанок на народот. На социјалните мрежи се мотивираат и демотивираат гласачите кои имаат само едно оружје – пенкалце.
Во доба на ГПС, интернет гаџетси, софистицирана воено-разузнавачка опрема “шумкарството“ како облик на борба однапред е осудено на пропаст. Ниту има каде да се скриеш, ниту како оружје да набавиш. Постои шиптасркото шумкарство на УЧК, ама тоа е во комплетна поврзаност со службите на САД и нивната логистика со контејнери со оружје и опрема, со информации, команден кадар, политичка поддршка. Тоа, всушност, не се “шумкари“, ами се “ШМУкари“.
Единствениот организационо, идеолошко и со човечки ресурски подготвена организација за да го одбрани народот Македонски е, и од секогаш била, “Организацијата“. Значи ВМРО.
Засега не постои друг силен, голем и организиран збир на Македонци способен да се одбрани себе и државата.
За жал, во овие неколку години таа органиазција е предмет на дебели уцени кои резултираат со огромни, нелогични и антидржавни попуштања, повлекувања и капитулации. Историјата некогаш ќе покаже за што, или за колку, раководителите на организацијата биле уценети. И, дали нивниот молк и неделување вределе? Дали вредело тоа за што се уценети да биде по битно од државата, народот, јазикот, иднината?!
Следниве 2 месеци ќе се дрматични но и исклучително битни за иднината на државата и на нас Македонците.
Една банда од кретени, будали, фрикови што се постираат голи, невладини активисти што се тепаат да станат владини чиновници, хомосексуалци, битанги, криминалци, рушветџии и багабонти успеа за нешто повеќе од 2 месеца да ја однесе државата у три лепе пичке материне. Успеаа да дадат, односно продадат се, по итна постапка: територија, јазик, историја, суверенитет… За жал, му се допаѓало тоа или не на “началството“, целиот галиматијас е извршен во координација со опозицијата. Дали тоа било доброволно или со присила – не е важно. Историјата ќе ги брои (со)учесниците.
ВМРО
Но, и покрај таквата улога што ја одигра, таа партија останува онаа која толку многу изгради, партијата која македончето го направи горд македонец, партија која донесе смалување на невработеност а зголемување на плати, пензии, субвенции… За жал по нејзиното раководство, потезите на сегашната позиција целиот тој труд го минимизира и сруши.
На пример, во V-VIP ложата за Супер купот не седеше најзаслужниот за стадионот, разубавеното Скопје, перфектниот аеродром – Никола Груевски, ами навијачот на Шкенидија, лицето Зоран Заев.
Двојазичноста со албанците, заедничката историја со бугарите, странска солдатеска пред Триумфална капија – се потези кои нас Македонците не преокупираат до ниво да ќе заборавиме на она што ВМРО ДПМНЕ изградило. Едноставно ќе сме загрижени и оптеретени само со својата проста егзистенција.
ИЗБОРИ
Пред нас се избори. Лолкални.
И СДСШ и ВМРО тврдат дека ќе победат, ама никој не кажува кој е резултатот по што ќе ја познаеме победата! Дали кој ќе го добие Скопје е победник. Или можеби ќе е победник оној што ќе има најмногу општини во Скопје. Победниците во Новаци, Чашка, Петровец, Илинден и Бутел се знаат уште од сега. Ама дали е тоа доволно за победа на ВМРО. Или се потребни и Прилеп, Кавадарци, Охрид, Штип, Велес, Гевгелија???
Странските амбасади и амбасадори на чело со нивнит лидер Џес Бејли, (кој во исто време е е Премиер, Претседател, шеф на опозиција, Собраниски спикер, судија и обвинител) направија се на нас како народ да ни ги релативизираат и збоктисаат изборите. Едноставно, ние гласаме, ама нашата изборна воља не се преточува во државната егзекутива. Значи, нашата воља е небитна. Ние сакаме Никола Груевски да е премиер, Бејли сака тоа да е Заев. И, неговата воља е посилна од нашата желба.
Џес Бејли и неговиот наследник ќе направат се‘ ние да не излеземе на избори. Малата излезност носи бенефит за омилената му партија на Џеси (Бенгази да ти се деси). Големата излезност, спротивно, нема да му дозволи да ги манипулира изборите низ општините.
Сепак, останува дилемата на граѓанството: “Зошто да излезам, кога било кој и да победи, тоа не значи и дека ќе владее (ќе ја управува) општината (државата)“?
Доколку ВМРО сака да победи на локални, во овие два месеци ќе има основна задача да го убеди членството а и неутралните што за нив гласаа, да излезат масовно. Но, доколку сакаат “27-мо априлско тргни-застани однесување“ и откажување од народот и од своите синови, тогаш ќе е инаква стратегијата.
СТРАТЕГИЈАТА
Кога сме кај стратегијата има две одделни работи што треба да се констатираат и јавно да се кажат. Нормално, најголемиот дел од “аналитичарите“ тоа го знаат, ама се плашливи и не го кажуваат.
Па ај, пак Батко Миленко:
Стратегија 1: Во ВМРО имаат констатирано дека за да се победи на било какви избори во Македонија потребни се три фактори: 1. Македонскиит народ; 2. Албански гласачи; и 3. Странска поддршка.
Сметаат дека од трите фактори, зад себе го имаат само првиот. И, сметат дека треба да направат се‘ да ги обезбедат и вториот и третиот фактор. Па така, парламентарци од партијата велат дека зборуваат албански јазик и сл. Според мене ова е погрешна тактика, бидејки 2-от и 3-от фактор не се добиваат со умилкување кон нив, бидејки тие не се самостојни во одлуките што ги донесуваат, туку само ги извршуваат наредбите.
Опасноста од оваа стратегија на ВМРО е што обидувајки се да се придобијат вториот и третиот фактор, многу лесно може да се загуби првиот, односно НАЈБИТНИОТ фактор – Македонскиот народ.
Стратегија 2: Без разлика на напорите што ги правеа и конекциите што ги имаа неколкумината високи членови на партијата задолжени за “меѓународните односи“, Брисел и Вашингтон опстојуваат на својот план и идеа да не дозволат Никола Груевски било кога пак да биде Премиер. Може само да замислам со што Груевски ја “заслужил“ оваа казна. Казна која не го погодува толку многу него, колку што го погодува Македонскиот народ. Бидејки странците нема да дозволат враќање на Никола Груевски, тоа јасно говори колку слободна, суверена и независна држава сме.
Значи пораката од Брисел и Вашингтон е: Со Груевски ВМРО никогаш нема да се врати на власт (ова го знаат сите, ама никој не го пишува).
Но, таа наредба на газдите од Брисел и Вашингтон не кореспондира со довербата што политичарите во Македонија ја имаат на теренот. Имено, ВМРО без Никола Груевски ќе е се‘, само не политички фактор во Македонија.
Да поедноставам: Со Груевски нема власт, без Груевски нема партија.
Змија или магаре, работава.
ШТО ДА СЕ ПРАВИ?
Единствениот лек и одбрана од се‘ е народот. Како што гледмае денска и вчера, народот во Шарлотсвил во САД или Вулверхемптон во Англија сам си презема иницијатива.
Нашата иницијатива не мора да е вака насилна, бидејки ние сме под странска окупаторска чизма.
Но, на избори, пенкалото во рака и кажување НЕ на бегалски кампови во Битола, Мариово, Повардарието. Кажување НЕ на двојазичност. Кажување НЕ на бришење на нашата меморија дека бугарските фашисти ги обезглавувале и линчувале најсветлите имиња на нашата милениумска борба.
Тоа, реални да сме, значи гласање во корист на ВМРО ДПМНЕ. Гласање против СДСШ и Џес Бејли.
Миленко Неделковски (свесен дека ќе се манипулира со колумнава)
Скопје 13-ти август 2017
07.56