Текстов е историско четиво кое е наменето само оние што го паметат земјотресот 1963. На оние што не го паметат, ова им е историска читанка.
Значи на времето постоеше, и долго време се применувше, една крилатица која кажуваше дека Душан Максимовиќ во Љубљана 1976-та рекол “Играмо док Партизан не победи“!
Имено “Мајстори с мора”, тогашните актуелни шампиони од предходната сезоната се бореа со белградскиот Партизан за да го одбранат трофејот и во 1976-та. Во директен судир, на 9 мај 1976 година, Хајдук го демолираше “црно-белите” со неверојатни 6: 1 во среде Белград на стадионот на ЈНА.
Но, сепак, Партизан на крајот ја освои својата седма титула, прва по 11 години, во услови кои се за едни драматични, а за други контроверзни …
“Црно белците” во последното коло ја победија Олимпија во Љубљана а зависеа од резултатите на директните ривали.
Дотогашните резултати одеа во корист на Хајдук, бидејки би ја осоиле новата шампионска титула, без оглед на исходот од натпреварот под Бежиград, ако го тепаат ОФК Белград на Карабурмам, затоа што имаа подобра гол разлика.
Текот на двете утакмици беше драматичен. “Романтичарите” водеа против Хајдук во Белград. “Били” изедначија со голот на центархалфот Лука Перузивиќ, но не победија. Остана 1: 1. Инаку при 0:0 сараевскиот судија Хамид Ихтијаревиќ му поништи чист гол на центархалфот Шиме Лукетин.
Во Љубљана цело време беше 0:0. Натпреварот го судеше Душан Максимовиќ – Макса од Нови Сад, адвокат, поранешен фудбалер во клубови од пониските лиги во Нови Сад, кој на 20 годиншна возраст го положи испитот за фудбалски судија. Меѓуароден судија станува на 33 години , а на 39 е судија на Светското првенство во Аргентина .
На 11 јули 1976 година, тој ќе стане најомразената личност во Далмација.
Порано продолжувањата на утакмиците не беа вообичаена пракса. Се играше 90 и толку. Само во исклучителни случаи се продолжуваше минута – две. Во 90-тата минута во Љубљана, судијата Максимовиќ одлучи да го продолжи натпреварот. Помина и втората и третата минута од екстра времето, но неговото свирче остана немо. Сите на стадионот под Бежиград во Љубљана го знаеа резултатот од Белград (1:1) каде натпреварот веќе неколку минути беше завршен. Имаше радио преноси во Неделно спортско попладне од сите утакмици низ цела Југославија. Партизан со еден гол стануваше шампион по 11 години пауза.
Тоа и се случи во 90-тата-и-не-знам-која минута.
Имаше несогласувања во извештаите во врска со времетраењето на натпреварот. Според некои, најдобриот стрелец на шампионатот Ненад Бјековиќ го постигнал голот во 93 минута, додека главно хрватскиот печат тврдеше дека мечот Максимовиќ го продолжил помеѓу 6 и 9 минути.
Во моментот кога топката влезе во мрежа на голманот на Олимпија Љубиша Далановиќ, навивачите на Партизан влегоа во терен да слават.
Партизан стана шампион.
Заради ова Душан Максимовиќ стана персона нон грата во Далмација, а за овие махинации мораше да расправа и посредува и ЦК (Централниот комитет) на СКЈ (Сојузот на Комунистите на Југославија).
Екипата што ја водеше Томислав Ивиќ, еден од најтрофејните Ју тренери, ги имаше следните фудбалери: Иван Каталиниќ (голман), Лука Перузовиќ, Шиме Лукетин, Жељко Мијач, Вилсон Џони, Ведран Рожиќ, Јурица Јерковиќ, Бориша Џорџевиќ, Славиша Жунгул, Иван Буљан, Ивица Шурјак, Дражен Мужиниќ, Марио Бољат и нашиот Ванчо Балевски – Змија. (Напомена: Голем постер од овој тим можете да видите во ресторанот Хајдук на Ингилиз во Велес).
За Партизан титулата ја донесо нашиот Благоја Истатов и неговиот колега Радмило Иванчевиќ, потоа Момчило Вукотиќ, Ненад Бјековиќ, Решад Куновац, Илија Завишиќ, Рефик Козиќ, Иван Голац, Павле Грубишиќ, Свемир Џорџиќ, Радомир Антиќ, Џевад Прекази. Тимот го водеше Томислав Калоперовиќ.
Поука од авторот:
Како што тогаш Максимовиќ белеше: ИГРАМО ДОК ПАРТИЗАН НЕ ПОБЕДИ.
Така сега Џес Бејли вели: ОДЛОЖУВАМЕ СОБРАНИСКИ СЕДНИЦИ СЕ ДОДЕКА ЗАЕВ НЕ СПАСТРИ 2/3.
ПС
На светското во Аргентина, Максимовиќ не судеше ниту една утакмица, ниту пак беше помошен.
Белградските медиуми за време на целото првенство имаа бомбастични наслови да че “Макса прекосутра судити“, ама тоа полека спласна, па почнаа да лицитираат дека ќе биде помошен. Демек “маха че“. Ќе мафтал, де, како помошен.
Крајно загребски Спортски новости на насловна излезе со карикатура каде се гледа публика на трибините, меѓу нив Максимивич како мавта со раката, а насловот беше МАКСИМОВИЧ МАШЕ.
Миленко Неделковски
10.01.19 – Скопје