НА НОЖОТ, НА ИЛИНДЕН…

Браќата од патриотските здруженија ми пишаа дека оваа година на НОЖОТ бил собиранка со огромна енегрија, набој, чуства…, дека тоа некни ретко се гледа. Толкав изблик на патриотизам и љубов кон татковината. Секоја чест за прилепчани и велешани, но и за сите други што биле таму.

За жал, лани бев, но годинава не успеав, бидејки сум во странство.

Избликот на енергија е пред се заради настаните на 27-ми и оставањето на цедило на браќата што се затворени и прогонувани. Но и заради калкулантскиот однос на власта и опозицијат кон бугарските и грчките барања и послушноста кон директивите на Бејли.

Сега баш проверував, никаде во програмите за последните избори на СДСМ и ДПМНЕ нема точка која кажува дека ќе се договора, преговара и испорача договор за “добрососедство“ (читај: за бугаризација на Македонија) со Бугарија. Ни тајни, ни јавни, ни било какви седници нема во партиските програми. Значи, политичарите не‘ лажеле.

Посакувам оваа енергија да кулминира на 2-ри август во Крушево.

Дека народот ќе експлодира знае и Македонскиот Претседател и Премиер и лидер на позицијата и опозицијата Џес Бејли, па организирал на 26-ти јули во Македнија, као на вежба, да се истварат 700 американски специјалци. Па да седат до 8-ми август.

Всушност, тука ќе се да ги штитат Борисов и Заев од разгневениот народ.

НЕМА ПОДОБРА СИТУАЦИЈА ЗА МЕЊАЊЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ ОД УЦЕНЕТА ПОЗИЦИЈА И УЦЕНЕТА ОПОЗИЦИЈА. Бејли успеа да ги собере во една кошничка.

Само му остана проблем со народот.

18/07/2017

16.50