НАУНОВСКИ

Заради супериорната позиција и црвените линии, предлогот ерга омнес на Нимиц и Грците ќе биде толку лош што „чадорот“ нема да дозволи ниту референдум да има, веројатно ќе го сменат името и идентитетот со 61 глас во собрание. Не сум сигурен дека во новото име за севкупна употреба воопшто ќе го има зборот Македонија. И лични карти и пасоши и сите документи ќе мора да ги смениме, во преоден рок од неколку години. Во графата националност ќе пишува граѓани на (централно-балканска република нова Македонија, веројатно), и никаде во официјални меѓународно-правни документи нема да има повеќе Македонски народ. Во меѓувреме, со двојазичноста и формално ќе станеме бинационална држава, со засилени тенденции на понатамошна деструкција на територијалниот простор каде ќе владеат законите и правниот систем неопходни за колку-толку нормален живот. Проклето е ова парче земја, овие злобни луѓе, себични, глупави, без чувство и самосвест за национален-историски идентитет. И од срам за стотиците илјади вистински Македонци што загинаа за идеалот Македонска држава на Македонскиот народ, просто се повеќе мислам да си одам одовде, да живеам некаде на фјордовите во Норвешка, или на бреговите во Ирска, да работам како рибар на брод, да живеам во дрвена колиба покрај море, и да го колнам господ зошто сето ова ни го направи, на нас, денешната генерација Македонци.

Какви честитки и желби за среќна нова година бе, тие лажги се за деца, оваа ќе биде и полоша од минатата.