Народ што ќути, спрема!

Народ што ќути, спрема!

Гледајки ги сликите од вчерашниот Корона собир на СДС, повторно ми се наметнува прашањето околу очајната кадровска политика на нивните опоненти – ВМРО ДПМНЕ.

Таму имаше повеќе бивши кадри и коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ  отколку СДСовци.

Image may contain: 6 people, suit and indoor

Ако на сестрата, бугарот, керамидата им се додадат Павле Трајанов, партијата на Лиле зелената, Панчо Минов, Чедо Саздовски, Амди, Бунтур, Ване Цветанов, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмаилова, Зекир Рамчиловиќ, Елизабета Камчевска Милевска, Самоил Манчевски, Сашо Мијалков – излегува список толку долг што јасно ја кажува кадровската недокваканост на ВМРО кадровиците и во време на Љупчо бугарот и во време на Никола побегуљата.

Не е дека нема превртачи и во обратен смер од типот на Стоиљковиќ, Стевче Јакимовски или најново со докажаните комуњари Геровски, Златев и Свињевац – но, таа бројка е занемарлива во однос на вмро-превртачите.

Во следниве 48 часа треба да излезат носителите и изборните листи на ВМРО ДПМНЕ.

Во сегашниов партиски естаблишмен секако има подоста кадри кои му се антипатични на народот, влечат николагруевстички синдром, немаат друга профсија освен политика, од првото вработување до овој момент се на државна цицка, ништо не сториле за своите бирачи, не ги послушаа своите сонародници за одлуката од референдумот 2018-та – односно, единствен успех во Парламентот им е што се оженија и завршија факултет (каков-таков).

Листите на ВМР ДПМНЕ што треба да излезат се најнапред листи кои треба да обзебедат пораз на Заев и замнување на целата криминална структура од сегашната неуставна влада во затвор, и исто толку важно тоа  листа која ќе биде направена е листа на  Христијан Мицкоски. Тоа, како лидер на партија е негово право и обврска, меѓутоа пред се та е негова одговорност.

Неговата одговорност се состои во тоа, да покрај одобрувачки тонови за таа листа од  меѓународната заедница (на што толку многу инсистираат (СДС, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, БЕСА…), уште поважно да изнајде кадри за кои народот би сакал да гласа.

Народот, односно гласачите, ќе го казнат Зоран Заев. Останува прашањето дали ќе го наградат Христијан Мицкоски?!

На времето, пред 30-40 години, кога интензивно игравме бриџ (реми си 14 карти, она со 10 се викаше глат), оној што во себе имаше добра карта па се спремаше да “хантира“, замолчуваше. Му требаше концентрација. И, од тогаш важеше поговорката “Дете шо ќути, праи“.

Е народот Македонски сега ќути, си молчи – ама тогаш е најопасен. Или што би рекол Никола  Пашиќ, додека народот се буни, се е во ред. Кога ќе почне да молчи, тогаш е опасен.

Народот молчи и за еден месец ќе каже што мисли за листите на ВМРО ДПМНЕ. И, да си знаете, народот секогаш правилно оценува, народот е секогаш во право. Никогаш не греши. Гледајте, како пример, како минатиот петок поминаа оние што сакаа лажно да се представат дека се народ.

 

Миленко Неделковски

Евро-Азијски континент

10.03.2020      11.33 часот е во Астана