Гледањето како пред наши очи ни ја расклопуваат државата, созанието дека за оние за кои сме гасале ја одобруваат таа оперција на дезинтеграција на Македонија, вистината дека оние што сакаат да се национални лидери се всушност само странски слуги – прави овој 2-ри август да е втор најтежок, најдраматичен, најтрауматичен во историјата на Македонецот. Првиот е оној на 2-ри август 1903-та. Вториов е овој утре.
Но, таа траума, тој пораз, не е крај. Напротив. Нашата денешна “победа“ е во тоа што конечно расчистиве кој не треба да ни е лидери. Кои луѓе не смеат да ја водат државата.
Како што би рекол Хеленио Херера, творецот на “катанаџо“, ние многупати сме биле поразени, ама никогаш победени.
Мртвите се бројат на крајот од војната, не на крајот од битките.
Утрешниот ден е крај на политичките кариери на актуелните политички лидери од сите политички опции. И крај на политичките и професионалните кариери на политичарите во легислативата, егзекуивата и судството.
Оние сега назначени, тазенаименувани функционерчиња (а и оние пред нив) треба да знаат дека полтронството, евет-ефедиството, подаништвото – не се квалитети што народот ги сака, цени и вреднува на избори.
Народот се освести дека со случувањата во последните три години (а и подолго) ја загуби можноста да добие национален лидер и државник-водач од овие што се сега на јавната политичка сцена. Тие се завршена прикаска, само што уште никој не им јавил.
Но народот, секој народ на светот, може и ќе си најде свој лидер. Бидејки, како што вели Че Ге Вара, а и нашите вистински историски ВМРО-вци, “јас не сум ослободител, народот сам се ослободува“. И сам си наоѓа лидер.
Спротивно, истрошените и избламирани лидери НИКОГШ и никаде во светот не можат да си најдат народ.
Следните локални избри ќе го покажат тоа.
Народот оваа нанесена денешна второавгустовска болка ќе ја казни. Брутално.