Кога едно интервју, според атрактивноста на интервјуираниот – Мега интервју, нема автор, односно не се знае кој го правел интервјуто – веднаш станува јасно дека е тоа обид за манипулирање на јавноста. А кога ќе се прочита текстот, односно интервјуто, се станува јасно.
Интервјуто на Сашо Мијалков, низ Скопје со години познат како Сашо Шиптар, за порталот Плусинфо е наменски текст со самопобарани прашања – текст пишуван од новинари, никако од Мијалков.
Анализирајки го вокабуларот, ставовите, поставувањето на сентенците, пристапот, писменоста, станува јасно дека е ова еден комбиниран текст пишуван од Катерина Блажевска и Сашо Орданпски. Да, да… Оние исти новинари кои по преземањето на претседателската палка во ВМРО ДПМНЕ од страна на Мицкоски побрза да дојдат на кафе а потоа и на ручек со наследникот на Груевски.
Па така по 8-мината предавници, се појави Мите Лимунада, потоа “Бемка“ Поповски да исползи од дебелата ладовина во која беше три години, на тоа да се надоврзе некрунисаната снаа на Сашо Мијалков, плавушата (со црн корен) Даниела Рангелова – па некако природно дојде крајно да “закуца“ Сашо “Шиптар“, оти реално он стои зад сето ова. Односно својата слобода и негонење ја отплатува со рушење на партијата која толку многу му даде.
Сашо ни приближно не е толку елоквентен, како што изгледа во “интервјуто“. Ако се сомневате во ова што го велам запрашајте зе зошто тој НИКОГАШ не гостувал на телевизија, во дебата или на интервју? Едноставно, неговиот уличарско-џандарски речник не е речникот од ова писание в интервјуто.
Двата наслови на ова интервју “Мијалков за Мицкоски: Се плашам дека тој става стаклено ѕсвоно околу себе и ја игнорира јавноста“ (Фокус)…
Како и “Мијалков: На ВМРО ДПМНЕ му треба ново раководство“ (Плусинфо), го потврдуваат моето тврдење дека текстов (и прашањата и одговорите) е сроечен и напишан од двоецот Блажевска/Ордановски.
Бидејки, многумина имаат право да обвинат за “стаклено ѕвоно“, ама Мијалков нема ниту морално ниту политичко право, оти во негово време стаклото околу тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ беше од оние најнепробојните.
Исто така, “ново раководство“ може да бараат многумина, ама никако “ново“ не можат да бараат старите кадри предводени од Сашо Шиптар: Нино Смрт, Мите Лимунада, Ивица Комшија, Бришковска, 8-темината изроди, старата мома Рангелова… Да имало наслов “На ВМРО ДПМНЕ му треба старто раководство“, тоа адекватно би ја одразувало ситуацијата и амбицијата на расколниците од групата на Сашо. Вака, старите да бараат нови, односно себе да се премисакируваат во нови е навреда на интелигенцијата на просечниот Македонец.
Да цитирам еден пријател: “Ваквото идејно-политичко и акционо единство на разните фракции на некогашната републичка УДБа заедно со трудните (Блажевска) новинари, не е одамна видено“.
Миленко Неделковски
Скопје, 13.33 часот
22 јули 2020