МТВ 6-та

МТВ 6-та

Македонската Телевизија е комплетен исклучок од вообичаениот тренд на Балканот, но и во светот.
Во сите Екс Југословенски републики, јавниот информативен сервис е најгледаниот ТВ канал. Така е во Хрватска, Србија, Словенија, Босна, Црна Гора. Секаде, само не во Македонија.
Во Македонија Јавниот срвис е по гледаност зад Канал 5, зад Сител, зад Алсат, Алфа и 24 Вести. МТВ е спред гледаноста барабар со Телма. Таква катастрофа во медиумскиот простор е незабележена во светски рамки. Во ситуација да имаш Лига на Шампиони, Светско првенств во фудбал, Џемс Бонд филови, Единасетмината на Оушн филмови, Танц со звездите и слично, а да си 6-ти во малава Македонија е работа за самоубиство.
Телевизијата со стариот директор Суперишка на кого сите му се потсмеваа и со старите водители на вестите, беше погледана од оваа сега.
Тоа што некој бил долгогодишен гледач на ТВ, по автоамтизам не го прави да е квалификуван за новинар, уредник, директор…
Исто е и кога седењето во гаража не те прави автомобил.