МПЦ-ОА И „НОВИНАРСКАТА СЛОБОДА“

МПЦ-ОА
МПЦ-ОА
Ете и тоа се` случи. Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија,согласно својот црковен устав, повикува еден „познавач“, демек на црковните состојби, кој воедно се претставува и како новинар, пред својот црковен суд. Во вистински момент и потполно залужено!
Имено, сите сме свесни дека урденикот на порталот Религија.мк, веќе неколку години наназад, го малтретира и лаже Македонскиот народ и верниците на МПЦ-ОА, агитирајќи и пропагирајќи дека за нејзината автокефалност, исклучива  надлежност има црквата и Вартоломеј од Фанар.Тоа пак е условено со промена и бришење на називот Македонска/и/о и именување како нова Црква на Охрид (Ἐκκλησίας τό “Ἀχρίδος”), отстапување на македонското раселување (дијаспора) во светот, а богами и домашните епархии на Фанар и сведување на митрополија.Ова е изрично потенцирано во Комуникето на ЦП од мај 2022 и необјавениот дел и/или дополнувања од јуни 2023 г.,за кои во повеќе наврати е пишувано на овој ѕид.
Имено лицето М. Николовски во правно-канонската работа на САС на МПЦ-ОА,  покането е да се појави на ден 29.01.2024 г. нејзината во канцеларија, заради изразување на омраза, во форма на говор на омраза,предизвикување на омраза кај верниците и доведување на оштетените членови на САС во општа опасност и загрозување на нивната безбедност.
Преку „неговиот“ портал веднаш се огласи и обвинетото лице, набедувајќи ја МПЦ-ОА дека врши притисок врз интернет порталот и врз него  како главен уредник применувајќи „инквизиторски“ методи. Постапка како што вели, била поведена за негово „исклучување од црквата, јавно сатанизирање, за да подоцна секое влегување во црква со цел да запалел свеќа, му биде забранет секаков влез“.
Тој смета дека пишува објективно за состојбите во верските заедници и посебно „интензивно за состојбата во која се наоѓа МПЦ-ОА во православниот свет и патот што двајца владици го трасираат, а кој води кон заробеништво на МПЦ-ОА во рускиот свет“, па таа била причината, тој и порталот да се замолчат.
Но ако е така како што твди и ако е православен верник како што се претставува (влегувал во црква и палел свеќи), која е причината да „не му паѓа на памет да оди по црковно-судски постапки како новинар“, односно да не се одазва  на поканата на Архиепископскиот-црковен суд, а црковниот обвинител да донел пресуда без него.
Но наспроти се`, претставувајќи се` како жртвено јагне, тој продолжува со инсинуации, лаги и клевети, кога вели дека „претседателот на државата, министерката за одбрана, безбедносните експерти, странските амбасади, предупредуваат дека дел од високиот клир на МПЦ-ОА работи за руските државно-црковни безбедносни служби“.
Ова се рекла-казала и антимакедонски памфлети, со цел да се замолчат сите чесни и достојни архиереи, свештеници во МПЦ-ОА и Македонскиот верен народ. Ако од највисокиот државен врв имаат такви сознанија, зошто тогаш не се поведени соодветни постапки. Гледаме само непримерен прогон на руски дипломати, а на штета на Македонија.
Исто така, од незнаење или со намера, денунцијантски шири дезинформации дека МПЦ-ОА била на „патот до полноправна автокефалност“, а ниту една црква не ја сметала за шизматичка и можела да сослужува со сите цркви во светот, а тоа било  така благодарение на државата и нејзината заштита, на што предупредувала Религија.мк., а на некои тоа не им се допаѓало.
Да се потсетиме.
На Третиот црковно-народен собор свикан и одржан во 1967 година, во црквата Св. Климент Охридски во Охрид, под чиноначалство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Доситеј и присуство на мирјаните – свештенството и бројниот верниот народ, донесена е Одлука за прогласување на Автокефална Македонска Православна Црква, обновителка на древната и славна Охридската Архиепископија.
Во мај 2022 г, како афткефална црква и под нашето црковно-уставно име: Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија ја прифати/призна,прво Српската Православна Црква,а потоа и Руската Православна Црква. Останатите ППЦ ја прифатија нашата автокефалност, но секој според свое наоѓање за името, најмногу заради противењето на грко-православните цркви на чело со црквата на Вартоломеј.
1.Значи МПЦ-ОА, со преемство од апостол Павле и како обновителка на Преспанско-Охридската Патријаршија/Архиепископија, неканонски укината по набедување на злосторниците од Фанар во 1767 г., е со обновена и полна автокефалност и е` управувана од СВОЈА ГЛАВА, почнувајќи со г.г. Доситеј веќе 57 години, а Македонскиот верен народ живеел пол црковен живот и е во единство со Господ Исус Христос – тело и крв Негова, полни 2000 години. Но во инкриминираното гласило на „објективниот“ новинар, нема ни збор за оваа Афтокефалност, а тој молчи како риба.  Оттука, неверна е` и дури смешна констатицијата, дека МПЦ-ОА и верниците биле „шизматици“, само заради политичките и заграбувачки интереси на поединци и групи од личен интерес.На нас Македонскиот народ, мислењето на Вартоломерј од Фанар, кој психопатски болно настојува да биде глава на Црквата и го славиме како божество наместо Воскреснатиот Исус Христос, значи до неговото мислење  ни` е колку до последната дупка од свиралото.
2. По прифајќањето, почна и сослужувањето на свештенството на МПЦ-ОА, со свештенството на другите ППЦ, меѓу кои и на РПЦ. Значи еден вообичаен и нормален чин на заедничко богослужење помеѓу свештеници на МПЦ и РПЦ, со кој се остварува полнотата на Светата Христова Црква, чија Глава е` самиот Господ Исус Христос. И тој црковен чин,  кој и на  Господ Исус Христос му причинува радост, антихристовите сили го окфалификуваа како „заробеништво на МПЦ-ОА во рускиот свет“ и дека дел од „високиот клир на МПЦ-ОА работи за руските државно-црковни безбедносни служби“.
Како црковен „познавач“,иследувач и аналитичар, обвинетиот треба да ги знае, или се подразбира дека ги знае овие непобитни и други факти и докази за историјатот на МПЦ-ОА, на кој се повикуваат и поглаварот и архиереите  на МПЦ-ОА (освен уфрлените доушници).
Тоагаш за какво „замолчување на слободата на изразување“, зборува овој „познавач“, кога секој изречен збор му е антимакедонски и против МПЦ-ОА и веќе не крие дека е за промена на нејзиното име. Според него ние треба да бараме нешто што веќе го имаме и го живееме два милениуми,само заради неговите болни амбиции.
Значи плачејќи и кукајќи, како „бебе невинашче“, тој ги повикува Здружението на новинари на Македонија, Меѓународната федерација на Новинари, Советот за етика во Медиумите, АВМУ, невладините организиации за медиими за поддршка на „неговот новинарско право да пишува и да ја критикува црквата во сите нејзини аномални состојби“, а ќе ги известел МВР, странските дипломати, пред се Амбасадата на Соединетите американски држави во Македонија, Европската Унија, ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет, Фондацијата Конрад Аденауер, како и сите помесни православни цркви (читај Вартоломеј) за начинот на кој МПЦ-ОА се однесува кон правото на слобода на изразување.
Веќе се јавија од ЗНМ, кои „изразуваат поддршка за напорите на нивиот колега „во критичкото известување за религиозни прашања во полза на јавниот интерес“. Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, постапката ја толкуваат како непримерна, недостојна и опасни обиди на МПЦ-ОА, да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со обвинетиот.
Ние пак Македонскиот народ и верниците, ги прашуваме  и им` порачуваме: Знаат ли они што е јавен интерес, што е слобода? Црквата да си ја викаме како што ние сакаме и како што е запишана во судот: Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, или како што некој друг сака и од позиција на сила ни` наредува: нова Црква на Охрид.
Дали секојдневното нарекување на МПЦ-ОА и Македонскиот верен народ за шизматички,расколнички и еретички, без никаква канонска и догматска основа, факти и аргументи, со омаложување на г.г. Доситеј, неговите наследници и плејада генерации, со што длабоко ги навредувате чувствата на верниците  е примерно и достојно,а слобода на мислата и говорот е да настапувате со лаги, навреди и клевети,само за остварување на некои лични и себични амбиции?
Господа, пред да се впуштите во нешто што очигледно ви е туѓо и непознато, потребно е добро да размислите и да го проучите.
За почеток, во духот на слободата, демократијата и бројните резолуции и конвенции за човекови права и слободи, добро е да пишувате за тоа дека секој има право да се нарекува како сака и под никакви услови, закани и уцени, тоа право не може да биде одземено.
#Пишува Ристо БАЧЕВ