Мојата Македонија

Мојата Македонија

Многу ми пречи животното мото на скороевичите кое гласи “Се‘ почнува и завршува со мене“. Демек, се‘ некои Исуси од кои почнува да се мери времето.

За нивна жал, мора да соопштам дека светов, веков, а и Македонија, постоеле и пред нив, а ќе постојат и по нив.

Па така, решив зимово преку Дудинка и мојот Фејсбук, со слики а не со млатење празна слама, да покажам дека Маекдонија, Македонецот, Скопје, скопјанецот постоеле и пред Ленинова да стане Аминта, односно ЈНА да стане Свети Климент и слично.

Затоа почнувам со некоја година малку пред 1980-та, и со 5-годишнина на генерација од гимназијата ЈБТито.

Тоа е прочуена генерација со прочуени ликови.

Некои сигурно знаете, а оние што не сум ги препознл и обележил (мина многу време, бе!), молам да ми извинат и ако не им е тешко да се допишат себе си или колегите и колешките што ќе ги препознаат:

Значи:

  1. Јане Софревски
  2. Митко Хаџи-Пулевски
  3. Славчо Стојменски
  4. Мартин
  5. Љупчо Николовски – Баалкан, Подоцна попознат како Фуфо
  6. Боби Трпковски – Тасо
  7. Владимир Здравсковски – Пајо
  8. Софија (мислам) Пановска
  9. Миленко Неделковски
  10. Ѓока Витанов
  11. Мите Маткалиев
  12. Горан Петковски – Пеле
  13. Коле Докторот
  14. Атанас мангрски – Манге
  15. Нино Груев
  16. Љубомир Данаилов, подоцн преименуван во Фрчкоски
  17. Катерина Цаневска Арсовска
  18. Томче Социологија
  19. Спиро Тантуровски – Тантур
  20. Мишка Математика
  21. Софче
  22. Јовица Давидовиќ
  23. Сека
  24. Биба
  25. Кети Лешкова

Главно, 85% комуњарска генерација. Сопругата на Ѓунер е тука. Покојната сопруга и сегашната партнерка на обвинителот Јовески се тука. Мислам дека само ја, Нино, Тасо и уште неколкумина не бевме комуњари и југословени.

Миленко

19.01.20