Моментаната ситуација во Собранието на Република Македонија

Моментаната ситуација во Собранието на Република Македонија

Откако бродот на ВМРО ДПМНЕ удри во санатата лед што “капетанот“ и “офицерите“ до него не ја видоа, откако бродот за кој се мислеше дека е непотоплив почна да пушта на сите страни бушен како “швицарски сир“ – глувците почнаа да го напуштаа бродот.

Коалицијата со ВМРО ДПМНЕ ја напуштија:

  1. Чедо Саздовски – ГДОМ
  2. Панчо Минов – ГДОМ
  3. Амди Бајрам – ПЦЕР
  4. Јусуф Хасани – Демократска партија на турците.

 

Коалицијата остана и без својот нај патриотски дел, бидејки луѓето се пратени на робија:

5.  Крсто Мукоски  – ВМРО ДПМНЕ

6. Љубен Арнаудов  – ВМРО ДПМНЕ

7. Жаклина Пешевска   – ВМРО ДПМНЕ

8. Сашо Василевски   – ВМРО ДПМНЕ

Домашен притвор:

9. Јохан Тарчуловски   – ВМРО ДПМНЕ

10. Љупчо Димовски – СПМ

 

Тоа значи дека ВМРО ДПМНЕ со преостантиот дел од коалицијата во овој момент располага со 41 пратеник, но не се сите сигурни дека ќе останат на таа бројка. Денеска очебијно беше НЕприсуството на поранешните перјаници на Партијата Вељановски, Димовски и Милошоски.

Со 41 пратеник, два се можни правци за ВМРО ДПМНЕ. Тема која е веќе напишана на овој портал: https://www.dudinka.org/%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D1%87%D0%B5%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BB/

Засега, од “прегратката“ на Мицковски нема ништо. Барем не во структурата на интелектуалци, паблик опиниан мејкери, активисти кои се на патриотска и националистичка страна.

Тоа не се луѓе што се гледаат во “современа десница“, оти таква кованица не постои. Десницата по дифолт е конзервативана, ретроградна, традиционалистичка… Што значи, не може да е модерна.

Во секој случај, ситуацијата по државата, нацијата, јазикот, а со само тоа и по граѓаните и по ВМРО ДПМНЕ е крајно алармантна.

Таква ситуација бара собирање на сите сили на едно место без инаетење, без суети, без лигавење.