Ги молам сите поддржувачи на Христијан Мицковски кои се во контакт со мене телефонски, на ФБ, на Вибер (Сигнал, Телеграм…), во живо на кафе (чесни и искрени луѓе, вмровци) – да го замолат да закочи. Оти испопада у кривину.
Јас, навистина, не сум во бизнис со простување, заташкување, бутање под черга и сл.
Најмалку од се сум во бизнис на покривање на глупи изјави и бесмислени настапи на оној што као треба да води маса за соборување на Заев.
Денешнава изјава за владата на СДСМ: “Ова е криминална и најнеспособна во историјата на независна Македонија“ , е невидена моронштина.
Кочете бе луѓе, не се инаетете. Чујте повик од луѓе со чисто срце и здрав разум. Престанете да се пресметувате низ кулоарите на мермерната палата со интелектуалци (во палатата и надвор од неа) кој она што го пишуваат, посочуваат и критикуваат го прават со добра намера за излез од баруштината во која се набутавте.
Што е оваа изјава, бе? “Ова (Влада на СДСМ) е криминална и најнеспособна во историјата на независна Македонија“!!!
Па ако е така, каква е сегашната опозиција која таква најнеспособна и криминална влада не може да смени??? Да ја смени де, заради најнеспособност и криминал!!!
Колку е тогаш способна и некриминална опозицијата што не може да ја смени оваа криминална и најнеспсобна во историјата на Македонија?!
Според логиката на “лидеров“, ако е сегашнава влада најнеспсобна (и криминална) во историјата на независна Македонија, каква е тогаш побогу опозицијата што таква влада не може да сруши? Да заклучиме ли, според “хируршки прецизната“ изјава на Мицкоски за владата, дека и оваа опозиција е “криминална и најнеспособна во историјата на независна Македонија“? Бидејки нема друго објаснување зошто ако се способни и некриминални, не можат да ги сменат овие неспособни и криминални!!!!
Просто е прашањето Господине Мицкоски: Ако сте способни, како не успевате да ги смените од власт неспособниве?
М.Неделковски
петок, 13-ти