МОЖАТ ЛИ ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОВТОРНО ДА ИЗГРАДАТ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?

МОЖАТ ЛИ ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОВТОРНО ДА ИЗГРАДАТ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?
МОЖАТ ЛИ ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОВТОРНО ДА ИЗГРАДАТ

МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?‍
Во изминатите три децении денешните живи (за жал!) македонски генерации ја уништивме ДОБРОВОЛНО свесно или несвесно, директно или индиректно македонската држава. Велам „за жал“, затоа што ние сме срам за
македонската историја и џабе сме на овој свет.
Иако имам завршено математичка гимназија, во споредба со Мицкоски јас почитувам простата аритметика. Според таа аритметика, началничките функции во Република
Македонија на сите нивоа се околу 12 500. За 30 години таму поминале не
помалку од 50 000 луѓе. Значи, тие луѓе повеќе или помалку се ДИРЕКТНИ виновници за уништување на државата. И се здобиле со соодветни бенефиции
за тоа уништување. Ако ги додадеме и нивните семејства излегува дека вината и бенефициите се прошируваат 2-3 пати.
Да одиме понатаму. Од сите избори во Република Македонија најголем
број гласачи имало на првите избори во 1990: 1,452,072 или 77,2 %. Најмалку
се во 2008 г.: 1,015,164. Избирачките списоци секогаш се околу 1.800,000 луѓе.
Со исклучок на првите избори, гласачите се меѓу 1 милион и 1.150.000. Тоа значи дека уште по првите избори во 1990 г. 300 000 МАКЕДОНСКИ ГЛАСАЧИ
СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ПАРТИИТЕ И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ И ВЕЌЕ НЕ
ОДАТ ДА ГЛАСАТ.
Во сите изминати избори приврзаниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ вкупно се околу 800 000 луѓе. Со исклучок на последните избори на 11 декември 2016 г. кога се речиси 900 000.
Вкупните албански гласови пак се
околу 200 000 – 210 000. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ДО РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 30
СЕПТЕМВРИ 2018 Г. МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА МАФИЈА
КОНТРОЛИРАШЕ ОКОЛУ ЕДЕН МИЛИОН ГЛАСАЧИ. ОД ТАА ЦИФРА МОРАМЕ ДА ОДЗЕМЕМЕ ОКОЛУ 100 – 150 ИЛЈАДИ ФИКТИВНИ ГЛАСОВИ ПРЕКУ ПОЛНЕЊЕ КУТИИ.
Референдумот од 30 септември покажа дека гласачкото тело на СДСМ е сведено до 300 000, а албанското си останува на 200 000 луѓе.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ успеа да излаже само 57 000 од своите приврзаници да излезат на гласање. Две третини од нив гласаа „против“, а 1/3 пуштија неважечки ливчиња. Од вкупниот број гласале „за“ вкупно 609.813. Од оваја бројка мора да се одземат традиционо 100 илјади од полнењето кутии, пред се, на крајот на изборниот ден.
ЗАКЛУЧОКОТ Е ДЕКА МОМЕНТАЛНО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ОКОЛУ
500 000 НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, НА МАКЕДОНСКОТО
ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ. Тука мора да направиме диференцијација меѓу 200-те илјади албански гласачи (и поалбанчените македонци, роми, турци и бошњаци) и 300 000 гласачи на СДСМ. Дел од нив се меѓу директните виновници
(функционери) за уништување на државата, друг дел се од администрацијата.
СЕ ЗНАЕ ДЕКА ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД 230-ИЛЈАДНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
ВО МАКЕДОНИЈА ИМА КНИШКИ И НА СДСМ И НА ВМРО-ДПМНЕ И ГЛАСА ЗА
ТОЈ КОЈ Е НА ВЛАСТ (синдромот Амди Бајрам).
Кон тие околу 500 000 македонски непријатели треба да ја додадеме не
само денешната и минатата врхушка на ВМРО-ДПМНЕ, не само делот на
криминалците и директните виновници за уништувањето на Македонија во изминатите три децении, туку и тие во администрацијата кои ги менуваат
членските книшки. Секако и нивните фамилии.
НАКРАЈ ИЗЛЕГУВА ДЕКА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 500 000 ЛУЃЕ КОИ ЗА

НИШТО НА СВЕТОТ НЕМА НЕ САМО ДА СЕ БОРАТ, ТУКУ И ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ЕДНА ХИПОТЕТСКА ПОВТОРНА ГРАДБА НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. НАСПРОТИ НИВ ИМА СИГУРНИ ОКОЛУ 400 000 БОЈКОТИРАЧИ НА ИЗБОРИ КОН КОИ МОЖАТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НЕЗАДОВОЛНИТЕ ОД ПОЛИТИКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ. НО, МОЖЕ И ДА НЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ.
Многу пати сум пишувал дека денешните македонски генерации не сме спремни да водиме борба за МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. Доказот за тоа е дека ја изгубивме. А борба за повторно градење на држава е многу потешко, отколку за нејзино зачувување.
ПРИ ТОА, ДЕНЕС НИ Е ПОТРЕБНА И
НАЦИОНАЛНА И СОЦИЈАЛНА РЕВОЛУЦИЈА. Национална, затоа што
Македонецот е понижен на територијата на која е роден. Социјална, затоа што додека во СФРЈ разликата меѓу најголемата и најмалата плата била 4:1, денес
е 1415:1. Таков сооднос меѓу бедни и богати нема ниту во Африка.
НИТУ СО ГЛАСАЊЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, НИТУ СО БОЈКОТИРАЊЕ НЕ
СЕ ГРАДИ ПОВТОРНО ДРЖАВА, НЕ СЕ ПРАВИ НАЦИОНАЛНА И СОЦИЈАЛНА
РЕВОЛУЦИЈА. НО НИЕ ДЕНЕС НЕМАМЕ ВОЛЈА И КАПАЦИТЕТ ЗА ДРУГО,
ЗАТОА НИ Е ЗГОДНО ДА НЕ ЛАЖАТ ИЛИ ПАК САМИ ДА СЕ ЛАЖЕМЕ ДЕКА
МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЌЕ ВОСКРЕСНЕ КАКО ФЕНИКС, ДОДЕКА СИ ЧЕШАМЕ ЈАЗИЦИ НА ФЕЈСБУК, ПИШУВАМЕ КОЛУМНИ ИЛИ
ФИЛОЗОФИРАМЕ ВО КАФЕАНИ.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗБУДИ НИКАКО БЕЗ
СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ТУРБОЛЕНЦИИ. ТОГАШ, АКО НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ ЗАЕВ (ВО КОЕ НЕ ВЕРУВАМ) ТИЕ ОД БОЈКОТИРАМ ЌЕ
ДЕРАДИКАЛИЗИРААТ. АКО ПАК ПОБЕДИ МИЦКОСКИ, ТОГАШ ЌЕ СЕ
РАДИКАЛИЗИРААТ И НЕЗАДОВОЛНИТЕ ВМРОВЦИ ОД НЕГОВАТА ПОЛИТИКА, А И БОЈКОТИРАЧИТЕ.
ЛОШО Е, КАКО СЕКОГАШ ДОСЕГА, ДА ЧЕКАМЕ ПОТТИК ОДНАДВОР.
АКО НЕ ДОЈДЕ – СО СЕГАШНИОТ НАШ МЕНТАЛИТЕТ НЕМАМЕ АПСОЛУТНО
НИКАКВА ШАНСА. АКО ПАК ДОЈДЕ, ПАК ИМАМЕ ПРОБЛЕМ. ЗАШТО НИЕ
СМЕ ХРАБРИ НА ЗБОРОВИ, ЛОЗУНЗИ, НА МАСА, ОРА И ПЕСНИ, МОЖЕМЕ
ДА ГРАДИМЕ КУЌИ, АМА ДРЖАВА ТЕШКО. ЗАТОА И УСТАВОТ ОД 1991 Г. НЕ Е НАПРАВЕН КАКО ЗА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, ТУКУ КАКО ЗА ДРЖАВА КОЈА
ЌЕ СЕ УНИШТУВА. И ДОСЕГА, ВЕЌЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ НЕ СУМ СЛУШНАЛ
НЕКОЈ ДА ГО ПРИЗНАЕ ТОА. ИМАЛО НАРАЧАТЕЛИ КАКО ДА СЕ ПРАВИ
ТАКОВ САМОУНИШТУВАЧКИ УСТАВ, ИМАЛО ПРАВНИЦИ КОИ ГО
НАПРАВИЛЕ ТАКА, ИМАЛО ПРАТЕНИЦИ КОИ ГО ГЛАСАЛЕ, ЗА ДА МОЖАТ ПО ДВА МЕСЕЦА ДА ПОЧНАТ ДА ГО РЕВИДИРААТ. ИМАЛО И ИМА НАРОД КОЈ ГО ПРИФАТИЛ И ГО ПРИФАЌА СЕТО ТОА.
ТОГАШ ШТО ПРАВИМЕ КОГА И ПАМЕТОТ И ДОСТОИНСТВОТО И
ХЕРОИЗМОТ СМЕ ГО УКРАЛЕ НАВИДУМ ОТ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ВООПШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО НАЈДЕМЕ?
Стефан Влахов-Мицов