НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ, ПРЕДАВНИЦИ!
Во овие денови фашистичката Хунта и предавниците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието работат и дење и ноќе врз менувањето на Уставот, со кое целосно се уништува и македонската држава и македонскиот народ. Прашањето е дали тие идиоти навистина си мислат дека ќе успеат да не уништат со новите 4 амандмани, кои ќе ги изгласаат.
ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА БЕШЕ ОТВОРЕНО НА 8 СЕПТЕМВРИ 1991 И ЗАВРШИ НА 30 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА. И ВО ДВАТА СЛУЧАЈА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА РЕФЕРЕНДУМИ ОДЛУЧИ: ИМЕТО Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. И ТОЛКУ. ЗНАЧИ ВО ОДНОС НА МЕГУНАРОДНОТО ПРАВО СЕ Е ЗАВРШЕНО.
Но ќе кажете: кој во минатото и денес го почитува меѓународното право? „Вистината“ секогаш била на страната на посилниот. Точно е, затоа многу битен е цврстиот и дефинитивен став на Русија, искажан три пати во тек на 20 дена. Прво, од страна на руското МНР од 2 октомври (Лавров), второ од рускиот претседател Путин една недела подоцна и трето – од руската амбасада во Македонија од 20 октомври. И еве го тој став: РУСИЈА ЌЕ СТАВИ ВЕТО ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА НОВОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СТАВ 3 ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА 845 НА ИСТИОТ ТОЈ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ. ТОЈ СТАВ БАРА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА, КОЕ Е ПРЕКРШЕНО СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР. Надвор од тоа, македонскиот Устав се менува од Собрание со ДОКАЖАНО нелигитимен претседател и со прекршување на самиот Устав и дузина македонски закони. Со еден збор – постои и меѓународна и внатрешномакедонска законска нелигитимност на сето тоа што се прави целата 2018 година.
Тогаш зошто се замарат Хунтата и предавниците? МАКЕДОНСКОТО ИМЕ НИТУ ЌЕ БИДЕ СМЕНЕТО, НИТУ ПАК МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЕУ. Меѓутоа, еве последна информација за тие кои ја сакаат ЕУ. Во Литванија која е член на НАТО и ЕУ од 2004 г. ќе се воведуваат купони за главните прехранбени производи. Затоа што нејзината економија фалира, притоа емигрираните од таа држава се 30 % од населението. Слични се состојбите и во другите балтички републики и во Бугарија, независно од нивното членство во НАТО и ЕУ и нуклеарните американски бази на тие територии.
Целта на Заев и бандата околу него е јасна. Со брзањето за менување на Уставот ги брани и својот живот и добиените милиони за да ја направи таа капитулација. Затоа што ако си ветил нешто на англосаксонскиот ционизам и си бил одлично потплатен, или ќе ја завршиш работата, или ќе те снема. Хунтата сака да заврши ветеното ликвидирање на македонската држава за 100-годишнината од крајот на Првата светска војна (тој план се спроведува од 2011), а ако тоа биде спречено од надворешни причини, да не и се бара одговорност.
Од друга страна, не е случаен циркузантскиот однос на опозицијата во Собранието. Дел од тој однос беа и двете делегации од ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки на состанокот на ЕНП. Како и во однос на референдумот ВМРО-ДПМНЕ глуми и опозиционост и кооперативност. Опозиционост за внатрешна употреба за поени пред македонските гласачи и кооперативност кон „газдите“ од Запад. Од тие „газди“ Мицкоски (како и претходно Груевски, Георгиевски) чека „Амин“ за премиер. Ако сакаме да ја разбереме вистината за раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора ги собереме на едно место и обвинувањата кон Мијалков и писмата на Мијалков до Мицкоски. Секое од нив претставува дел од вистината.
Со своите дејствија опозицијата во Собранието ПРАКТИЧНО дава поткрепа на Хунтата. Затоа што, македонскиот народ уште не сфатил дека политичката каста во Македонија се доживува како еден организам. Независно дека заемно се обвинува, а понекогаш дури и физички се тепа. 28 години целта на таа каста е да го дели македонскиот народ на закрвени групи една против друга, а таа ЗАЕДНИЧКИ да ги контролира. Затоа и во еден подолг разговор кој го имав со Груевски кон крајот на август 2016 г. ми кажа: „И на памет не ми паѓа да расчистувам со непријателите, како претходните раководители на ВМРО“. Таа „кооперативност“ кон предавници и криминалци стигна до таму што досега нема висок функционер во затвор. Ми се чини дека и Груевски ќе се извлече, независно од целата шема околу него.
Целта на САД и Западот во окупирани држави како Македонија е да оневозможат создавање херои. Затоа што, хероите го поттикнуваат народот, кој создава меморија за нив. Во антифашистичката борба имаше херои. Денес нема. Има жртви на политички прогон, има загинати при сомнителни околности (како Никола Младенов), ама жртвите не произведуваат меморија. Ниту пак врескачки пратеници на собраниски седници. Груевски имаше одлична шанса да стане херој. Иванов исто така. Но првиот ја прокоцка, а вториот го следи.
А на Македонија во блиско време ќе и се потребни херои. Не преваранти, не шалабајзери, не оплаквачи од видот: „И шо сега? Го изгубивме името?“, не коцкари и калкуланти.
ЗАТОА ШТО, ДОАЃА ВРЕМЕТО ЗА ВИСТИНСКИ МАКЕДОНСКИ МАЖИ И ЖЕНИ. КОЈ НЕ ГО ГЛЕДА ТОА Е ИЛИ ГЛУП, ИЛИ СТРАШЛИВ, ИЛИ ДЕМАГОГ. ВО БИБЛИЈАТА ИМА ИЗРАЗ: „СИТЕ СОГРЕШИЈА И ВКУПНО НЕПОТРЕБНИ СТАНАА“ ТОА Е ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА КАСТА. САМО ШТО, ВО ПРИРОДАТА (ВО КОЈ ДЕЛ ПРИПАЃААТ И ЛУЃЕТО) НЕМА ПРАЗЕН ПРОСТОР. НОВОТО ГО МЕНУВА КОМПРОМИТИРАНОТО СТАРО.
Стефан Влахов-Мицов