Емилја Гелева му напиша писмо. Не знам дали го прочита?! Би требало, убави пораки има внатре. И Мирка Велиновска имаше божиќно писание. Не директно до него, ама имаше многу што од тоа да се научи. Особено делот: “Ту, бе не помина ни деноноќие кога Миленко и јас седнати во ,,Естел,, ги маркиравме деновите на духовно празнување како непогрешливи ,,метеоролошки информации,, за состојбата на колективниот дух по неколку месечна депресија. Колку да знаеме кога ќе пукне тиквата“.
И јас пишав нешто на 6-ти.
Пишуваат оние што не очекуваат позиции и функции. Пишуваат оние што и мислат добро на Македонија и оние што се национално цврсто определени за независна, самостојна и неподелена Македонија, како држава на Македонскиот народ и етничките заедници во неа.
Дали некој ќе прочита и ќе размисли, или само ќе остане на флоскулата “широко подадени раце за соработка“, останува на тој кому писаниата се упатени.
За утре (утрово е 8-ми јануари) во неколку гласила срамежливо е најавено враќањето на ВМРО ДПМНЕ во Собранието. Демек, ќе престанеле да бојкотораат. А бојкотот, безмалку коинцидираше со новогодишните и Божикни разници. Па по таа логика и СДС и ДУИ, па дури и Чедо Саздвски, бојкотираа.
Работата е попрлично едноставна за ВМРО ДПМНЕ. Имено, има две можни солуции, два правца.
Првиот е да се бори и да очекува НАРОДОТ да ги врати на власт. и Вториот правец е да очекува БЕЈЛИ да ги врати на власт. Овој втор правец е легитимен, но за абдал-предавичка партија како СДС. Бејли и де јуре и де факто ги донесе на власт лани. Но, убеден сум дека тој начин не му доликува на ВМРО ДПМНЕ. Односно, ако се решат за тој начин, нема да ја има ВМРО ДМНЕ! Ќе треба да ја преименуваат. Оти ниту Внатрепна, ниту Македонска, ниту Револуционерна, ниту пак ќе има Македонско Национално Единство.
Но велам, и Втората опција е опција. И е изводлива. Ќе се вратат во Собрание и ќе аминуваат се што Бејли ќе посака. Но, како и кај Србите, а така беше и со случајот на Борисов во Бугарија, ќе се појават имињата на оние што ги бирал народот (Тадиќ, Борисов и слични) а му служеле на американскиот амбасадор. На пример:
Не е дека ние во Македонија, и без Викиликс, не ги знаеме имињата како на Зоран Јолевски (Влада на РМ), Влатко Ѓорчев (Собрание на РМ), Синиша Алексовски (Кабинет на Претседателот на РМ), “Реформатори“ и други соработници на амбасадата од Калето, ама ваква македонска Викиликс “табела“ ќе биде крај на многу политичари што се оддржаваат на крилјата на лажниот патриотизам. И тоа е еден од деловите за што се уценети политичарите па безпоговорно извршуваат.
Добро! Тоа е тој начин. Сакаш да те гласа народ а да му слугуваш на Рикер, Волерс, Бејли… И така, ќе те паметат како Коте од Руља.
Е, ама првиот начин, ако сакаш да те паметат како Кузман Јосифовски Питу или Тодор Александров е далеку по тежок, по маченички (Исусхристовски) и понеизвесен по кариерата и голиот живот. Но тука е и разликата помеѓу Че Гевара и Фулгенсио Батиста.
Значи, НАРОД да те бира. Тоа значи да те почитува, сака, респектира, цени па дури и обожава. Да е тоа така, треба да си со народ, за народ, од народ. Не да си со Бејли, со Заев или со Пимен. Не – со народ треба да си, и како народот треба да се однесуваш. Оти нивни гласови бараш.
Народот, на пример, вчера утро на 7-ми, јасно покажа дека му се одвратни поповите што ја водат МПЦ. Никогаш во последниве 20 години, помалку верници немало во Соборниот храм. Имаше повеќе црковни лица отколку народ. Тоа на Стефан и бандата му е првиот годинешен црвен картон. Вториот му следи на Водици. Стефан ќе си остане сам со УДБА-шкиот убиец Џо.
Народот на Бадник и Божик си ги почитуваше своите традиции. Народот не го интересираше што одродените мрсни владици кажуваат. Народот си тера по свое, а не по умот на тие во 200.000 вредни SUV возила и дебели сметки во странски банки. Овој народ е познат по тоа што не признава забегани попови што ја тераат црквата во погрешен правец. Ене каде е Богомила, да се потсетат на богомилите. На пример во интервју на телевизијата на Кочан, отецот Бобан (Митевски) му се втури на Македонскиот народ дека во црквата како “духовна институција“ каде што членуваме сите ние “верниот народ“, НАРОДОВ ЗАСТРАНИЛ, па црквата ќе го враќа на правиот пат!!! Народот, според Бобан, “излегува надвор од христијанството и создава нова релгија“!!! Во народот имало “не само паганизам, ами и варварски однесувања што не се достојни да се наречат и пагански“. И ете така, Бобан не‘ прогласи за пагани и варвари, па си отиде кај својот 140 кила дебел поглавар, ошќембан од премногу постење (ваљда), а од таму кај љубителот на јахти, поршиња и жени Наум. Тоа, нормално, не е паганско и варварско, ами е “богољубиво“!!! Наместо да биде Бобан со народот, тој од народот се откажа. Многу јако, христијански. Но, ако се знае дека Бобан е шеф на кабинетот на поглаварот Стефан, но Бобан е и духовно чедо на бугарофилот од Бигорски Партениј, а дека Партениј е духовно чедо на струмичкиот развратник Наум – станува јасно кој и како ни ја менаџира црквата.
Но, текстов беше за двата правца што може да ги фати водечката опозициона партија.
Појавувањето на лидерот на Попова Шапка, носи две лоши вести.
Прво, дека не ја кажа вистината во интервјуто на МТВ дека Влатко Ѓорчев е само привремено прешен, Ве-Де координатор. Напротив, на Попова Шапка, до себе го стави и го официјализра. Со тоа дефинитивно (за тоа подолго време пишувам) го официјализра ставот на ВМРО ДПМНЕ дека на 27-ми Ѓорчев бил во право кога ја бранел незаконската и неуставна дешаванка за избор на претседател на собрание (намерно со мали букви). А дека Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и од Социјалистичката партија Љупчо Димовски – ПОСТАПИЛЕ ГРЕШНО.
Па така, сликовите објаснето, оние што беа против пуч завршија зад решетки, оној што го бранеше пучот добива секојдневна промоција и награда.
Односно, оние што беа со народот се во Шукта, оној кој беше против народот е десна рака на Христијан Мицковски.
И Втората лоша вест е дека Христијан Мицковски помеѓу народот и Пимен, го избра Пимена. Алал вера.
Како го заклучувам тоа? Па така што сите слики на Мицковски од Попова Шапка се со црковните лица, во црква, пред црква… Но, нема ниту една слика покрај Бадников оган, со коледарчиња, со Бадниково гранче. Не сакам да верувам, ама вака според овие слики излегува дека и Христијан (какво само преубаво име носи) го смета нардот за пагански и варварски?! А, од милионите слики на ФБ, се гледа дека низ Македонија никогаш повеќе луѓе немало и никогаш повеќе огнови не гореле како завчера. Таму беше народот. Мицковски си беше со Пимен.
Ни оган, ни народ, ни бутур.
Да повторам, сите мои текстови се добронамерни. Такви ги сметам и текстовите на Мирка и Емилија, како и следната колумна на Тони Науноски што ќе ја објавам денеска.
Не мислам дека Мицковски пораките не ги разбира. Не е он некој ретардиран про-мицковски поддржувач ко Масар Омерагиќ па да не ги разбери ни текстовите ни пораките.
Сепак, бидејки во 2017-тата покажа дека е заљубен во ликот и делата, и пред се во quotes на Винстон Черчил, да му посочам една негова мудрост, што ако Мицковски го почитува Черчила, би требал и да ја примени. Па да бидам сликовит:
Или, да преведам: ЉУБОВТА КОН ТРАДИЦИЈАТА НИКОГАШ НЕ ЈА ОСЛАБУВА НАЦИЈАТА, НАПРОТИВ ЈА ЗАЈАКНУВА НАЦИЈАТА ВО ЧАСОВИТЕ НА ОПАСНОСТ.
Традиција во Македонија се Бадникарските огнови, а не дружење со Пимен.
Миленко Неделковски
Напомена: Миленко Н. е дел од неформалната и неорганизирана Македонската интелектуала што не се согласува со промена на името, заедничка историја со Бугарија, двојазичност, снисходливост кон Бејли, “еден-е-изборот“ Евро-атлантски интеграциии сл… Кај нас има широко подадени раце. Ам, се си мислам дека е за џабе.
‘Ржаничино
08.01.18
7.54 ч.