Мите Лимонада

Мите Лимонада

За да ви ги скратам маките па да не се мачите од лажни профили да постирате се еден те исти пост, еве ја ќе го постирам тој скрин шат и ќе ви кажам:
За жал момакот Мите Лимонада имаше огромен потенцијал и можност после победата лани, ама со една посета на Бејли во неговиот кабинет се заговна.


Не е тоа прв политичар во кој народот, и јас како дел од него, ќе се разочара и ќе го запише како предавник.

Уште еднаш, во насловот е постот. Јас тоа тогаш искрено и сериозно сум го мислел. Човекот не ги исполнил верувањата дека може да е некој и нешто. Останат е на сода-вода ниво. Постот, како и сите други постови, не го бришам. Никогаш не сум избришал пост. Иако сум имал огромни притисоци за да бришам постови, иако сум имал и промашени постови, иако сум имал и постови од кој подоцна сум се срамел.

Покрај постови, јас не бришам и коментари.

Јас немам комплекси. И не се плашам од искажаниот збор.

Е сега, дај да видиме дали има друг таков на јавната сцена? Или зад ликовите што као нешто се многу демократи стојат екипи што бришат и банираат?

Еве на пример екипата на Мите Лимунада нека каже колку постови избриша и колку ликови банираше на страниците на Мите, Кожувчанка, општината… Ова може да ги прашам и  Бејли и Заев и било кој..

М. Неделковски

 

Неготино 12.09.18

21.12 ч.