Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА

ГЛОБАЛИСТИЧКА ГОЛГОТА ДОЛГА 11 КМ.

Каква врска има меѓу поплавите во Холивуд, тонењето на фашистичко-глобалистичко-либералниот Брисел и потопот на полититиканските црпки во Македонија? Само едно нешто. Сите банкротираа на планетарно ниво. Се копрцаат тука –таму полуживи, во преостанатите им локални и периферни тврдини, исто како следбениците на исламскиот калифат и нивните англо-американски, саудиски и израелски инструктори и финансиери во Сирија и Ирак, ама водечките корпоративни фашизоидни глобалисти веќе признаа: По изборниот пораз во Италија, јасно им било дека победата ја однесоа народите кои осознале дека ,,новиот светски поредок,, да ти бил најголема загроза за опстанокот на човечкиот вид зашто ги разорува социјалните структури, националните заедници, колективитететната самосвест, општествените организации, традиционалните посебности, културите, комуникацијата преку јазиците, уметноста и слично. Видиш ти, нагло просветление!

Џорџ Сорос својот и поразот на неговите истомисленици го призна во ,,Њу јорк Тајмс,,. Пред него истото го стори крвавиот Тони Блер. Во Европа, чудо едно, за само една година населението на разно-разни избори ги однесе како поплавата во Стајковци сите лево-центристички партии, минусирано со пучот на Џес Бејли во Македонија и ,,победата,, на фингирани избори на соросовите црпки и куртони предводени од лејките Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Денес во Европа подршка за глобалистите даваат само 6 проценти од избирачите. 94 отсто бате довербата ја даваат на новоформирани субјекти чии главатари говорат јасно и недвосмислено, чии програми се идеолошки дефинирани за секој да ги разбере а ги подржува нормалното население.

Пошто ние на Балканот, а особено ние во Македонија сме една од преостанатите енклави под владение на глобал-фашистите, со помош на нашите лево и десно центрирани политиканти – курсисти и нивните интелектуално-експертски кастрати, односно, медиумски преститутки, овде нема кој да јави ваква радосна вест за човештвото. Изгледа нема кој, освен вакви ко мене, да ви ги дешифрираат јавните проблесоци на створови како Влад Милчин – Дракула, пардон, Сорос кој тукушто дебело се огради од муртинската црпка или појавата на Најче на протест во одбрана на македонскиот колективен идентитет и државно, односно, национално име. Па и на оној деклариран дегенерик Мирослав Грчев кој сега пледира дека ,,глупиот,, народ лошо ги разбрал неговите интелигенти глобалистички пораки. Па тука е и женерозниот неодамнешен повик на глобалистот ем ,,шоулдер ту шоулдер,, активистот на милитантниот евро – американски НАТО пакт, Бранкица Геровски, до антиглобалистичките журналисти на заеднички ,,тешкашки,, дијалог. А бе бог да чува!

Реков вчера, ќе бидат исфрлени на светло со првото гомно на нивните газди и господари. Оти тие за спас на своите бесмислени животчиња ќе сакаат да ги истргуваат сите кои им се отпојќе. Прашајте ги Курдите па ќе ви кажат што мислат за нивините американски и израелски пријатели кои ги користат како топовско месо, а ги тргуваат глобално  на преговарачка салфетка. Големите глобалистички лузери во кои уште се крстат квислиншките европски и балкански влади, се само уште Ангела Меркел и оној ,,прецизен,, центристичко-лево-деснен Макрон. Иако обајцата дудлаат де кај Путин, де кај Трамп, очекувајќи политички да преживеат. Нема долго да чекаме и тие ќе паднат, па сенешто ми се чини дека и Црпко и неговите пандани во математичкиот клуб на екс ВМРО-ДПМНЕ за кое се чека ново ,,политички коректно,, ем неутрално име (јас предлагам да се викаат друштво на западноеверобалкански циклама трупци), ќе останат со прст во уста додека ги носи водена буица полна со откорнати дрвја, камени грамади и секаков попатен шут. ЕУ веќе денес е ,,граунд зеро,,.

Тие, разбира се, нема ни да знаат што ги снашло и од што умреле. Па ај јас да им кажам. Од смрт си умревте бе! Просто е ко гравче. Имунолошкиот систем на секој припадник на некаков сој, род и вид се активира во ситуации на закана по опстанокот на колкективот (збир од поединечни примероци). Фашизмот во сите тоталитарни форми е таква една загроза. Кога таква болест ќе се прогласи за ЕДИНСТВЕН политички ИЗБОР, а на локалните и регионални политички пазари ќе се продава и рекламира како ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА еве веќе четврт век, беше за очекување на човештвото да му прекурчи. Молам убаво ем културно! Дајте уште еднаш математички прецизно да се попишеме по ова прашање: Кој од нашиве евроатлански маратонци на глобализмот уште верува во догмата за една опција и еден избор што е друго име за тоталитаризам, кој, пак, нема никаква врска со слобода и демократија? Каков идеал е тоа? Чиј идеал може да биде? На Лазе Еленовски, на Никола Поповски, на Никола Димитров или на Нано Ружон, односно, Хорхе Иванов или Ивица Боцевски?

Колку што јас се разбирам во политичко-експертско-медиумски трендови, во наредниве неколку месеци, едно чудо лапнати и штрапани во умот ,,западни,, курсисти на секакви ,,фондации,, ќе почнат нагло да влетуваат во кривини со огромна брзина што им гарнтира групно тумбање во провалија. Ви го кажувам ова со време, иако ви го најавувавме во емисиите на Миленко од 2008, во 2009 година па се до денес. Истово и во пишана форма во Фокус, Нова Македонија и Дневник можевте да го читате речиси секој ден и по секој сегмент посебно, со многу факти објаснувано, да не речам математички прецизно цртано. Националното, колективното идентитетно обележје е суштински дел на човечкиот род. Кога ќе почне некој да ја сврдла и растура таа суштина, се случува ова што ја снајде сега ,,западната цивилизација,,. Целосна дегенерација и крах на колективниот вредносен систем. Затоа тие општества се во хаос. Бидејќи тој систем има свои послужители, сите барабар и без оглед на статусот хиерархиски, завршуваат во буицата. Сакам да кажам, џабе се трудат да преживеат преоблечени во друго руво! На малкумина ќе им успее зашто ова е друго време. Безжичните комуникации, интернетот ве открива за секунда. Карма! На Глобалистиве од глава ќе им се удри  нивното најмоќно психолошко-пропагандно оружје за кое арогантно веруваа дека е нивни монопол

Богами мерачам во исчекување на македонската антифашистичка пролет! Ах да. И ја меркам Партизанска (,,бандитен штрасе,, како што ја нерекуваа бугарските ,,глобалисти,, и нивните македонски поклоници) како потенцијална колективна Голгота низ која скоро ќе минат припадниците на шарената куртонска соросоидна заедница. Од Ѓорче до Плоштадот Македонија долга е прецизно математички 11 километри.

Безвремена  Македонија!