Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА

ПРЕКУ АСЕАН ДО СВЕТСКИ САМИТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

 

Самитот на државите во Азија заврши. Домаќинот и претседавач Филипини, претставен преку претседателот Родриго Дутерте, од кредибилни индивидуи кои ја следат светската политика веќе е оценет како најдобар светски политичар кој блика со мудрост, креативност и со извонредна интелигенција. Во тоа овој пат многу му помогна гостинот на самитот, канадскиот премиер Трудо. Момчето, инаку напуван аристократ и самобендистан глобалистички дегенерик дојде во Манила со предрасуда дека слетува меѓу дивјаци кои немаат абер за тоа што е цивилизација. Западна, нормално. Како најдолен простак, варвар, реши, иако само гостин, да му држи лекции за човекови права и слободи на домаќинот Дутерте. Ги зеде во одбрана прекршените права на производителите и трговците со дрога. До процедурите му дошло!Заедно со едно чудо извикани божем невладини организации за одбрана на процедуралните права. Но од пред неколку години светот увиде дека ваквите ,,авторитети,, всушност се алатки на американската и европската политика за вршење притисок, уцени, закани врз легитимните влади на државите. Односно, дека таквите организации топтан со се спонзорите како Сорос, Гулен, Рокфелери и секакви главно западни влади и нивните тајни служби и организации, се најголемите прекршувачи на корпусот на човековите индивидуални и колкективни  права. Посебно НАТО, ЕУ, ОБСЕ, ММФ…

Е, Дутерте, откако јавно и на лице место и пред грамаден аудиториум го намачка со лајна канадското напарфимирано прдле а медиумите ги направи јок, излезе со идеја која за еден ден ја претвори во инцијатива за одржување на светски самит за човековите права. Кратко, човекот рече дека многу политичари, божемни и самопрогласени арбитри и авторитети, измислени од западот, фактички не разликуваат што е човеково право а што прекршување на тоа право. Во оваа категорија ја смести и ООН упатувајќи и укор пред исклучување за корумпираност. На пример, во случајот со борбата на Филипини со дрогапроизводителите и трговците со дрога, сите му се згнаа на Дутерте барајќи да му се суди трибуналски за злосторства против човештвото а ги зедоа во одбрана кршителите на човековото право на живот.

И тука почна ,,игранката,,. Филипинскиот претседател и сега веќе светски авторитет со морален интегритет идентичен со оној на Путин, констатираше дека западните авторитети всушност не разликуваат жртва од убиец и ги изложи светските медиуми и кобајаги НВО ,,авторитетите,, , на сончева светлост со прашањето зошто никогаш не побараа трибуналска правда за американските, британските и француските бомбашки потфати кои со децении паѓаат врз цивили во Азија и Африка? Зошто толку жестоко ги бранат лиферантите на дрога а не жртвите на ова ,,стопанство,,. Или зошто не најдоа ништо загрозувачко за човековите права во големите фармацевтски конглоерати кои го прават човештвото зависно од секакви опијати. Што правиме со ГМО производството? Претставникот на ,,малите кафеави човечиња,, ги повика политичарите, експертите, науката, правниците пред се, да му се приклучат во иницијативата за прв во низата самити кои ќе ги дефинираат човековите права недвосмислено јасно за да нема повеќе муватори од типот на канадското конте Трудо кое не разликува убиец од жртва и холивусдска пропаганда за добри рамбовци, муџахедини, исиловци  и цијаши и лоши севернокорејци, кубанци, руси, кинези, сиријци…

Тоа ми е зборот. Ќе се прклучи ли Република Македонија на оваа иницијатива? Еве ја историската шанса на светска сцена да се слушне за кршењето на основните, природените права на Македонците на самоопределување, самопрепознавање. Јавно повеќе од век се кршат брутално овие права преку негирање на постоење, јазик, историја, култура, традиции на цел еден народ. Преку државни политики се вршат асимилирања, бришења, егзодуси, убиства, цензури, силеџиства и секакви други насилства врз Македонците. Во Република Македонија, во непосредното соседство и во Европа (сите држави) а особено преку ЕУ.

Баш сакам сега да ги видам мажишчата наши со две рала мадиња кога треба скришум ем маскирно да се паламуди, дали ќе се пријават за јавен немаскиран светски настап. Нели интернационализација на македонското прашање, а не глупите и лажни длабински анализи, би требало да ни е приоритет над сите приоритети во услови кога  западниот фашизам ни ја окупираше земјата. Ова дипломативе начичкани во МНР со се шармантните им бивши и сегашен кобајаги шеф, освен за гага вечеринки, кокаински сеанси и гала приеми знаат ли нешто реално и корисно да сработат? Грамотни ли се? Следат ли политички трендови. На пример, дека ќе им се пее опело на монструми како Сорос и Гулен. А на големо ќе го папаат нивните активистички и лобистички глутници. Дека ЦИА е на барабан објавена. Во европскиот парламент веќе се крчка специјален комитет (СЈО на законодавниот орган на ЕУ) за истрага на пратениците платени од Сорос да лобираат за закони кои ги кршат човековите права на европските народи. Фаранж е иницијаторот. Приложи листа од 23 ЕУ пратеници сорос лобисти. Во САД почна истрагата за активностите на Фетулах Гулен и неговите донаторски потфати во образованието. Особено ќе биде интересно кога ќе се разгологази бирократијата и дипломатскиот апарат во ООН. Дутерте е амбициозен и неверојатно ефикасен политичар. Стана светски фактор на кој никој со здрав разум не му контрира повеќе. Дури ни Трамп. Напротив, го подржа во борбата со дрогопроизводителите и фармацевтската опијатска мафија. Вели, на самитот ќе се разгледуваат последните сто години и ќе се разголат сите големи случаи на масовно кршење на човековите права а ги прават оние кои глумат лудило титулирајќи се себе си за цивилизатори, посебни и ,,убер алес,,.

Еве ме со предлог: Кој си ја сака Македонија, кој се чувствува како слободен и полнокрвен човек, Македонец по идентитет, нека се спреми за тој светски форум и нека се пријави за дискусија. Оти настанот ќе се случи доста брзо, знејќи ги мобилизаторските способности на Дутерте кој згора, како добар стратег сака до максимум да го историски моментот (распадот на империјалната матрица на владеење и кризата на нејзините светски институции) Мислам на еден тон домашни др-мр правници, експерти, професори,  интелектуалци, историчари… Нека овојпат не чекаме заспани, неспособни, корисни идиоти и потрошени полуинтелигенти  од рангот на Грчев, Ордановски, Милчин, Најчевска, да ни глумат авторитети, а фикус-политичари и курсисти ѓоа да не бранат од фашизам. Дадена ни е уникатна прилика да му се придружиме на нормалното опуленото човештво и да го изложиме нашиот случај на масовно, неверојатно брутално кршење на основните и природени човекови права. Среде ,,цивилизирана,, Европа. Ова се однесува посебно на дечките кои ни ветија десороизација на Македонија и по три јавни настапи исчезнаа. Сега нема да детализирам што и како ќе го направиме ова. Ама, сигурно ќе се вклучиме во иницијативата и ќе учествуваме активно. Подготвено, агрументирано, жестоко и со огромен број факти. Молам! Ова е шанса генерациски да разјасниме кој е убиец и злосторник, узурпатор, окупатор, насилник а кој жртва. Почнува големото пролетно генерално чистење на планетава!  А ние ќе пишуваме нова историска страница и ќе ги ревидираме оние од пред два века.