Мирка ВЕЛИНОВСКА до Христијан МИЦКОСКИ

Мирка ВЕЛИНОВСКА до Христијан МИЦКОСКИ

ПОРАКА ДО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Како потврден водач на ДП(М)НЕ- национално и идентитетно изреформирана, без досадни формалности како што се конференции или конгреси, вие, и до граѓаните и до вашите членови,  а по внатрепартискиот пост-референдумски карамбол во Собранието испративте три запрепастувачки јавни пораки кои не само што не соодветствуваат на ситуацијата во која се наоѓа државата и Македонците, туку, ве дисквалификува  вас лично како водач и нов политичар пред гласачите, ама и во очите на странските интересенти, кибицери и учесници во актуелниве регионални геополитички игри. Имам впечаток дека сте се навлекле на моделчето – ќе ги пуштиме црпкиве од СДС да го одработат највалканото, ќе глумиме конструктивност за по надвор, ќе се колнеме периодично врз долар и вазелин каде треба и колку треба и така ќе дочекаме истиот газда да не устоличи на некои идни фингирани избори со однапред зададена постизборна тајна агенда. И така до крајот  ќе го ѕипаме упокоениот македонски глуп народ.

Вашата ,,моќна,, порака до вашето членство и до македонскиот народ гласи: ,,Македонијо напред,,. Оф мори мила ем златна мајчичке! Човеку, чиј креативен труст на мозоци и за клоку пари ви ја смислил оваа глупава ко ноќ пропагандна порака која не проаѓа веќе ни кај орангутани. А бе, момче, млад лидеру! Ти со вакава порака ли мислиш да одиш на избори, сеедно дали огранизирани по пржински модел (од Бејли) или во ,,мааалку,, поинаква организација од единствениот политички фактор – народот. Оној де што го рокна референдумот од Преспа. Па бре, само што го одгледавме пазарењето на партиско-политичките калаштури и камењар(к)и во Собранието и во ,,лидершипот,, на ДПМНЕ, мислевме дека ,,најголемата опозициска партија,, ќе престане да мисли со газот ако сака да преживее барем до следните ненаместени избори.  Кога, баш во предвечерието на денот на револуционерната борба , ете те како јавно плачеш дека не си можел да го ,,победиш,, Заев зашто осум партиски фуфци не ти дале шанса!?. Ти као стоиш на суверен гол и као непоколебливо сконцентрирано ја браниш Македонија, а ропациве, осум на број, плус Мијалков од позадина, ненајавено ти дале гол со пета додека надвор од терен се загреваш математички прецизно за трето полувреме. И ти сега немаш ни кому да се жалиш оти сам талентирано се испортретира како млад ,,бета,, мајмун кој нарушениот углед на ДПМНЕ, наместо со одлучна контра акција, реши да го подига преку многу интелигентно прашање до партиските предавници: Демек го интересирало лидерот Мицковски кој им ги пишувал говориве северномакедонски, односно, преспанско – атински. Јако, нема што!

Затоа да се вратам на пораката ,,Македонијо напред,,. Каде напред бе? Со кого напред? Кон што напред? Па не е ова соросов караван на ,,мигранти,, да ги спроведуваш до конц логор со две фрази, еден рефрен и бајат сендвич на доџем. Вие, молкум и оградувајќи се од мнозинскиот народ, учествувавте во рашрафувањето на државата по странска нарачка. Без коментар ги голтнавте и тиранскиот и бугарскиот и атинскиот ултиматум. Во Пржино ја предадовте власта која ви ја додели народот. Кротко ем доброволно го прифативте превратот. Глумевте нормалност. Калкулиравте математички прецизно како да одглумите  конструктивна револуционерност, па за малку што не го преспавте и ураганот ,,Бојкотирам,, . И сега што праиме? Македонија не е Саудиска Арабија. Дури ни на таков наапан режим не му успеа уште еднаш да забошоти злосторството, а вие уште мислите дека Македонците се лејки како сите вас. Ниту вие и Црпнатите сте кралска фамилија која формирала држава па да ја шитка кому сака и за колку сака. Не дека немаме штрапани и наакани ,,принчеви,, или копилиња од криминални љубовни врски, ама сие тие се просто гз папир. А со такви Македонија секогаш шлајфува во кал.Тука пропагандни пораки веќе не проаѓаат. Толку.

Па лидеру Мицкоски: Умре салонската социјалдемократија. Од Шведска до Италија. Банкротираа корумпираните семејни партиски династии на Балканот како ПАСОК и Нова демократија. Преку Тасета им дојде на европските народи од левица без работништво и од десница без средна класа, од центар без идеологија и суштина и од глобален корпоративен фашизам. Затоа, менувајте се или ќе ве промениме!

 

Мирка ВЕЛИНОВСКА

 

26.10.2018