МИЛОРАД ДОДИК

МИЛОРАД ДОДИК

Милорад Додик, Претседателот на Република Српска, секако е најдемонизираниот лидер на една држава во Европа. Тука, веднаш зад него се Орбан и Ердоган, ама Додик убедливо води.

Засега, и покрај сите обиди на “западот“, во тој куп не е ставен Никола Груевски.

Но, може да се забележи дека сите оние што сакаат да водат политика на независност (од банки, од политички центри…) и непристрасност веднага се стигматизирани од мејн стрим медиумите на запад, соросовите формации низ државите и корумпираните бриселски бирократи. Најнов случај е со Ципрас, секако.

Кај Додик, откако неможеа да го скршат, сега вадат афера со прислушкување (познато ви звучи???), афера со тајни сметки во странски банки, корумпираност…

За нас во Македонија, Република Српска, Босна и БиХ (Босна и Херцеговина) и покрај тоа што живеевме во иста заедница, станува се повеќе далечна. Информациите се се послаби…

Вечерва, во моето интеервју со Милорад Додик зборуваме за Дејтонскиот споразум, неможноста Босна да опстане како држава, Путин, економскиот форум во Ленинград, Сребреница. обоената револуција…

Да потсетам, Милорад Додик е легитимно избран Претседател на легитимно, со меѓународен(Дејтонски) договор форимирана правна единица. Накратко: Република Српска е дефинирана во Уставот како единствена територијално, неделлива и неотуѓива уставна и правна единица што самостојно ќе ги врши своите уставни, законодавни, извршни и судски функции. Националното собрание и на Владата е во Бања Лука, иако Сараево е официјален главен град. Република Српска е дом на три уставни народи: Срби (околу 88%), Бошњаци (околу 8%) и Хрватите (околу 4%).

Некаде околу полноќ, на Канал 5 телевизија.