.
Во 2016 година излеговме да протестираме после амнестијата на Хорхе. Зборевме дека е фикус, дека нема свое јас, дека е марионета, дека го држат за јајца, итн. Пред недела дена имаше една амнестија, а се крчка уште една, уште погадна од претходната, преку шибицарска измена на кривичниот законик – со намалување на должината на затворските казни за одредени дела, да се дозволи застарување на дел од делата што ги гони СЈО. Истиот оној потез што летоска го предложи Мицковски. И сеа што е разликата од амнестијата на Хорхе и предлозите на Жмицко??? Која е разликата помеѓу нив и Заев? Има ли разлика воопшто? Сега Заев не е фикус, не го држат за јајца, има свое јас? Си ги погази сите ветувања што ги даде! Ама сеа никој не спомиња протести! Дочекавме Жмицко да зборува за владеење на правото. Која иронија!
Искочи дека Заев тогаш беше против амнестиите, за сега да ги добијат од него. Не од друг, од него. За да мораат да се пазарат со него, а не со друг. Причината за тогашните амнестии веројатно била друга, ама резултатот е ист – група криминалци што ни ја заробија и покрадоа државата, што нанесоа неповратна штета на генерации Македонци, нема да си лежат. Со тоа сите слогани на Шарената револуција – Нема правда нема мир, Ќе си лежите, Вратете ги парите (да не зборам за Шутка не ти бега Никола) се помножија со нула. Арам!
Јас лично ептен многу сакам во ЕУ и НАТО. Ама по оваа цена не. Да ми извини Заев, ама правдата и владеењето на правото се поважни од членството во ЕУ и НАТО. Тие се предуслов. Џабе НАТО, џабе ЕУ ако во тоа име ги погазиме сите вредности на истите тие институции! Џабе!
And that’s all I have to say about that (Forrest Gump).
Бранко (Влатко) Огњановски
Син на Раде Глава