МИЛЕНКО ПОСИЛЕН ОД ПУТИН

МИЛЕНКО ПОСИЛЕН ОД ПУТИН

Посилен и од Путин и од неговите олигарски и милјардери!!! Миленко посилен од ЕУ и САД!!!!!??????

Дарко Јаневски (97.06.2014)
dnevnik.mk/?ItemID=CDE33F421CD1BE46AEC8F194B9F4F752
Колумна

НИЕ ВИ СЕ КОЛНЕМЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО УРНЕМЕ

Во недостиг на објаснување зошто некои странски амбасадори не успеваат да го урнат Груевски или подобро кажано да ја намалат неговата популарност кај гласачите, западњаците го измислија проблемот со медиумите. Ете, не дека нив толку ги бидува, ама медиумите се пристрасни и затоа Груевски осми пат го победува СДСМ. И затоа не ~ попушта на Грција. Што значи, затоа Македонија не е член на НАТО и на ЕУ. Поради медиумите. Меѓу нив, кога ќе се изврши персонализација, на прво место се Миленко Неделковски и Јанко Бурек, како и останатата братија составена од уште двајца-тројца од тој круг, кои, згора на с`, се и невоспитани и безобразни. Угурсузи! Ама штом успеваат да играат мајтап со цела ЕУ и со цел НАТО на чело со САД, штом успеваат да го спречат нивниот план за проширување кон Македонија, мора да се јаки фаци. Оти терање мајтап со ЕУ и со НАТО не му успеа дури ни на еден Слободан Милошевиќ. Еве сега и Путин има мака со нив. Ги спречи во Грузија, му влегоа во Украина. Ама Миленко и Јанко? Тие се веќе друга приказна. Путин, заедно со сите негови олигарси и милијардери, заедно со целиот „Газпром“, можат вода да им носат. И кафе со локум. Диетален.

Поради тоа, како што дознаваме, изготвена е нова бриселска и НАТО-директива за Македонија. Според неа, за секој во оваа држава што е во новинарската професија, а кој не стои мирно пред западните амбасадори и кој не вреска дека Груевски е Хитлер, кој ~ го краде идентитетот на Грција, а дома спроведува диктатура, да се преземат воспитни мерки. Најпрвин станување секое утро во шест часот. Потоа, миење со студена вода, ама надвор, на чешма, не во некакви затоплени домашни бањи. Тие финти кај мудриот Запад не поминуваат. Потоа, што би рекол Буцо Трпчевски, еден од поранешните тренери на РK „Вардар“, врзување на мозокот во крпче и оставање на полица во дежурната за таа недела странска амбасада. Не ви треба. Има кој да му ја мисли и за вас. Потоа, на работа, на труд. Оти работата го краси човекот. И ако не се лажеме, го ослободува.

Од облека задолжителни се кратки пантолони, една педа над колената, со прерамки и кошула. И едното и другото во сива боја. Следува пеење песни. На пример, „ние ви се колнеме дека Груевски ќе го урнеме“. Или „другарке, да посадиме цвеќе, таму каде што река од војска на Расмусен тече“. Уште било во фаза на размислување дали во директивата да влезе за сите тие угурсузи, Груевски од негов џеб да купи по една четка за заби. Што со четките? Рибање плочник на колена пред секоја од засегнатите амбасади. Па да видиме после мајчини како ќе ми градите слобода на медиуми. И како одеднаш Заев и неговите корнишони ќе ви станат убави. И паметни. За Шекеринска ич алот да не го трошиме.

Инаку, оваа недела посебна комедија беше тврдењето дека кога при пропорционален изборен модел пратеник ќе поднесе оставка, нема нови избори зашто ќе испаднело дека еден човек има два гласа. Па според толкувањето на СДСМ, на следниот од листата му се нуди пратеничкото место, ако тој не прифати – на следниот и така с` до крајот на листата. Потоа, повторно с` почнувало одново со истата понуда за истите луѓе од листата и тоа така до недоглед.

Kолку и да е мачно да се објаснуваат едноставни работи, вреди да се обидеме да кажеме збор-два за ова. Прво, тезата за тоа дека не може да има нови избори за испразнетите места има еден сериозен кратер – што ако на 33-цата од СДСМ со оставки им се придружат и 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од ДПА? Или сите? Според високоумната правна логика пласирана деновиве, ако останатите кандидати од листите на овие партии одбијат да го прифатат понуденото пратеничко место, а не може да се распишат дополнителни избори, Македонија ќе остане без законодавна власт бидејќи за да се одржи седница на Собранието, потребен е кворум од 62 пратеници. Нив ќе ги нема бидејќи мнозинството поднеле оставка, а следните од листите не сакаат да ги заземат нивните места. Тоа значи дека до наредните избори за четири години државата ќе нема законодавна власт. Ако оставките се случат пред изборот на нова влада, тоа значи дека Македонија ќе биде и без извршна власт, која не ќе може да се избере бидејќи нема Собрание. Груевски ќе ја врши функцијата, но ќе биде премиер во оставка. Ако меѓу оние пратеници што поднеле оставка биде и Трајко Вељановски, не ќе може да се распишат ни нови избори за четири години бидејќи не ќе може да се избере нов претседател на Собранието. Да не зборуваме за евентуалната потреба во меѓувреме да се прогласи воена состојба (на пример, напад на државата) или вонредна состојба (елементарна непогода) за што е потребно двотретинско мнозинство. И ако некој мисли дека Уставот на Македонија и Изборниот законик се така напишани што го дозволуваат сето ова, тогаш нема што да се каже, освен – аферим на умот.

Тука некаде е и ставот за тоа дека ако имало дополнителни избори за испразнетите места, ќе сме дошле во ситуација еден граѓанин да имал два гласа. Ова е на логика на онаа славна реченица „Иде Дунав…“, ама ете и тоа ни се случува. Kратко – кај нашиот пропорционален модел секој граѓанин гласа за листа на која има 20 кандидати. Не за еден, за двајца или за онолку пратеници колку што се избрани од листата на партијата кон кој е наклонет. Значи, еден глас – една листа од 20 кандидати. Ако не се избрани 20, односно ако некој од тие 20 избрани пратеници од една изборна листа поднесе оставка, на тој еден глас му недостига целина. И таа целина ја дополнува на дополнителни избори. Kој разбира, разбира, кој не… да е жив и здрав!

Дарко ЈАНЕВСКИ