Миленко НЕДЕЛКОВСКИ

Миленко НЕДЕЛКОВСКИ

После преспаната ноќ синоќа и попладневната дремка денеска, онака во папучи, со памучни пижами и комотна T-shirt, значи распиштолен и разгаќен – онака како што функционира секој писател, аналитичар, колумнист, возрасен новинар со долгогоишно искуство, опинионмејкер низ светот (Е. Хемингвеј имал столица во морето во Мексичкиот залив, за табаните постојано да му се киснат), да напишам и јас дума-две за првиот изборен циклус.

И веднаш да сум јасен и математички прецизен: ВМРО ДПМНЕ не победи, ама СДСМ дебело загуби.
ВМРО ДПМНЕ кој е навикнат да на претседателски или парламентарни избори собира по безмалку половина милион гласачи (егзактните бројки по години ги имате во колумната на Б. Нонковиќ овдека на Дудинка), успеа да скрпи едвај 300-и-дваесет илјади.
Но, и покрај оваа поразително ниска бројка, мора да се констатира дека таквата партија која беше патосирана како Сони Листон од Каисус Клеј, која толку беше мавана, боксирана, егзекутирана, апсена, малтретирана од меѓународната заедница, од фашистичкиот режим кој е на власт, од фашистичките стопани од
амбасадите на САД, В. Битанија, ЕУ, Германија, Франција и другите дипломати, од разни Рускоска обвинителство и Кацарска судство, од корумпирани медиуми и
во нив вработените платеници со џебови полни со евра и лубриканти, значи таа и таква партиија, ВМРО ДПМНЕ, успеа да го запре стрмоглавото паѓање. Додека во
нокдаун судијата броеше до десет, некаде околу 5 или 6 ВМРО ДПМНЕ успеа да стане, да се соземе, да ги постави ракавиците во гард и да каже “е нема, гадови едни, да ме нокаутирате и прегазите“. ВМРО ДПМНЕ, како потонат ватерполист, успеа да се допре со прстите до дното
на базенот и да се одрази на површината за да земе воздух. 320К се само земање воздух, не и победа.
Од овие избори натаму, почнува пасокизација на СДСМ и поврат на ВМРО ДПМНЕ.
Но, тоа нема да биде ниту бргу, ниту лесно. Оти премноги грешки (кадровски, идеолошки, криминални, финансиски, медиумски…) се имаат направено, па сето тоа не се брише така лесно како со сунѓер на професорска табла.
PR грешките мора да се исправат, а не да се мултиплицираат.
На пример, факт е дека кандидатката на ВМРО ДПМНЕ доби скоро 320К гласови. Тие, според мене, се сите до еден заслуга на партијата. Но, за беља, во својот говор во неделата навечер, кандидатката нагласи дека е благодарна за гласовите од членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, но исто така дека е благодарна за гласовите што таа ги донела, за неодлучните што заради неа гласале, за либералните гласови, за разно-разни други гласови дојдени на контото од 320К заради неа. Тоа е голем пропуст нејзин, или на PR-от, бидејки според така кажаното, ВМРО ДПМНЕ има многу помалку од 320К гласови? Што, ако е вистина,
би било катастрофа.
Но, и во целиот овој несреќен бучкуруш, сепак едно е јасно, дека народот го порази СДСМ, неговите криминали, неговиот тиранлук, неговата тортура, неговиот
фашизам и неговото предавство. Нивниот кандидат имаше помалку гласови дури и од времете кога за иста функција се тркаше со Ѓорѓе Иванов. Дури и во тоа време, кое СДСМ го третира како “режим“ и “криминал“, а всушност беше најголем процват на економијата, македонизомот и имиџот на Македонија, дури и во тоа
време кога не беше СДСМ на власт, Пендаровски имаше повеќе гласови отколку сега кога неговите се веќе две години на власт која ја практицитраат со најголема
пљачка, поголема дури и од онаа на Бранко Црвенковски и неговите министри и минстерки.
За помалку од две недели, е вториот круг во кој ќе се сретнат двата репрезента на двете спротиставени партии.
Ниту едната ниту другата партија, не можат да сметаат на победа доколку останат на оваа бројка од више-мање 320К.
Основното прашање за штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е каде ќе ги најдат дополнителните најмалку 100.000 гласа потребни за победа. 100К, а многу веројатно и 150К. Со бројка под 450К тешко ќе се стане претседател.
СДСМ ќе ги бара во алаш-веришот со ДУИ. ДУИ ќе испорача фактура од која дури и на полутанот Зоран Заев ќе му се стумоса. Згора на тоа стои стратегијата дека со негласање на нивните членови, барем на кратко Талат Џафери ќе ја врши должноста (иако ова не е точно, туку според Уставот, Иванов ќе седи во кабинетот
до пристигнувањето на новоизбраниот).
Но, каде гласови ќе бара ВМРО ДПМНЕ? Очигледно е дека ова е максимумот и на граѓанскиот и на партискиот изборен штаб. А таа бројка ни оддалеку не е доволна за победа. Ќе недостасуваат повеќе од 100.000 гласа. Гласовите што ги доби симпатичниот Река, тешко дека некој друг, освен Силјановска, може да ги калулира на конто на ВМРО ДПМНЕ. Едноставно, таква математика е неозбилна.
ВМРО ДПМНЕ сакала или не, ќе мора да оди да ги бара гласовите на луѓето што порано беа нивни симпатизери и нивни непартиски гласачи. А очигледно е дека такви има најмалку 100.000, земјаки предви дека постојано треба да се калкулира со бројка од 50-тина илјади луѓе кои се во администрација, па веднат глава, не вадат кубур, и гласаат по стратегијата “вежи коња где ти газда каже“.
Проблемот на ВМРО ДПМНЕ е што најголемиот дел од оние што не гласале си ги наоѓаат и препознаваат своте ставови и светогледи кај сериозните патриоти ем
интелектуалци какви што се: Горазд Росоклија, Љубомир Цуцуловски, Мирка Велиновска, Алек Русјаков, Бобан Нонковиќ, Стефан Влахов Мицов, Петре Темелковски, Владиката Агатангел, Васко Ефтов, Емилија Гелева, Тања Каракамишева, Владимир Панчевски… Овие се интелектуална Аконкагва во однос
на “интелектуалците“ по изборните штабови на партиите. Интелектуалци, инфлуенсери, интелигентни луѓе. Патриоти.
Тоа се луѓе што имаат дарба да проценат, гледаат години напред, луѓе што играат шах а не “не лути се човече“.
ВМРО ДПМНЕ направи огромна грешка што ги препушти на партиските ботови, дувло активисти, ботови со матичен број, скромноумни индивидуи кои бидејки се на Фејсбук исто како и Росклија, сметаат дека се еднакви со него. Ама за жал,
вистината е дека сите сме на стадион, ама еден е Меси. Па кон Меси или Горазд, кон Мирка или Цуцул, мора да се има респект и почитување. Оти едно е да вееш знаме на велосипед, а друго е да се има интелектуален габарит признаен во цел свет.
Овие наши интелетуални Аконкагви беа оставени (со знаење или не, со потстрек или не, од ВМРО ДПМНЕ) на бришан простор да бидат навредувани, блатени, псуени, обвинувани и лажно еткиетирани.
Во разговор со поголемиот дел од нив, најболно ја прифаќаа реалноста дека
безразложно беа навредувани, а тие за да не попречат на каузата, на
македонштината, на партијата, на државата и на иднината не одговараа на тие прозивки. Затоа што ако одговореа, покрај сувото ќе гореше и суровото. Од одговорите ќе настрадаа и пишувачите, и нарачателите ама и раководителите на нарачателите.
Човек не би бил голем и не би бил вистински интелектуалец, ако кон такви скромноумни не би се однесувал со единствената можна стратегија, стратегијата “пусти будалу“.
Сега се поставува прашањето, како овие патриоти толку незаслужено блатени и неправедно гнасени, да се приклучат за да биде поразен фашистот Заев? Оти за разлика од десетици високи функционери на Партијата, како и членови на
“граѓанскиот“ изборен штаб, овие луѓе јавно со име и презиме му се спротиставија на Заев и неговата криминална булумента. Најголемиот број од партиските функционери “мудро“ си молчат, а етикетираат. За Заев немаат збор напишано, ама за етикети кон патриоти везден се спремни. Тоа што се они самите, како етикета му ја ставаат на некој Бобан, Миленко, Мирка…
Сигурен сум дека овие луѓе, пак велам интелектуални Аконкагви (украден опис од еден пријател) кои се неопходни за победа на следните парламентарни избори,
немаат тендери, концесии, соработка или договори со Заев. А се смртни
непријатели со Ахмети и Џафери. И, повеќе од сигурен сум дека немаат никави политички амбиции, како што во неколкку наврати обвини професорката Василевска, инаку членка на ИК на партијата.
Еве, доколку се сака, ајде сите да се тестираме. Кој е спремен, знам дека јас сум, да потпишеме кај нотар дека по еветнтуална изборна победа нема да посакуваме никави политички функции? Односно дека ќе работиме само за Македонија а против диктатурата на Заев, без да бараме подоцнежна политичка сатисфакција.
Може ли да побараме ваков нотарски заверен документ да потпишат Миленко, Бобан, Шанац, Росоклија, Цуцул, Мирка, Ина Василевска, Тимчо Муцунски, Горан Момировски, Биљана Ванковска, Ефтов, Оливер Андонов, Сотир Костов, Тони
Науновски, Влахов Мицов… Па да видиме кој се “бори“ за да стане министер, пратеник, директор, а кој се бори само за Македонија?!
Заев мора да биде елиминиран од Македонија. Толку многу штета нанесе, што едноставно нема друга алтернатива.
Начинот како тоа да се изведе е работа на несогласување. Што се однесува до претседателските избори, едните се за стратегија со гласање, другите се против тоа.
За жал, има два лимитирачки фактори за евентуален договор. Прво, времето е кратко. Второ, суетите се
големи.
Миленко Н.
22.04.19 – 17.16 ч.
Македонија