Во историјата и во политиката ретки се извинувањата од една кон друга страна. Извинувањето во основа е и покајување.
Белгијците, на пример, никогаш не се извиниле за убијствата и сакатењето направени од најголемиот злосторник во историјата на човештвото, кралот Леополд.
Никогаш немало извинување и за “полињата на смртта“ од страната на Црвените Кмери, ниту пак за двете фрлени атмоски бомби било когаш се извиниле американците. Не се извиниле ниту британците за поморот на Абориџините. Британците не се извиниле за десетиците масовни масакри и злосторнички изтребувања во Африка, Индија, Индокина… Европјаните, пред се британците, се немаат извинето и за истребувањето на комплетното староседелско инидијанско население во Северна Америка. Португалците и шпанците се немаат извинето на Инките, Ацтеките и Маите што ги имаат безмилосно истребено.
Мене ми текнува само на две извинувања. Првото е Вили Брант, од страна на германците падна на колена во Аушвиц и им се извини на евреите за 6-те милиони истребени во концентрационите нацистички кампови. Интересно, Вили Брант не им се извини на 27-те милиони граѓани на Советскиот Сојуз погинати, убиени и истребени во истата таа војна.
И второто извинување е она на Михаил Горбачов кон полјаците, за 22.000 полјаци, од кои 8.000 полски офицери, егзекутирани во Катинската шума.
Е, амаима и трет пример?! Третиот пример, е на нашиов ептен Црпнат лидер на фашистичката окупација во Македонија, лицето Зоран Заев. И тој се извини!
И додека Брант и Горбачов им се извинија НА ЖРТВИТЕ за де факто сторено дело геноцид и убиство, овој “Муртинскиов извинувач“ се извинува што БИЛ ЖРТВА. Демек, извинете не што не‘ утепавте нас Дуња, Мучето, Пинџур, Коле, Питу… Извинете не‘ што изгина четата на Гули…
Извини што ме тормозиш, негираш, убиваш, бришеш, преименуваш… Извини што ми менуваш историја, крадеш црква, плагираш песни… Извини бе, што сме живи!!!
Ова како вицот кога шефот го нагузил својот службеник. Па овој така нагузен и изебан му вели на шефот “Шефе извини што ти вртам грб“.
Вили Брант, Михаил Горбачов и Зоран Заев!!!
“Радувај“ се Македонијо. Извињавајте што сме Македонци.
М.Неделковски
17.08.2018
Скопје
18.07 ч.