Во неколку сезони од моето шоу, веројатно се сеќавате, имав формат каде 10 фиксни гости дебатираат цела година на различни зададени теми. Плус поставуваа прашања и дебатираа со мои гости од политичкиот естаблишмент.
Долго време се думам кој од нив беше нај глуп. Оти секако епитетот најпаметен оди без конкуренција кај Мирка Велиновска.
Дилемата ми е околу спротивниот дел од табелата.
Кој е најглупиот, најодвратниот, најлажливиот, најпревртливиот???
Решив, вие што го читате ова, да сте жири.
Ја оти не можам да се решам!!! Нано Ружин ли, Кире Наумов ли? После си викам море можеби е Бучко или Жоро! Ама неможам да се решам оти гостуваа и Асма, Шанац, Боцевски, Златев, Гиш…
Плус во тие емисии гости беа и Горде Јанкуловсла, Нино Тодоров, Влатко Ѓорчев, Ивица Коневски, Никола Груевски, Хорхе Иванов… Дали и некој од нив влегува во конкуренција?!