Двојните аршини се проклета работа! Нели така Сашо Орданоски, Коко Бојаровски, Бранко Героски, Ацо Кабранов, Бранко Тричковски, Оливера Трајковска (на сите слики ружна си излезена, жалам), фамилија Писареви, Иван С. Мирчевски, Саки Кировски… и останатите платеници на “длабоката држава“. Судбината е курва, или да се изразам современо, карма ис а бич.
600К граѓани не се вратија од кога дојде животов, вие чевли пред собрание не извадивте? Нели така?
Бебиња умираат повеќе него ли што Шилегов убива комарци. Вие пак си молчите?!
Најубавите и нај горди стебла во Градски парк кај Кермес ги однесе моторна пила, вие дрво не гушнавте. Да ви го дадам моево стебло, ако баш сакате да гушнете нешто?
И се така по ред…
И, гледај сега, за се она што се чудевте вие и вашите љубими криминалци од СДСМ, на ваша врата чука. А вие, добро платени не успевате да видите и да напишете нешто.
Се чудевте како Никола Груевски не реагираше кога беше фатен синот на Трајко Вељановски со дрога во Грција. Па плус и Сашо Мијалков ги потегна своите контакти за да го спасува малиот. Кога еве сега, во истата таа Грчка, ќерката на Лазе Велковси директорот на БЈБ, рашетувајки се со уште три пријателки користа возило скапо на МВР. Ве нема со колумничка. А бога ми и Зоран Заев ја има маката што Груевски ја имаше со Трајко, па не може (или не сака) да го смени Оливер Спасовски. Не Лазе Велковски, Оливер Спасовски е оној што по закон е должен да потпише такво возило на МВР да ја напушти земјава. Груевски го штитеше Вељановски, Заев еве го штити Спасовски. Која е разликата? Само една – нема ваши хумористично-зајадливи колумни. На Геровски му забраниле српските газди, на Ордановски германската БНД, на Трајковска и забраниле љубовниците (не им се знае број).
СДС Криминална и нивните медиуми и веб страни од калиброт на “провера на факти“ се здобија обвинувајки ги градоначалниците избрани од Груевски. Груевски, демек ги штител во нивните криминали! Е, ама сега кога е фатен во вооружена престрелка со полициските сили на границата со Бугарија градоначалникот на Ново Село, никој не бара одговорност од Заев, затвор за градоначалникот, разрешување. Боро МалБоро е фатен инфлагрант во шверц на цигари. Тоа своевремено Бранко Црвенковски и Мило Ѓукановиќ го правеа по елегантно со хеликптери. Таа шверц навика на кринималната СДС остана до ден денешен, ама колумничка нема. Некое митингче од Писарев, Лада Нива со звучници исто така нема.
Членството и функционерите на СДС Криминална барабар со платениците што си се нарекуваат новинари, плачеа, цркаа, викаа барајки слобода на говор, слобода на мисла, слобода на медиуми, слобода на протест… Сите тие слободи ги имаа: новинарите не беа апсени, медиумите не беа затварани, немаше забрана на присуство на камера од СДС медиум на ниту еден настан, желбите за смрт испорачани од Тричковски не беа предмет на говор на омраза и допрен глас, протестираа секојдневно, уништуваа, рушеа, палеа, демолираа, напаѓаа новинари – и никој за ништо не беше приведен, кривично гонет или однесен на распит и во притвор.
Влегување и демолирање на просториите на Претседателот на државата е поголем атак кон државата отколку влегување и демолирање во Собрание! Зошто? Затоа што Претседателот е Врховен Командант на вооружените сили на Македонија, па со самото тоа нападот претставува напад и врз војската. Односно тоа е државен удар. Е, ама тие што напаѓаа вие си ги прогласивте за херои и демократи, спротивно, кога од другата страна има обид да се вее Македонско знаме – тоа веднаш е криминал и полициските кучиња се здаваат во потрага и апсења.
Во оваа погрешна перспектива што вие толку гласно ја претставувате до пред година-и-пол, а сега толку гласно ја одмолчувате, значајна улога има и апсолутно неспособниот, инфантилен и шкопан Центар за комуникации на ВМРО ДМНЕ. Реално, со таков никаков противник, со збир на евнуси, и не ви беше така тешко вашата лага да ја претставите како вистина, вие како вистинољупци, а сите останати како криминалци.
За жал по националните интереси на Република Македонија, лекцијата за водење на медиуми, НВО-а, менаџирање на информации, раководење со Центар за комуникации – ВМРО ДПМНЕ никогаш не ја научи и совлада. И со години ви остави бришан простор да праите што сакате. Тоа е битка која СДСМ редовно ја добива против ВМРО ДМНЕ.
Бидејки, како и Бранко Црвенковски, така и Зоран Заев и кога беше во опозиција и сега кога е криминално и нелегално на власт, опкружен е со врвни новинари и медиумски работници. Знам, знам… Некој, могумина кога вака зборувам ми кажуваат, ќе рече “каде бе Роберт Поповски врвен новинар“?! Е да, можеме да го прогласиме за гнида, предавник, безкичмењак, лигуш…, ама беше долгогодишен претседател на ЗНМ и повеќе од една деценија имаше дебатна политичка емисија на Канал 5. Е ај да видиме од другава страна, од кај ВМРО ДПМНЕ, кој е пандан негов? Едно време лидер во оваа област во ВМРО ДПМНЕ беше Мартин Протоѓер, човек кој со врски фатени од Срџан Асан Керим беше примен на работа како секретар во МПМ. Или сега Иво Котевски, кој некогаш бил новинар во Телма! Дали некој некогаш памети нешто од Иво Котевски напишано, кажано, издабатирано, објавено? Или Мартин Мартиновски, Александар Ѓоргиев или пак Луке Галевски? Најбилску до новинарство биле кога купувале штампа на трафика.
Па, за крај, прашањето ми е, бидејки немате конкуренција од спротивната политичка страна, како се чуствувате “победнички“ кога невистината ја направивте вистина, кога неморалот стана морал и кога лоповлукот го прогласивте за успешен бизнис потег? Горди? Исполнети? Со пари, исполнети.
Но, бидејки ВМРО ДПМНЕ е неспособна да ви организира контраофанзива, а богами и Бачев-Палчо опцијава не ми дава надеж во овој сектор, ќе си останеме на исто. Односно единствени спротиставени на вашата фашистичка агенда ќе сум секојдневно јас (повеќе закани за затвори, притвори и слично имам од Стевче јакимовски, ама не се плачам ко него), редовно Бобан Нонковиќ и повремено Мирка Велиновска. Малку сме, да! Ама тоа е ежедневно присаство на камче во чевелот. И, не те остава на мира.
Миленко Неделковски
08.08.18
9.16 ч.