Соопштение на ДУДИНКА во врска со колумните на Стефан Влахов Мицов.
———-
Претпоставуваме дека обвинувањето дека “Миленковци“ и нивниот “Миленковизам“ што како политички термин беше промовиран во емисија на Канал 5 телевизија во која гостуваше Претседателот на Демократска Десница односно потпретседателот на Обединети за Македонија, ќе се прошири бидејки Дудинка нема намера да заборави кој што кога направил, напишал, тврдел, кажал – а, сега сака тоа да се заборави при неговата/нивната политичка амбиција да се стане некој-и-нешто, а без притоа да се има грам капацитет.
Дудинка нема намера никого да штеди, уште помалку има намера било кого да промовира. Дудинка е во постојана војна со сите што сакаат да играат на картата кратка меморија на народот. И е во војна со сите имбецили што сметаат дека ако им се реобјави глупоста што ја сториле пред некоја година, тоа значело “прљава кампања“.
Секој што сака да се бави со политика, и како крајна цел ја има освојувањето на власта, ќе мора да си се соочи со својот “минат труд“. Оти не е доволно само да се стави темен костум и машна (вол со машна – кур у ташна) за да се биде сериозен и умен. Форма без суштина е животописот на голем број сакам-да-бидам-политичар кретени, ама тоа што некогаш си го кажал, а си мислел дека си многу паметен, ќе те следи цел живот. А Дудинка постојано ќе те потсетува.
——-
Во врска со Стефан Влахов Мицов.
Неспорно е дека Мицов има извонредни текстови и ставови што се поклопуваат со оние на Дудинка и на поголемиот број од Македонскиот народ. Затоа, кога никој, ама баш никој, не се осмелуваше да ги објави неговите колумни – Дудинка тоа го чинеше.
За жал, Стефан барајки простор каде да делува политички, а со самото тоа и да има по чест пристап до јавноста (до обичниот граѓанин) се реши да почне да соработува со Јанко Бачев и неговата партија која имаше некое име на кое не можам со сигурност да се сетам.
Наше мислење е дека Бачев го искористува и користи Мицов, но се работи за возрасни луѓе, па сами ќе си проценат дали потезите им се исправни или не. Нам ни личи дека Бачев става знак на равенство помеѓу Стефан Влахов Мицов и Саше Шамарлитико.
Не беше така одамна кога Саше Шамарлитико беше носител на листата на партијата на Јанко Бачев за парламентарни избори.
Сега, слично како и тогаш, Бачев се надева дека ќе се шлепа на неспорната популарност на Мицов, промовирајки го како кандидат за иден претеседателски на Македонија.
За жал, ни од Шамарлитико бидна нешто, ниту Мицов ќе стане претседател. Преу партијата на Бачев – никако. Партија и лидер на партија базирани на удбашко кримнална приватизација на Центро, чии простории си ги узурпираа за партиско дувло, не можат на Македонија да и понудат ништо, најмалку претседател.
Па така, ова е одговор на прашањето “Зошто Дудинка повеќе не ги бјавува колумните на Мицов“.
Колумните се ОК, уште повеќе тие се брилијантни. Но, Дудинка нема намера да прави било каква промоција на џандарско-удбашка собиранка која се нарекува Партија. Мицов не е дел од тој џандарско-удбашки комплот, меѓуто како алатка токму тие го користат.
Дудинка
13.12.17
Скопје