Видови на партиски изјави за една иста случка:
“Благодарение на политиките на владата предводена од г.Зоран Заев, во НАШАВА ЗЕМЈА слободата е гарантирана за секого, дури и за дивите животни во планините”. – СДСМ.
“Влада на Заев уште еднаш ја покажа својата неспособност, дозволувајќи слободно да се движат диви животни, со можност да нападнат невини луѓе”. – ВМРО ДПМНЕ.
“Ние како политичка партија, заедно со нашиот коалиционен партнер, ги вложуваме сите човечки напори, за да обезбедиме СЛОБОДА ЗА СИТЕ и на Шара, каде што мнозинскиот дел на населението е од втората по големина етничка националност. Со ова покажуваме дека нема основа за било какви предрасуди кај останатите граѓани од другите националности. Ова е исто така уште еден показател дека со нашиот западен сосед НЕМАМЕ ПОТРЕБА ОД ГРАНИЦИ. Тоа ни го покажуваат дури и дивите животни. Нивното слободно движење ја покажува и нашата питомост како народ”. – ДУИ.
“Ова е уште еден показател за успешното водење на нашите модерни политики, во склоп на оваа влада, како и имплементирање на либералните вредности и целосна слобода за СИТЕ И ЗА СЀ”. – ЛДП.
“Ова е политика во која партијата на Ахмети дозволува слободно движење на диви животни во региони каде што албанското население е мнозинско, со цел нивно заплашување во пресрет на локалните избори, но ние нема да потклекнеме”. – Алијанса за албанците…
“К . . иња, немате м . да да затворите една мечка, а нас сакате да нѐ влечите по судови за да нѐ осудите и затворите, ама не ви даваме”. – Левица.
…. и така, секој според својата агенда, си го пропагира тоа како што сака да го чујат неговите поддржувачи, а оние на кои им е преку глава од партиски фарси, се дистанцираат од партиите и заклучуваат дека во Македонија СЀ Е ПАРТИЗИРАНО, па дури и дивите животни, оставајќи им на овие да ја водат државата во САМО ЗА НИВ познат правец…
Дуле Груевски
Битола