Дедо бугарски кмет, татко соработник на УДБ, синот денес поборник за обезличување на Македонија, фамилијарно е. Од Јосиф Јовановски, преку Мето, до Борјан Јовановски.
Мето Јовановски, книжевник и книжевен критичар родум од с. Брајчино, Ресенско, со место на живеење во Скопје. На насловната страница на досието, покрај личните податоци, меѓу другото, стои дека лицето се јавува како припадник на следните категории: Раководител (виден член) на фашистичка организација за време на војната, досието формирано од УСДБ Скопје 1973 година, а за линија на работа: експонирани непријатели за време на Втората светска војна. Во делот за манифестираната непријателска дејност и карактерни особини се вели: „Како ученик членувал во фашистичката организација Браник“. Преку американската амбасада два месеца престојува во САД. Произлегува од фамилија која активно соработува со бугарскиот окупатор. Неговиот татко Јосиф во окупацијата бил соработник на Италијанците, потоа на Бугарите и како таков кмет на с. Брајчино. Мето беше пребеган на бугарската окупациона зона и како ученик во Битола беше член на фашистичката организација „Браник“. Често контактира со АЦИ (Американски информативен центар) во Скопје.
Кога се вели „националист“ треба да се има в предвид дека службата на линија „националист“ ги ставала сите луѓе кои не се согласувале со системот, без разлика дали се бореле за Македонија или, како во овој случај, за туѓи интереси.
Додека престојувал во САД, Јовановски добил 100.000 долари за покровителство на Струшките вечери на поезијата со цел во 1974 година тие да ја добијат наградата „Златен венец“, што се случило со парите не се знае.
Во 1976 година Шкатров се јавува како врска во извештај во кој е наведено дека американскиот амбасадор во Белград престојувал во Брајчино во куќата на Јовановски каде се печело јагне.
Од голем „националист“ Мето Јовановски станува соработник на службата со псевдоним „Метимир“. Тој застанува на чело на Македонскиот ПЕН клуб – претходник на Хелсиншкиот комитет, токму во периодот на киднапирањето на Драган Богдановски и неговото осудување на 13 години затвор во 1979 година. Наредната година на Блед се одржувал маѓународен конгрес на ПЕН клубовите на кој ПЕН клубот од Љубљана сакал да го покрене прашањето за Драган Богдановски и прекршувањето на човековите права. Во една од депешите на СДБ на РСВР на СРМ, депеша број 2717, од 17 април 1980 година, за прашањето околу Драган Богдановски инспекторот заклучил „Во соработка со Центарот на ПЕН клубот на СР Македонија ќе се договори заеднички став по ова прашање“. Од депешата се гледа дека ПЕН клубот под водство на Јовановски бил во дитектна соработка со службите за безбедност, па така довчерашниот „националист“ а сега соработник Јовановски го симнал прашањето за Драган Богдановски од конгресот и по истото не се расправало. За време на предводењето на ПЕН од страна на Јовановски се случува и осудата на македонскиот поет Јован Котевски, дали за ова Јовановски не реагирал од одмаздољубиви причини не знам, но останува дека не реагирал.
По осамостојувањето на Република Македонија, токму Мето Јовановски станува прв човек на Хелсиншкиот комитет. Соработникот на УДБ сега ќе се „борел“ за човекови права, а сите понатамошни претседатели на Хелсиншки биле претходно опсервирани од соработникот, дали и тие биле соработници не знам, но останува да виси.
Дедото бил бугарски кмет во Брајчино, таткото бил соработник на УДБА, синот работи за обезличување и поделба на Македонија, едноставно, од генот не се бега.
Н. Србов