Современата наука упорно одбива да ги прифати новите докази од областа на астрономијата, физиката, хемијата, математиката. Од непознати причини современата наука сеуште упорно не лаже дека Месецот е природен сателит на планетата Земја. И ние, како жители на планетава, упорно веруваме во лагите.
Оние што тврдат дека Месецот е природен вселенски објект, не можат да одговорат на основното прашање: Како е настанат овој сателит?
Постојат хипотези, ам не и потврдена и докажлива теорија.
Спред хипотезата бр. 1, која е и најстара, Месецот е откачен дел од Земјата. Оваа хипотеза и самите автори ја прогласија за неможна. Месецот е преголем, за да не се види од каде се отцепил.
Хипотезата 2 вели дека Месецот е настанат од истиот звезден облак како и Земјата. Практично во исто време. Но, според истражувањата на НАСА камењата од Месечината не се иста структура со онаа на земјата. Згора на тоа, Месечината има гравитација 3.33 грама на кубен сантиметар, а Земјата далеку поинаков 5,5 грама.
Третата хипотеза кажува дека Месечината си дошла сама до овде како објект што долетал надвор од Соларниот систем. Оваа хипотеза е тотално неодбранлива.
Нормалното расудување има друга теорија која кажува дека Месечината е вештачки сателит донесен и паркиран во нашата орбита од интелигентни суштества. Еве ги доказите и анализите за тоа:
1. Месечината ротира со иста брзина како што и орбитира околу земјата Тоа е причината зошто никогаш не може да се види другата, “темна страна“ на Месечината. Таа страна за нас обичните граѓани е тотално непозната територија. Космички гледано таква, во милисекунди, идентична брзина на ротација не може да е природна. Тоа може само да го прави машина.
2. Исто така, Месечината е позиционирана совршено во однос на Земјата. Толку совршено, што прави совршена еклипса на сонцето. Како да е цртано со шестар. Тело кое “се одвоило од Земјата“, или тело “кое е создадено од облак“, или кое допатувал од друг сончев систем неможно е да има димензии како со шестар цртани.
3. Орбитата на Месечината околу Земјата е речиси совршено кружна, а не елипсоидна како кога би било нормално за орбитите во свемирот.
4. Месечината одекнува како ѕвоно, кога вселенско летало слетува на него. Таков звук се добива. Звук кој оддава дека објектот е шуплив.
5. Сите кратери (освен оние навистина мали) се со апсолутно иста длабочина без оглед на дијаметарот! Тоа е знак дека некои неприродни вештачки површини постојат под Месечината.
Така да, следниот пат кога ќе погледнете ком Месецот, подразмислете малку. Или мафнете им со раката на соседите кои живеаат таму.