Ма какви затвор, да се стреља

Ма какви затвор, да се стреља

Значи, не ви оди?! Така?

Целта за која на криминален и противуставен начин сте донесени од Џес Бејли на власт пред 14 месеци, а тоа е промена на името, не ви оди како што е планирано. Народот не ви прифаќа. Така?

Џабе ги убедувавте странците дека 75% од граѓаните биле “за“, џабе “прослава“ со продадени души музичар(к)и, џабе закани “за уши од дома ќе ги вадиме “бојкотирам““… Џабе, така?!

Еве и попладнево, надвор од Македонскиот устав и закони, надвор од меѓународни норми и прописи, спротивно на толку експлоатираната Венецијанска комисија, без одобрување од најголемата партија во Македонија – “изгласавте“ дека консултативно ќе си го питате народот.

Мислам дека и на вашиот робовладател Џес Бејли му е јасно, и токму затоа огромниот притисок врз ВМРО ДПМНЕ, дека без општонародно прифаќање овој инженеринг нема да го издржи тестот на времето. Еве на пример, како што и Косово никако на сила држава да биде, па сега ќе даваат една третина од територијата назад во Србија, така и со овој договор.

Направивте се‘ што беше можно, а тоа се‘ е апсолутно се‘ незаконски и криминално, за да створите услови за да се промени името. Ги пуштивте сите најбрутални криминалци и убијци од затвор. Ги напунивте вашите медиуми со “иновативни“ пари, па Героски заборава на говорт на омраза свој и на Тричковски, Секуловска заборава на говорот на омразам и расизмот на фашистот Борјан Јовановски против егејците, Пиже Михајловски заборава дека кај жената му се ушприцани пари за “иновација“ која воопшто и не постои. Си доделивте сами на себе пари Анѓушев и Локвенец, на своите роднини им дадоа пари Ласкова, велешкиот градоначалник и триста други роднини, заборавивте дека Боро МалБоро пукаше во полицијата бегајки преку граница… Не сакате да откриете кој и зошто го уби Јанушев. Не ги откривате двајцата соучесници во убијството на Саздо… Сето тоа го правите за да не загубите и некои од вашите малку останати поддржувачи, односно гласачи. На сите ваши им набутавте наши пари. И сите криминалци, бидејки СДСМ е само тоа – криминална, ги ослободовите и им дозволивте да дивеат и кољат низ градот.

И, пак не ви оди! Така нели?

Бројките ви се очајни. На избори, дури и со оној гнасен инженеринг на Џес Бејли од декември 2016-та, сега ви се пишува лошо. Меѓународната заедница чека на мускули да ја истуркате промената, да им завршите работа, па како употребена бинда да може да ве пушти низ вода, односно зад решетки.

И, бидејки се‘ направивте а поддршка не добивате, што ви остана?

Да апсите за помисла, збор, критика, гнев… Криминалците надвор од затвор, убијците на слобода, криминалците што крадат пари од државата исто така – ама за мисла на поединец, за критика од пратеник, одма да се тужи, суди, осуди…

Знам дека сте без капацитет а додатно и со поматен ум, но судење и заканување со убиства, затворски казни и репресии за јавно изречен збор е ФАШИЗАМ ПАРЕКСЕЛАНС. “Демократите“, “либералите“ и “слободарите“ станаа олицетврение на Гебелс, Берија и Мек Карти. Тие што ја пееа “Бела чао“ станаа Флуиенсо Батиста наместо Ернесто Че Гевара.

Веќе не гушкате дрва, не се раковрзувате околу трговски, комарците големи ко шангајка не ви пречат, уништувањето на Водно одеднаш ви стана еколошки оправдано, нафтата не ви е скапа, бензинот исто така, заборавивте на минималната плата од 500 евра, кучињата скитници што касаат низ Скопје не ги споменувате, децата што ги бодат со ножеви по автобуси и автобуски станици не ви предизвикуваат чуство на жал, не плачете по умрените бебиња и родилки – но, за тоа што Антонио Милошоски во името на Македонскиот народ бара јавно да се објават документите од предавството на Димитров и Заев на Преспанско езеро ќе бил гонет. За затвор било тоа!!!

Гневот на народот кон грчкиот фашизам и геноцид во минатото, како и гневот на народот против силувањето на Македонија и Македонците од страна на Грција во последниве три децении – е тоа било за суд, пресуда и затвор.

Заклучокот е јасен. Да се уништи, изгасне, потопи, угуши, замандли секоја слободна мисла и секој што слободно и патриотски мисли.

Се исплашивте од народот, по кој знае кој пат во последниве 30 години. Ако бевте исправни, сербес и сигурни во она што го правите немаше да сакате да се протнете на мала врата инсистирајки на “консултативен“ наместо на обврзувачки референдум. Се исплашивте од празните плоштади за “забавата“ за писмото од НАТО (не е покана, така?). Не ви одговара овој народ, тоа е!

Но, да ви биде јасно. Никој не ви се плаши. Јас не ви се плашам. Напротив. Ќе ве тепам додека сум жив. Јас не сум силеџија, насилник, уличен тепач… Мојата сила е зборот, мојата тупаница е мислата, моето оружје е моливот (тастатурата), мојата партија е јавноста.

Македонија НИКОГАШ северна – СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА.

 

Миленко Неделковски Македонски

 

30 јули 2018

Скопје