Мај – месец на …

Мај - месец на ...

Мај е на портите. Само што не дошол.

Мај е месец на роденденот на Другарот Тито, мај беше месец на Денот на младоста, мај е месец на Светите браќа Кирил и Методиј, мај е месец на ромите и нивниот Ѓурѓовден, мај е месец на Победата над фашизмот, мај е месец на Денот н Европа како обид да се украде и заборави Денот на победата на фашизмот, мај е месец кога е загинат Гоце Делчев, мај е месец кога е погребан Јсип Броз Тито, мај е месец кога има второмајски пикник, мај е месец кога се слави Денот на трудот… Аххх, да! Мај е месец за кога Христојан Мицкоски, две месеци предварително, најави голем митинг!

Секој митинг/протест би требало да има причина и мотив. Затоа митинг се оддржува апансас, во моментите на дешаванката заради  која или против која се демонстрира, митингува, протестира. Однапред, за разлика од протести, се закажуваат фестивали, семинари, конгреси, конференции, годишни одмори, слави, венчавки, крштевки…

Однапред не се закажуваат митинзи, протести и погреби. За да ги има, треба да има конкретна причина. Некој да умре, на пример. Ако нема конкретна дневна причина наметната од конкретен настан, тогаш митингот или погребот ќе е фејк. Лажен цепелин, како што сликовите би се изразил Стоилов.

Се плашам “Мајскиот митинг“ што го закажа Христијан Мицкоски да не ја доживее судбината на “Мајскиот договор“ што го потпиша Никола Груевски. Имено, и едниот и другиот да се шатро и да не важаат во реалниот живот. Груевски, на пример, го потпиша и го почитуваше  “Мајскиот договор“ кога беше дебело на негова и на штета на партијата му, ама кога нему му е потребен нема никаква негова имплементација. Па така и со протестот.

Во моите очи, “Мајскиот митинг“, кој засега неофицијално ќе биде на 20-ти мај, ќе е митинг на вистината за сегашната состојба во која се наоѓа ВМРО ДПМНЕ. Вака ранета, раскрвавена, на колена, безидејна, безидентитетна, безперспективна…

ВМРО ДПМНЕ е најголемата, најсилна и најсветла Македонска партија. Таа е единствената политичка опција во која просечниот и патриотски настроениот Македонец може да се препознае. Таа партија е најбројна според членството, според бројот на симпатизерте и според бројот на гласачите. Нема поголема, и нема ниту да има поголема од неа.

За жал, сегашното раководство, како и минатото раоводство во последните 2-3 години од нивното менаџирање на партијата, својски се потрудија да избришат се што е вмровштина во таа партија. Да избришат се што е традиција, нацинализам, патриотизам, домољубие, револуционерност… Успеаја да се откажат од еквидистанца во однос на светските сили… Успеаја да се приклонат кон едни а да се оддалечат од други соседи…

Во мај, ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да се преброи – на улица. Ќе изризикува Христијан Мицкоски да види колку луѓе ќе може да собере. И, дали било когаш ќе може да си го мери (рејтингот) и посетеноста на митинзите со оние на Груевски.  Мислам, лично, дека врвовите што во популарноста и масовонсота ги постигна Груевски се недостижни за Мицкоски, но проблемот не се врвовите! Прашање е дали Мицкоски може да ги достигне и падините под планината, пред да почне да мисли на достигнување на врвовите.

ВМРО ДПМНЕ во овој момент има страотно заслабната работа на теренот, каде популарноста им е намалена. Каде довербата што ја имале им е загубена. На овој митинг не можат да донесат администрација, како што би можел сега да направи СДСМ.  А не може да доведе и некого кому ќе му вети вработување. Значи, нема да има посета на митингот од “клиенти“. Плус, спротивната политичка опција и нивните полициско-кодошки ескадрони вредно и прецизно ќе бележат кој се качил во автобус, кој дошол, кој знаме веел. Исто така, ВМРО ДПМНЕ го нема СДСМ/Сорос/УСАид капацитетот да плаќа професионални митингаши по 50 евра на ден. Како што СДСМ правеше во златните времиња на кампингот пред владата и куртоно-фарбањето на Скопје.

Доколку Мицкоски не го закаже метингот пред Собрание, или барем пред Влада, ами на некој помал простор, тоа ќе значи дека не може да собере доволно народ. Доколку собере помалку од очекуваното, тоа ќе му е трета пораз во низа (локални 2017, интерпелација пред две недели и митинг). Тоа би било поразително.

На Мицкоски му е јасно дека публика на митингот нема да му донесат ниту реформаторите, ниту бодигардот Влатко Ѓорчев, ниту човекот со сериозни симпатии кон Британија Александар Николовски, ниту Титовите леви сили. Нема да има роми, турци, бошљаци, срби.

На Мицкоски ќе му стане јасно дека оградувањето на неговата партија и него лично од веење српско и руско знаме, од луѓе што не се гледаат себе си како дел од ЕУ и НАТО, за сонародници што не се пронаоѓаат себе си во договорт со Бугарија и законот за двојазичност, ќе му донесе далеку помала посетеност. Оти, без разлика дали е некој наклонет кон САД или Русја, дали некому му се свиџа или не Србија или Бугарија, тие сите се гласачи. Еден човек – еден глас. А ВМРО ДПМНЕ толку гласно и редовно се откажуваше од дел од луѓето да сега би било мизерно да ги повикува да дадат масовност и поддршка.

Јас лично на тој митинг нема да одам, оти немам живци да го слушам говорот на Влатко Ѓорчев, или настапот на Александар Николовски. Глупо би ми било да гледам како држи говор некој од реформаторите, а предходно додека не беа ставени од Џабир Дерала во ИК на ВМРО ДПМНЕ, беа толку многу глнасно плукани од луѓето што сега ќе бидат публика, односно од членовите.

Навистина би ме интересирало дали Груевски ќе дојде на митингот?! И ако дојде, дали ќе го слуша говорот на некои од рефорамторите? Тhat will be fun.

Тука, околу митингот на Мицкоски се поставува прашањето што ако на Зоран Заев му текне на ден или два по вмровскиот митинг, да опне свој контра митинг, сдсмовски? Има адмнистрација, има на оние што може да им вети вработување, има 50 евра по митингаш… Лани имавме такви потези, кога ситуацијата на полтичката карта на државата беше спротивна.

Кога ќе го читате овој текст, и кога со него ќе се согласувате или нема да се согласувате, помислете или пробајте да најдете одговор на уште едно прашање. Прашање кое многу работи разјаснува.

Имено, до пред само нешто повеќе од половина година, на месечна база бевме постјано бомбардирани од разно-разни мерења на јавното мислење. Мерња на рејтингот на партиите и на политичарите. Од есента лани наваму – мукла.

Што е работава? Скапо е? Или резултатите се очајни и не се за во јавност?! Јасно е дека мерења има, безмалку со интензитет ист како и до лани. Има такви мерења кој на редовна база ги прават и амбасадите. Ама, никој не објавува!!!

Еве, да се прашаме: Кој како стои на таа рејтинг листа во конкуренција на Иванов, Мицкоски, Заев, Груевски, Спасовски, Шекеринска, Александар Николовски?

И да се прашаме, зошто побогу никој не објавува рејтинзи. Кријат ли нешто?

 

 

М. неделковски

 

19.04,2018 Ск.