Вистината за Васе адвокатот и Весна судијата Димишкови е рол модел за функционирањето на корумпираното судство и обвинителство во Македонија.
Од сведочењето на Васил Димишков завчера во рочиштето за рекет, произлегуваат следниве прашања што се молчат во јавноста:
- Васил Димишков ги има во себе копиите од ПИМ мериките уште во август 2018-та!!! Како ги има, од кого ги добива, зоштоо ги поседува. Уште тогаш, со тој “аргумент“ му побарува 100.000 евра рушвет на Орце Камчев. Згора на тоа, за поблага мерка, доколку судењето се падне кај сестра му, бара додатни 500.000 евра.
- Во пораките што се читани на суд, има повече од 350 SMS пораки межу нив на Wats up. Стратегијата е дека Васил ја држи сестра му, а Боки 13 ја држи Катица Јанева. На тој начин се рекетирани многу фирми. На пример, Деан Пелистерка мунплатил 100.000 евра. На една од пораките вечерта кога одредуваат мерка притвор за Империја, Васил пишува SMS со содржина “Конечно ги ставивме во Шутка“.
- Кога Орце Камчев е во притвор, Кичевскиот ја носи Ана Камчева во станот на Васил Димишков, каде адвокатов и побарува 2, 4 и 6 милиони евра, зависно каква пресуда се бара. Кичевскиот ова го снима, а снимките и ги предава на Вилма Рускоска. Тоа е снимка која е пуштена на затворената сесија на судот. Ана Камчева плачела и си заминала. Останува дилемата како во обвинетите за рекет не се наоѓаат и Васил и Весна Димишкови.
- Краен аргумент на Васил Димишков кога побарува 6 милиони евра е дека сестра му после ова ќе си одела во пензија, па да се обезбеди за мирен живот.
- Во SMS пораките и PIM мерките има и такви каде Васил Димишков вели дека имаат комплетна поддршка од многу ваќен човек во амбасадата на САД во Скопје од човек кој се вика Дејвид Стивенсон. После сознанието на амбасадата на САД дека Стивенсон е провален, излезе со изјава амбасадорот Бејли каде вели дека амбасадата не се меша.
За Дудинка,
Миленко Неделковски
Скопје – 21.02.20