Масовноста кај партиите

Масовноста кај партиите

Минатиот викенд во сала Б. Трајковски СДСбез-м ги собра своите приврзеници. Многуте автобуси довезени од провинција не донесоа голема посета.

Утре своето членство ќе го собира ВМРО ДПМНЕ во сала Ј. Сандански. Ќе може да се процени посетеноста и енергијата.

“Малите” партии си водат своја битка. Родина не е формирана, ТМРО беше бришана па враќана во регистер, Третата на Палчо никогаш не стана партија, Бојкотирам (колку и да ги има) останаа на “имам једну жељу”.

Бугарската и партијата на Бунтур се творби на странски разузнавачки служби.

Трите преостанати се борат да покажат масовност. Медиумска поддршка има само Апасиев кој е сеприсутен на телевизиите со најави дека он ќе ги помати сметките на големите! Но, празната сала при неговиот говор, друго кажува.

Партијата на Солза оформена со помош на  1.000 потписи овозможени од една од двете големи партии, има помала присатност во медиумите, но сепак е присутна. За жал по оваа бивша СДСМ-овка, тоа не и донесува присаство на нејзините собири.

Единствениот за кој има сеопшта забрана за присаство на медиумите, Бачев и неговата Единствена Македонија, и без медијска покриеност собираат најмногу луѓе на своите партиски дешаванки.

Но, тоа не е доволно добра вест, за да ја покријат медиумите!!! Чудно некое професионално новинарство?!

Минатиот викенд во Континентал таа партија собра повеќе народ од сите мали партии и движења заедно.

Бачев после тоа заклучи: “Неделава имаа настани и условно кажано помалите партии. Партијата Единствена Македонија по број на членство, општински штабови, активности – пресови/соопштенија, функционирање на партиски органи, дефинитивно се наметнува до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Фотографиите кажуваат се од собирот на партијата на Солза, конгресот на Левица, Интегра досега немала ниту еден состанок на орган на партијата освен изјави на нивниот лидер Љупчо Ристовски и од друга страна од седницата на Централниот комитет на Единствена Македонија”!

Про-партиските медиуми, очигледно не донесуваат партиска посетеност!

Дудинка е секогаш отворена за ставови и докази.

Па така, ако има некој ова да го побие или потврди, Дудинка во секој момент е подготвена тоа да го објави.

 

Дудинка

20.12.19

Македонија