МАЛИГАНИТЕ НА ЕРОЛ РИЗАОВ

МАЛИГАНИТЕ НА ЕРОЛ РИЗАОВ

http://vecer.com.mk/?ItemID=FD755DF9E59285458335F54F68F2CD33

1. Ерол Ризаов по подолго време ги пофали институциите во оваа држава. Во својата колумна од пред 8 дена јавно потврди дека судските пресуди во Македонија ја вршат својата основна функција. Да делуваат воспитно и да ги обесштетат оштетените. Исто така, Ризаов призна дека во оваа држава секој има еднакви шанси. И доколку вреди, доколку е работлив и талентиран, доколку почитува институции и пресуди, може да успее во својата професија.

Сигурен сум дека казнено-поправниот систем во оваа држава, кога веќе беше прескокнат од Бранко Црвенковски во случајот со Глобал и Зоран Заев, сепак, ќе успее да ја исполни својата задача и во случаите со Велија Рамковски и неговото семејство, Љубе Бошкоски, Мирослав Шиповиќ, Зоран Божиновски, Владо Бучковски…
Но, за жал, останува тажната вистина дека ниту еден поправен систем не може да ги поправи трајните штети што ги нанесуваат малиганите на сивата маса наречена мозок, што во својот организам секојдневно, посветено, исполнително и во се поголемо и поголемо количество ги внесува Ерол Ризаов.

2. Најјезиво за опозицијата во Македонија е што нивната новинарска елита е составена од хронични алкохоличари. Оној од кај Чамо веќе го апсолвирав. Вториот, Војо Додевски, мораше да избега на најдалечниот исток и да живее како дома-свекор кај синот домазет. Војо Додевски, дома-свекорот, е перјаницата на СДСМ. Тажно.

3. Љупчо Георгиевски ќе гласал за Стево Пендаровски! И сега што? Бугаринот Љубчо за себе сврши работа со гласањата до овој момент, па сега и на Стево ќе му помага?!

4. Во пет од деветте точки, значи во 60% од текстот во својата колумна Горан Михајловски се исмејува со општините во Македонија што се обидуваат да овозможат брачна заедница меѓу еден маж и една жена. Дури Пиже им се лути на организациите што се борат за правата на жените зошто не реагирале?! Зошто не го критикувале ваквиот начин на создавање фамилија!!! Ја па него не сум го чул, ниту сум прочитал да искритикува сексуална врска меѓу еден маж и друг маж. За тоа нема не 60% од колумната, туку нема ниту 6 промили со текст на таа тема. Кај него Геј Е ОКеј. Брак Е Мрак.

5. Оливера Трајковска се пожали што нејзината емисија нема термин долг 5 часа. Таа мома имаше понуда да гостува оваа година кај мене. Но, како и нејзин Бранко и нејзин Зајко, избега од ризик да биде расчеречена на јавна сцена. И целото нејзино фолирање и незнаење да бидат видени на јавна сцена.

6. Радмила Шеќеринска да ти била Мариа Антоанета?! Дали тоа значи дека Бобо е Луј 16?
Луј, инаку, си имал проблем со органот”. Имал фимоза. Од каде па, за сево ова знае Оливера Трајковска? Ова се интимни работи.

7. Ете, и Венеција ќе бара отцепување од Рим. Како Шкотска од Велика Британија, а Каталонија од Шпанија. Значи, Млетачката Република пак ќе се врати на сцената! Што е следното? Дубровачка Република? Или енклава Велика Кладуша на Фикрет Абдиќ?

8. Самонаречен бизнисмен за џиџи-миџи производи од Крива Паланка го обвини премиерот дека сакото му било ретро. Му советувам на Груевски пред следниот настап на ТВ да отиде на шопинг со Марјан Стаменковски во Ќустендил. Или Перник… Или Радомир, на пример. Па, аутфитот да му биде одобрен од Марјан Версаче Кривопаланечки. А за отчетот, програмата и слични дребулии друг пат ќе стане збор.

9. Трифун Костовски кога разбрал дека Миленко е на платен список на Горан Стојков, се згрозил. Но, кога разбрал дека Орце Камчев двапати ќе му биде зет, се одушевил. Чувства се тоа, не може на нив да се влијае.

10. Сега Јавното обвинителство ќе може да праша како Трифун Костовски давал помош” на луѓето како Стојков, на пример?! Бидејќи парите не оделе вирмански, ами во кеш, тоа е спротивно на законот на Република Македонија. Па така, Трифун ќе треба да одговори како надвор од закон префрлал пари? Од каде му се тие пари? Како тој кеш стигнал во Македонија? Да не е тој кеш што го имал Трифун од шверц на дрога, оружје или човечки органи. Или можеби има вирман со кои се уплатени и префрлени парите?