Делувањето на Никола Груевски во Република Македонија има една историска отсечка која деклинира од неговиот т.н. чесен, исконско-македонски пат за зачувување и промоција на македонската култура, историја, традиција, јазик и идентитет. Неговиот пат на скршнување е некаде во периодот од септември до ноември месец 2014 година, кога се случува она веќе познато уценување од квинслишката алатка, тогашниот опозициски лидер, а денешен премиер на Македонија, Зоран Заев.
Јавноста виде едно кратко, силно селектирано (сечено и лепено) видео од таа средба-уцена во премиерскиот кабинет, но она што македонскиот народ (како единствена и најголема жртва на случувањата што следеа по таа средба или средби, оти информациите се дека имало најмалку три такви средби) не го виде е клучот на сценариото што доведе до денешното парчосување до раб на исчезнување на македонската држава.
Имено, уцената со видео снимки од геј-оргии, кокаински журки и пред сѐ криминално-клептомански активности (кои македонската јавност не ги виде до денес, а најверојатно нема никогаш ниту да ги види заради континуираната уцена и одработување на уценетиот во корист на уценувачите) во тој момент од Никола Груевски прават силна алатка и соработник во исполнување на сценариото за растурање на Македонија, а не силен борец за да не дојде до она до што дојде.
Врвна задача во тоа сценарио беше, а како што гледаме (поради судските процеси) и сѐ уште се т.н. 27-априлски собраниски настани (2017 г.), кога за домашната и светска јавност се одигра едно добро обмислено и инспирирано сценарио подготвено од Груевски, а реализирано од неговиот братучед Сашо Мијалков и од него контролираните криминалци и УБК-оперативци, што креираше слика на маченик од квислингот Заев и неговата криминогена партија, до нивна конечна и бетонирана инсталација во македонската власт, по што можеа да ја реализираат операцијата за уништување и исчезнување на Македонија, што е сѐ уште во тек.
За да биде приказната поуспешна, се разбира беа избрани и марионети, кои во случајот се видни членови на т.н. патриотски здруженија, кои до денес не можат (или не сакаат да разберат) дека свесно и планирано беа пуштени на бојното поле да бидат глинени голуби, а на свои плеќи до денес, а и во иднина, да го изнесат товарот на вината за таа театарска изведба.
Колкава и каква е улогата на Груевски во театарот “27 Април”, најдобро говори историјата на тоа што доведе до тој момент. Имено, скоро три месеци до тој настан, во организација на Груевски и Миле Јанакиески, на улиците во Скопје и во другите градови, секојдневно преку т.н. “Четврти Илинден” се организираа протести што имаа за цел да го исцицаат и последниот атом енергија на Македонците, за кога ќе дојде до момент да им се украде државата и сите нејзини вредности (јазик, идентитет, историја, име…) да немаат волја, ниту сила, да излезат масовно во одбрана на својата светост.
Паралелно, преку олигарх близок до Груевски и пред сѐ до Мијалков, во негова текстилна фабрика се шијат униформи(!) за патриотските здруженија, на кои од страна на Александар Василевски – Нинџа и неговата десна рака Никола Митевски – Кољо, поединечно им се земаат мерки и им се укажува дека е тоа “за да изгледаат пострашно на протестите”. Само по интервенција на тогаш виден лик од партијата ВМРО-ДПМНЕ, во роднински врски со еден од водачите на МПЗ “Ќосето”, овие лица се убедени да го одбијат “униформирањето”, бидејќи е истото против-законско и така маркирани им е јасно дадено до знаење дека се Спремаат за жртвување.
За жал, првата сугестија, патриотите ја прифаќаат, но укажувањето дека им се спрема местенка, едноставно ја игнорираат, заслепени од пликоата со солени суми, вработувањето нивно и на нивни најблиски во државна и во локална администрација и ред други бенефиции, кои по 27 април ги губат во еден миг, заедно со слободата!
Два месеци пред 27 април, Никола Груевски преку сите свои соработници задолжени за меѓународни односи, преку македонските дипломатско-конзуларните одделенија во Австрија, но и во соседните држави на оваа земја, бара по секоја цена да му се договори официјална средба во Виена, токму на 27 Април. Сепак, тоа оди потешко, бидејќи во тоа време е само партиски лидер и инкриминиран поранешен премиер. Токму заради тоа е неколкупати одбиван од страна на тогашниот министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој во тоа време дури и се жали во централата на Европската народна партија (ЕПП) дека Груевски преку стотици посредници по секоја цена сака средба со него токму на 27 април 2017 (!), но дека он не сака да се види со него.
Познато е дека на крајот, платено преку лоби-агенција, Никола Груевски успева да договори и на 27 април 2017 г. одржува средба во Виена со тогашниот пратеник во австрискиот парламент Рајхолд Лопатка (ама важна средба 🤮 ), на која со себе ги носи единствено Александар Николоски (кој во ноември 2017 г. , па сѐ до денес по наредба на Груевски е лидер во сенка на ВМРО-ДПМНЕ, со официјална функција потпретседател на партијата) и Бојан Василевски “Мали Нинџа” и Марјан Милошевски-Мацко, како обезбедувачи.
(https://m.mkd.mk/makedonija/partii/sredba-gruevski-lopatka-izbori-za-izlez-od-krizata)
Како што е познато, преку Бојан Василевски, кој е роден брат на Александар Василевски – Нинџа (клучниот човек, односно мост меѓу Груевски, Мијалков, оперативците на УБК и глинените гулаби-патриотите во театарот на 27 Април) Груевски комуницира со самиот Нинџа на денот на 27ми Април, што преку листинзите од телефонот на “Мали Нинџа” е утврдено во подоцнежното фарсично судење за собраниските настани од тој ден, како инспиратор и ко-организатор (заедно со братучед му Мијалков), за да даде насоки што и како да се случува тој ден во Скопје, додека е он на 1.000 км покриен со квази-средба во Виена.
Но, малку кој знае дека вториот обезбедувач, Мацко Милошевски, и тоа како има силна улога во покривањето на Груевски, не до-толку на самиот 27ми Април, туку пред и потоа, при бегството во Унгарија и преносот на црните торби со милиони евра, со цел платено обезбедување на азилот на Груевски кај Виктор Орбан, но и подоцнежниот враќање на кешот од Будимпешта во Скопје, со цел плаќање и одржување на про-вмровските медиуми и на партиското “Дувло”, кое до денес се покрива преку измислено спонзорство на уште поизмислена унгарска компанија за производство на маслиново масло (едни маслинки што растат во Унгарија, што да ти кажувам!).
Всушност, полицаецот Мацко е оној што заедно со својот брат Трајан Милошевски – Талетино, вработен во Царинската управа, како лица од најголема доверба на Груевски, се задолжени уште од 2015 година да ги пренесуваат торбите со милиони евра украден кеш на Груевски од македонските граѓани, што го прават на почетокот, додека е Груевски премиер, кога го придружуваат него при официјални посети на Будимпешта со владиниот авион, а потоа со возила со дипломатски таблички во сопственост на македонски дипломати во Виена, но и од околните држави на Австрија.
Да им биде на сите појасно, Трајан Милошевски – Талетино е всушност оној што беше снимен на ручек со Груевски во Будимпешта, по бегството на екс-премиерот (види слика), што е само една потврдена средба од стотиците што ги имаат, а кои се само и единствено за ре-дистрибуција на кешот од десетици милиони евра што го “заштеди” Груевски од десетгодишното управување со македонскиот буџет!
Како што е познато, по случувањата во Собраните и “херојското” крварење на Заев, Груевски итно се врати од Виена и рано изутрината на 28ми Април ги предаде од него подготвените глинени гулаби, патриотите од МПЗата, повикувајќи на прес-конференција итно да бидат изведени пред лицето на правдата и да одговараат за делата.
А, по оваа театарска претстава, како што е познато, следеше брзо инсталирање на квинслишката власт на Заев, која ја парчоса македонската држава, а вековното и исконско име на државата беше променето една година подоцна, со силна асистенција на Груевски и Мијалков и нивно обезбедување на осум гласа од од-нив избраната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, по што власта на Заев му обезбеди безбеден излез на Груевски од државата и негова преселба во Унгарија.
Неодамнешната правосилна пресуда за наместените патриоти за 27ми Април, изразена во по десетици години ефективен затвор за секој од нив, изминатиот период го растурија рајот на Груевски во Будимпешта, бидејќи кај него единствено владее страв дека откривање на неговата улога во оваа местенка (како од тоа некој од патриотите да се свести и да пропее што сѐ знае, така и од тоа во екот на судењето на Чавков, Миле, Спире и останатите блиски на Груевски да ја откријат вистинската позадина), може да значи негово депортирање во Македонија и долга, долга затворска казна.
Токму затоа е активирана квази-медиумска машинерија од страна на Никола Груевски во Македонија, каде од никого предизвикани, одеднаш платени песови од Будимпешта, по секоја цена се обидуваат да измислат и спинуваат приказни за 27ми Април, само од таа претстава да го извлечат инспираторот и ко-организаторот на тој настан кој се вика НИКОЛА ГРУЕВСКИ!
Проблемот е што сето ова и тоа како го знае инквизаторската власт на Зоран Заев, но им одговара, бидејќи Груевски и Мијалков се нивни партнери во злосторството врз македонската држава и народ и како такви, уценети и контролирани, им обезбедуваат асистенција во критични моменти кога Владата на струмичкиот Квислинг е на клима и нозе!
(Втор дел од анализата на лице од непосредната близина на Н. Груевски, магистар по ниво на едукација)
14.02.21
Напомена:
Редакцијата на Дудинка е bulletproof од закани. Така да, џабе везете.