МАКЕДОНЦИ

МАКЕДОНЦИ

Н: Не сум ни Бугарка, ни Србинка, јас сум Македонка и ми е смачено од војни!Троглавиот змеј проголтал илјадници Македонци во битката меѓу Србите и Бугарите на KајмакчаланПН1: Во таа кланица што траела од 12 до 30 септември 1916 година во Првата светска војна, жестоките борби биле водени гради во гради со бајонети, а врвот Kајмакчалан бил прекриен со тела на мртви војници. ПН2: Во составот на српските „доброволечки“ одреди имало голем број македонски војници или присилно мобилизирани македонски граѓани. На страната на бугарската војска учествувале или биле присилно мобилизирани Македонци во составот на Петтата, Седмата, а особено во Единаесеттата таканаречена Македонска дивизија, во чиј состав влегле 33.000 Македонци. Македонци имало и во грчката, а незначителен број различни начини се нашле во француската војскаПН3: Сведоштво во написот „На патот Монастир“ од новинарот Херберт Kори во американскиот весник „Нешнл џиографик“ во мај 1917 година, осум месеци по Битката на Kајмакчалан: Во написот новинарот објавил фотографија од семејна веселба во село Добровени (едно од селата под Kајмакчалан). Покрај другото, новинарот се интересирал и за националната припадност на жителите за да разбере дали се Срби или Бугари? Се изненадил од пркосниот одговор на една стара жена која му рекла „ни Бугарка ни Србинка, јас сум Македонка и ми е смачено од војни – вели истражувачот Ѓорги ЛазаревскиЖанета ЗдравковскаМакедонците го викале Kајмакчалан, зашто облаците на 2.521 метар го покривалеврвот како со кајмак. За Србите бил Kапија на слободата, зашто оттаму мислеле дека „ќе ја ослободат татковината“, а за Бугарите бил Борисов град, зашто врвот им бил најдоброто утврдување со боцкава жица и ровови. Војниците уште го нарекувале Kрвав Kамен. Еден офицер, пак, го нацртал како троглав змеј – највисокиот врв Kајмакчалан и околните ридови.Вака морничаво поради стравотните борби, но и величествено поради стратешката позиција, војниците на Солунскиот фронт го доживувале Kајмакчалан, врвот на Ниџе, капата на Балканот. Точно пред еден век на планинскиот срт се одиграла прочуената Битката на Kајмакчалан, една од најкрвавите во Првата светска војна, но и една од историски највисоките битки во светот.
ПН: Епопеја на врвот На врвот каде што денес во костурницата мирно почиваат стотици черепи од загинати војници и маглата ја покрива црквичката подигната во нивна чест, во септември 1916 година се случувала вистинска кланица. На највисоката кота била утврдена бугарската војска како составен дел од Централните сили, а српските и француските војници од Антантата се обиделе да го пробијат Солунскиот фронт и да стапнат на врвот. Војната покосила илјадници животи, војниците си ги оставиле коските по падините, сртот и рововите, а раскажувањата за пеколот останале до денес. – Тоа беше едно големо планиниште. Врвот бил најутвредената положба што ја имале Бугарите. Србите доаѓале од гол терен, само камења имало како засолниште, но шума за прикриено дејство не постоела. Токму затоа имало жестоки битки и големи жртви. Рововите биле послни со убиени војници од едната и од другата страна. Немилосрден бој. Напад, контранапад во повеќе наврати, тука страшно се гинело. Се одело с` до борба со бајонети. Се топел бројот на војници. Таа битка била права епопеја – вели Томислав Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите воМакедонија. Тој пораснал со раскажувањата за стравотните битки на сртот каде што војувале неговиот дедо и двајцата чичковци. – Едниот чичко беше артилериски офицер, а другиот командир на чета. Едниот беше тешко ранет од Бугарите, куршум му помина низ главата, па беше лекуван во Зович, во болници во Солун, по војната закрепна. Другиот стрико, Kрсто Жуќиќ, којбеше офицер доби Kараѓорѓева ѕвезда за борбата на Kајмакчалан. Раскажуваше дека се движеле во јуриш кога имало магла. Се случувало кога ќе дојдат до жиците кај бугарската војска, да се крене маглата и да настане касапница. Така еднаш му се случило, па овој му рекол на соборецот „Јосипе, копај за име божје, да се скриеме!“. А таму не можеш да копаш, можеш само некој камен да ставиш – додава Жугиќ. Нападот на Kота 2521, како што оваа битка ја нарекува доктор по историја Александар Литовски, се одвивала од 12 до 30 септември во 1916 година. Токму со неа за првпат тука бил пробиен Солунскиот фронт од страна на силите на Антантата. – По повеќедневни жестоки битки и огромни човечки загуби на двете страни, на 26 септември српските војски од Првата српска армија, односно од Дринската, Дунавската и дел од Тимочката дивизија ги пробиле бугарските одбранбени линии и го зазеле врвот Kајмакчалан. Во периодот меѓу 26 и 30 септември 1916 година се воделе неколкудневните борби за зацврстување на позициите со меѓусебно преземање на врвот од двете страни. На крајот српските војски дефинитивно на 30 септември го зазеле врвот и ги потиснале бугарските војски кон внатрешноста на областа Мариово – вели Литовски.
Во овие борби српската армија загубила над 4. 600 војници. По оваа битка српскитевојски продолжиле да напредуваат и на 19 ноември ја зазеле Битола. МН: Тешко може да се изброи колку Македонци се борелеСведоци на страотните битки биле и многу мобилизирани Македонци и во српскатаи во бугарската војска. Историчарот Литовски вели дека уште од почетокот на Првата светска војна (1914), на првите судири на српско-црногорската со австро-унгарската војска, македонско население било мобилизирано од војските на Антантата и од Централните сили. Во составот на српските „доброволечки“ одреди имало голем број македонски војници или присилно мобилизирани македонски граѓани кои и дотогаш живееле во Србија, а особено во делот од Македонија што и припаднал со одлуките на Букурешкиот мировен договор.- Речиси без никаква претходна воено-тактичка подготовка, регрутите од Македонија биле испраќани во првите борбени редови на фронтот во Западна Србија против војските на Австро-Унгарија и голем број македонски регрути ги оставиле коските на боиштата во Западна Србија, за време на Церската (16-19/08/1914) и Kолубарската битка (од 2 до 14/12/1914) – вели Литовски. Тој додава дека на страната на бугарската војска учествувале или биле присилно мобилизирани Македонци во составот на Петтата, Седмата, а особено во Единаесеттата таканаречена Македонска дивизија, во чиј состав влегле 33.000 Македонци. Македонци имало и во грчката, а незначителен број на различни начини се нашле во француската војска. Според него, тешко е да се утврди колкав број Македонци учествувале во Првата светска војна и во Битката на Kајмакчалан. – Многу тешко може да се утврди бројот на Македонците регрутирани во странските војски, како и бројот на оние кои учествувале во битката на Kајмакчалан, со оглед на фактот дека војниците никој по националност не ги запишувал како Македонци, ниту водел сметка за цело времетраење на воените дејства од каде се вршела регрутацијата. Евентуалното приближно одредување на бројот бара сериозни, темелни и долгорочни историографски истражувања од екипи на историчари, а такви до сега не се правени. Во секој случај, недвојбено е учеството и жртвите на македонското население во странските војски во Првата светска војна – вели Литовски. МН: Еден Новевски закопан кај Солун, друг кај ВалевоНашата екипа досега во повеќе наврати го посетила Kајмакчалан. Во текот на тие посети слушнавме многубројни раскажувања дека тоа била братоубиствена војна вокоја се случувало Македонци, учесници во спротивставените војни табори да нишанат еден кон друг.

– Во една објавена книга „Са Зетилик“, тоа е најголемата гробница кај Солун, истражував да видам дали се совпаѓа некое име и презиме на војниците со македонско. На една страна има забележано Битола Јован. Тоа е знак дека не му го знаеле презимето, па му го напишале родното место. Има и гробишта на кои пишува дека Новевски е закопан таму, а другиот брат кај Валево – вели истражувачот Петар Ставрев. Дека населението во тоа време имало развиена национална свест и им се здушманило од војни сведочи и написот „На патот Монастир“ од новинарот Херберт Kори во американскиот весник „Нешнл џиографик“ во мај 1917 година, осум месеци по Битката на Kајмакчалан. – Во написот новинарот објавил фотографија од семејна веселба во село Добровени (едно од селата под Kајмакчалан). Покрај другото, новинарот се интересирал и за националната припадност на жителите за да разбере дали се Срби или Бугари? Се изненадил од пркосниот одговор на една стара жена која му рекла „ни Бугарка ни Србинка, јас сум Македонка и ми е смачено од војни“ – вели истражувачот Ѓорги Лазаревски. Новинарот во текстот напишал и дека по оваа битка бил заземен градот Битола. „Приказната за Македонија денес е приказна за патот Монастир. По овој пат минеле војските на славниот војсководец Александар Македонски и Kсеркс со своите легии. Тоа е патот кој во историјата е запишан како врска меѓу Јадранското иЕгејското Море. Тука близу го здогледувам и градот Монастир, окупиран пред неколку зими во битка која безмалку ќе се наречеше голема битка. Понатаму го здогледувам Солун, сојузничкото упориште, градот каде Сулејман Величествениот ја изгради белата кула, градот кој беше пет века под турско ропство“.Kори за време на посетата видел и српски и бугарски војски во Македонија, а бил сведок на последиците од војната врз цивилното население.„Низ вековите имало многу војни во Македонија. Kако што се менувале окупаторите, така и управувањето со населението. Пред малку беа под Турците, па по откако Грците ја зедоа, почнаа да ја оданочуваат. Се наметнаа и Бугарите и Србите, а селаните беа збунети и често ги напуштаа своите огништа. По патот Битола, можев да видам колони на бегалци. За некои надворешниот свет беше сосема непознат, затоа што никогаш немаа излезено надвор од своите куќи“, запишал Kори за последиците од војната. Рамака:Н: И по 100 години Битката кај Kајмакчалан го бранува БалканотKајмакчалан и по сто години го бранува Балканот. Српскиот претседател Томислав Николиќ деновиве со хеликоптер се искачи на врвот да положи цвеќе на
костурницата која ги чува посмртните останки од загинатите војници од фронтот. Припадници на бугарската армија предводени од нивен генерал, на своја рака без дозвола од Македонија, во мај годинава поставиле плоча на македонска територија, на врвот Kајмакчалан. Плочата е посветена на бугарските војници кои загинале во Првата светска војна. Бугарскиот министер за одбрана Николај Нанчев во бугарското Собрание јавно изјавил дека не само што нема да ги казни војниците, туку ќе ги награди и самиот ќе положи цвеќе на плочата. Минатата недела, плочата ја урна македонскиот новинар Миленко Неделковски, објавувајќи фотографии од настанатот на својот фејсбук профилДеновиве воени делегации на Бугарија и на Грција присуствувале на молитвата штоархимандритот Атанасиос ја одржал крај плочата за душите на паднатите бугарски војници во Битката на Kајмакчалан. На поменот присуствувала бугарска делегација,предводена од началникот на одбраната, генерал Kонстантин Попов, адмиралот и пратеник Пламен Манушев и поранешниот командант на поморските сили, бригадниот генерал Јавор Матеев, командант на 68-те бригадни специјални сили, војници, како и генералниот конзул во Солун, претставници на грчката армија, пратеници и други. Ваквото однесување предизвика револт кај Македонците. Тоа ги „запали“ социјалните мрежи, каде што во коментарите бараат соседните држави да признаат дека на Kајмакчалан гинеле и Македонци. – Наместо да ги признаат загинатите војници Македонци, тие секогаш го бранеле нивното, па сега велат дека Kајмакчалан бил уште нивни! Kаква ароганција! – напиша Kире Добрушевски, иницијатор на ставањето крст во Црнобуки посветен на Македонците загинати во балканските и во Првата светска војна. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, пак, побара реципроцитет во одбележувањето на историските датуми со Србија. – Оваа посета за 100-годишнината од Битката на Kајмакчалан, а исто така и претходната прослава на Зебрњак и прославите на Свети Сава, се она со што Македонија покажува како сака да ги гради добрососедските односите со своите соседи. Затоа очекуваме и Република Србија да излезе во пресрет на оние одбележувања на настани кои ги имаме од наша страна, а се на територијата на Србија – рече Иванов. Од Заедницата на Србите велат дека не се против заедничко чествување на настаните, но дека македонската страна го одбегнува тоа. – Од македонската страна н` прогласија за окупаторска војска, но тоа нема врска. Тогаш тој дел од Македонија се сметаше за дел на Србија зашто ги истера Турците од овде и тука постави државна граница. Никој не негира дека тука живееле Македонци – вели Жугиќ.
Рамка2:Н: Со седум рани доживеал 102 годиниВо 1968 година за последен пат костурницата на Kајмакчалан ја посетиле воените ветерани и преживеани борци од Солунскиот фронт. Жугиќ вели дека сведочел на многу потресен настан кога тие почнале да ги бакнуваат черепите на нивните мртвидругари. – Беше септември 1968 година. Дојде група од 60 солунци (војнници кои се бореле на фронтот), јас од мојот старешина бев задолжен да ги превезам со теренски возила. И тогаш ги доживеав луѓето на поинаков начин. Повеќето од нива беа над 80 години, па и над сто. Едниот рече „имам седум рани, а сум 102 години“. Јас го прашав „добро како покрај толку рани дотуркавте до 100 години?“ Рече „ние што гладувавме не умираме брзо“. Ги гледав како плачат, како ги бакнуваат черепите во костурницата на нивните другари. Тоа беше последното нивно доаѓање – раскажува Жуѓиќ