МАКЕДОНСКАТА ПОБЕДА НА ХЕРОНЕЈА

МАКЕДОНСКАТА ПОБЕДА НА ХЕРОНЕЈА
Датум 2 август 338 п.н.е.
Место во Беотија
Исход Решавачка македонска победа
Завојувани страни
Кралство Македонија АтинаТеба
Команданти и водачи
Филип IIАлександар Македонски Хар од Атина, Лизикле од Атина, Теаген одБеотија
Сила
32.000 30.000 – 35.000
Жртви и загуби
непознати 1.000 загинати атињани
Вкупни беотски жртви непознати (но најмалку 254)

 

 

Битка кај Херонеја (338 п.н.е.) — важна битка на Македонското кралство под водство на Филип II Македонскиодиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип II Македонски. Таму Македонците иТесалијците под командата на Филип (со 32.000 војска) ги поразил помалите здружени сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во Грција.

Битката се водела по класичните принципи на војување — фалангата на Атина и нејзиниот сојузник, Теба наспротимакедонската фаланга на Филип. Атињаните биле на левото крило, а Тебанците на десното (со важниот Свет баталјон) најдесно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија. Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото – иако надгледуван од најдобрите команданти на кралот. Славните коњички придружници биле сместени позади македонската борбена линија.

Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие грчките линии. Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен одхрабар баталјон (веројатно роднини и пријатели); откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а Атињаните – страствени, но неувежбани – не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на Атињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. Од славните 300 членови наСветиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.

Грчките полиси биле поразени и потпаднале под македонска власт, но немале статус на робови и не плаќале данок. На Општиот Мир вклучен во зимата 338/7 г.п.н.е. на Грците им била дозволена слобода и автономија но сепак била ограничена, следните обврски наметнати од Филип II Македонски, забрането им било:

  • насилно менување на уредувањето
  • нова прераспределба на земјата
  • отпишување на долговите
  • ослободување на робовите
  • терање на политичките противници
  • конфискација на имотите
  • враќање на политичките бегалци
  • стапување во служба на други држави
  • здружување во сојузи
  • меѓусебни борби
  • мачење на робови

Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип II Македонски иако воено не ги окупирал (освен поставените четири воени бази околу островот Евбеја), сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос наМакедонците.[1]