И така, додека телевизите трчкаат низ Унгарија да го бараат Груевски, додека сегашнава нелегитимна власт неуспешно лаже дека не знаеле и не асистирала во заминувањето на Груевски, додека сите мерачиме на притварањето на Мијалков, Панделевски и Камчев – караванот на малцинството (албанците) што владее со мнозинството (македонците) успешно си врви.
Тоа си има меѓународна терминологија и се вика АПАРТХЕЈД. Кога малцинтвото на сила и со помош на странска интервенција владее со мнозинскиот народ.
Па така, во моментов во центарот на Европската унија, Република Македонија има три дипломатски представништва: амбасадата при Кралството Белгија, Мисија при ЕУ и Мисија при НАТО. И трите амбасади ги водат Албанки, а во дипломатскиот персонал доминираат Албанци.
- Шпреса Јусуфи (в.д. амбасадор со статус министер-советник во НАТО, испратена од МНР). Иако со статус министер-спветник, што значи дека според правилникот на МНР и следуваат 1.300 евра за месечно изнајмување на стан, таа изнајмува амбасадорска резиденција за живеење за која МНР плаќа 3.500 евра. Исто така во таа Мисија при НАТО се и Исмаил Ебили (министер-советник), Ведат Реџепи (прв секретар), Тирон Јајага советник испратен од Министерството за одбрана, познат по овој скандал (https://infomax.mk/wp/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0/ )каде на протести во Брисел пред Европската комисија бара Македонија да стане Илирида, поради што не само што не е отповикан и суспендиран, туку Шекеринска му го продолжи мандатот до 2019-та, како и Ерол Садики како локал стаф.
- Афродита Бајрами (в.д. амбасадор при Кралството Белгија испратена од МНР.
- Агнеза Руси – амбасадор при ЕУ, испратена со указ на Претседателот Иванов како копромисно решение со владата на Заев.
25.11.18