Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец. Тој е единствен кој засега се попишал и се евидентирал дека живее на оваа далечна дестинација. Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 квадратни километри. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња.
Оваа држава е меѓу 50-тината во светот за коишто може да се каже дека пописот заврши само што почна, откако на онлајн апликацијата веднаш се регистрираа по еден, двајца, или максимум по тројца македонски државјани. Иако статистичката операција трае до крајот на месецот, од јавно достапните податоци на Државниот завод за статистика од онлајн попишувањето на дијаспората, веќе може да се сумира на кои се далечни дестинации се „лоцирани“ македонски државјани, кои што заминале да работат и живеат во странство.
Малкумина евидентирани на егзотични острови
Во 45 земји во светот живеат по двајца или само по само еден македонските државјанин. Во 27 земји од март годинава на онлајн пописот којшто го спроведува Државниот завод за статистика, се попишал само по еден македонски државјанин. Бахами, Фокландските острови, Шри Ланка, Филипините, Бермуди и Боцвана се дестинации на коишто е евидентиран само еден државјанин од земјава. По еден Македонец е заведен во пописната евиденција и на егзотичните Кајманските острови, Камерум, Костарика, Кукови острови, Лаос, Мавританија и Маврициус.
Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани.
Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани, коишто живеат и работат на овие далечни дестинации. Двајца Македонци има и во Доминиканската република, Панама, Аланд острови.
Тројца македонски државјани изминативе години заминале на Антарктикот, исто толкава бројка живеат и во Џибути, на Фарските острови, во Еквадор, Замбија, Перу, Сејшели и Бонер, Сент Еустатиус и Саба.
На пописот се пријавиле и четворица во Виетнам и Камбоџа, додека петмина Македонци живеат во Аруба. Девствените острови се дом за петмина иселеници од земјава, шетстмина на Хаити, а десетмина Македонија ја замениле со Брегот Слонова коска како дестинација за живот.