Кога соросоидите и исфрустрираните пропали сдсмовци имаат магла во главата, тешко може да им се обајсни за маглата во Скопје.
Затоа, ова не е текст за нив, ами за оние што резонирааат неоптеретено политички.
Магла во Скопје, како метеоролшки феномен, имало од секогаш. Јас разбирам дека има народ што прв пат видел авион пред некоја година, или е со тазе лична карта од Скопје, но магла во Скопје и Скопската котлина имало од секогаш. Од кога почна да има сериозен авио сообраќај на Аеродромот Петровец, значи уште од пред 50 години, зимски месеци се доба кога многу денови се затворени за летови. Заради магла, секако. Јас лично, десетина пати од “последниот од Белград“ (тоа беше комуникацијата за Скопје) авион, сум слетувал во Охрид, или сум преспивал во “Славија“ (хотел во Белград на Трг Димитрие Туцовиќ) или ме возеле со автобус до Скопје по стариот пут “Братсва и Јединства“.
Тешки магли во Скопје имаше и во градот и порано. Скопје е во котлина, Катланово е природно мочуриште (ефектот на сунѓер на мочуриштата ќе ги објаснувам друг пат), па така да условите за дебела магла се идеални. Магла имаше во зимските месеци и во 60-тие, и во 70-тите… Имаше таква магла, да некои утакмици на Вардар беа под знак на прашање дали ќе се играат, оти од центарот не се гледаа стативите.
Додатно со огромната водена маса од езерото Козјак, кое е зад планинските обронци на југо-запад, ја прави климата многу по влажна.
Секако, дека и загадувањето има своја улога. Секако.
Но, да си останеа “скопјаниве“ во своите помали средини (градови, паланки, села…), на улициве немаше да има толку возила. Индустријата да се распределеше рамномерно низ државата, и загаденоста немаше да биде таква. Овие новоскопјани да не ги лечеа комплексите сакајки да се у ауто, а не да ги користат новите, удобни и навремени автобуси на ЈСП, ситуацијата со маглата ќе беше за нијанса подобра.
Вака, Скопје со 700-и-кусур-илјади жители, кое на дневна основа е “нападното“ со неколку стотици илјади што доаѓаат од цела Македонија, Косово и Јужна Србија, се претвара во котел со над милион луѓе и стотици илјади автомобили со по еден возач (патник) во нив.
Но, нема потреба да се раѓа носталгија на старите скопјани за старото Скопје. Скопје е метропола, престолнина на државата, и како секоја таква ја плаќа цената на прогресот.
Секако, вредно е да се знае, дека доколку некој (било кој) имал амбиции кога ќе се пресели во Скопје да има услови како во селото од кое доаѓа, тука гадно се зафркнал. Овдека има асфалт, издувни гасови, семафори, бука од сообраќајот, гужва по улици. Сето она што го нема во средините од каде селаните се преселиле во Скопје. Овдека нема ливиади, полиња, кладенец, пој на птици, мукање на говеда, довикување од планина на планина, чист воздух, бел снег. Ова е град.
Јас, како момче, на улицата Страшо Пинџур (денешна Борка Талевски) со другарите играв фудбал на мали голчиња, сервис, набацуванка и триста други работи на среде улица. Немаше живо ауто да ни ја попречи играта. Оди сега, кај Песталоци играј фудбал. Не може по плочник да се мине од паркирани возила.
Па така, како се менуваат времињата, така се адаптира и климата. Во случајов маглата.
Глупо е за маглата да ја обвиниш Владата. Глупо, политизирано, абдалски… Тоа е како да го обвиниш Груевски дека кога доаѓа ноќта се стемнува!!! Да протестираше “Не сакам ноќ. Доле Влада“!
Имам многу пријатели низ светот. Лондончани, парижани, римјани, од Тампа, Милано – од секаде. Никој не живее во градот. Сите се на дистанца од неколку километри до неколку десетина километри од мегалополисот.
Во Македонија сеуште владее логиката дека ако си се преселил во Скопје, а потоа се вратиш во помалиот град, дека не си успеал во животот. Добар дел од студентките доаѓаат во Скопје не да дипломираат, ами да се омажат. Тоа е судбината на секој голем град.
Пред некој ден, на булевар Кочо Рацин, некаде околу Олимписки, пред мене возеше црно Ауди А8 со струмички регистрации. Гужва, чекање… Се отвора задното десно прозорче десетина сантиметри, и едно раче фрла конзерва од испиен газиран напиток. За такви треба додатна едукација.
Исто така, се соочувам со нервозни типови кои легнуваат на сирените на автомбилите бунејки се дека сум застанал на СЕКОЈ пешачки премин да пропуштам пешаци (таму тие имаат апсолутно предимство), и на секоја споредна уличка за да пропуштам барем едно возило што чека да се приклучи. Таа култура на возење не е дел од новоскопското однесување. Треба едукација, ама преку ноќ од опанак у ципелу не се влегува.
Искрен да бидам, од друга страна знам многумина новоскопјани што се далеку поцивилизирани, покултурни и адаптирани на голем град од луѓе што се издаваат за стари скопјани. Значи, не е до потеклото, до човекот е.
Овој текст има за цел да објасни дека во Скопје и порано имало магла. Дека маглата во главата на партиските војници на СДСМафија не може да ја реши никаков ветер. Никакво испирање со дожд.
Во овие години, благодарејки на оваа влада се отворија многу работни места низ републикава. Значи не само за ниско и среднообразовани кадри, ами и за викособразовани и стручни. Фабрики со производи од високата технологија. Со големи плати. Па така да сега, доколку не се сака живот во скопска магла, постојат адвенс фабрики во Штип, Велес, Кавадарци, Битола каде бараат луѓе да вработат.
Градоначалниците од општините околу Скопје (Петровец, Илинден…) понудија на продажба по мнигу поволни услови плацови за семејно живеење кои се надвор од градот. Тренд које е присутен во светот од пред 60-тина години. Еден семеен плац од 400-тина квадрати, може да се излицитира за горе-доле 1.000 евра. Градењето е 280 евра за квадрат клуч на рака. Па така за 60 квадратна куќа во близина на Скопје трошокот би бил околу 20.000 евра. Има кредити, они за млади до 35 години и слично. Па така наместо гарсониера од 18 квадрати во Градски зид, за да се кажеш дека си од Скопје, од Центар, можеш да си комотен во 6о квадрати и двор од 340 квадрати на 15 минути возење со автомобил, или 30 минути со ЈСП.
Така да опции за живот во почиста средина има, само треба да се излезе од маглата во мозокот и од партиските директви.
Крајно, овие што протестираат, кога веќе го прават тоа, нека не ја промашуваат адресата. За да Скопје биде помалку загадено, потребно е да се грее со чиста енергија. Значи со гас. Гасификацијата ќе отстрани добар дел од проблемот.
Но, гасификацијата ја блокираат и оневозможуваат токму оние што ги финансираат разните еколошки друштва во Скопје и Тетово – амбасадата на САД. САД е таа која и се лути на владата во Македонија што би сакала да се приклчи на Јужен тек, да биде дел од Турскиот поток… Сите тие акции за доведување чиста енергија на Балканот, а со тоа во Македонија и Скопје, ги саботираше токму САД.
Затоа, Илинденска ББ е погрешна адреса. Ако веќе се протестира, треба да се иде на Кале, пред канцеларијата на Џес Лапниго Бејли.
Миленко Неделковски
30.12.15 во 8.22 часот во утро без магла
Напомена:
Фотографијата е од 1955/56 при слетување во Скопје на Виолета и Борче Неделковски.