Не е дека ова не го знаев. Го знаев уште од години наназад. Имав документ кој тоа го потврдува. Судот, судењата, пресудите си имаат свои назнаки, рокови, директиви… Не е тоа башибозук. Го имав и сознанието дека осудителната пресуда против мене, во време на СДСМ два пати ја рушев на Апелација. не сум тип како Велија, или медиум како Телма или Сител, своите судски рочишта да ги споделувам со јавноста, на тој начин да правам предност над судот и обвинителството.
Го знаеше ова и Основен 1 и Кривичен совет и Апелација и Управата за извршување санкции…
Но, ова го знаеа и мојот адвокат, но и Мики Вуиќ, Петре Шилегов, Филип Медарски и сите други про-сдсмовски адвокати во замјева. Го знаеа, ама сакаа да прават маниулации.
Го знаеја и сите судии, обвинтеи, судски службеници.
Знаејки го ова, јас никогаш не сум одговарал на закани и провокации од типот “ќе лежиш во затвор кога ќе се смени власта“. Власта се менува, судот и законите остануваат. Јас одлуките и назнаките на судовите ги почитувам во целост. Колку и да мислам дека се неправедни кон мене. Како што може да видиме Зоран Заев, Тито Петковски, Зоран Верушевски не ги почитуваат.
Она што ми пречи во ова соопштние на Основен 1 е што сето ова е заради глупости пишувања во порталчиња на криминалци – веб рекетари од Охрид и Крива Паланка. Судот и Претседателот на судот не би смееле да се симнува на нивно ниво.
Но, благодарен сум што со ваков официјален допис е напишана вистиата и се уништени манипулациите на Ерол Ризаов и сличните. Манипулациите на оние кои му го попречуваат занаетот на Миленко заради пресудата (една пресуда) од минатото, ама не им преачат пресудите на Заев, Роби Телекабел, Верушевски…
Им благодарам на порталчињата то ја предизвикаа оваа реакција, му благодарам на судот што прати соопштенија да не мора јас да ги постирам пресудите во мојот случај.
Така да, што се однесува до овој вапрос, работата е јасна. Over and Out. Најдете си нешто друго за напад. Еве на пример, имам коса, брада, 40 кила повеќе… И, така…
Аххх, да! На сите оние што ми се закануваат дека кога ќе паднел Мијалков, ќе сум лежел затвор, им посакувам убаво летен одмор. Напијте се по една и за мене.
Соопштенија за Јавност
21.07.2015 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во однос информациите поврзани со лицето М. Н. кои изминатите денови беа објавени на неколку информативни портали, а во кои се тврди дека :„Надлежен судија при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој е задолжен за изготвување на упатни акти за издржување на казни, сторил низа Кривични дела и ја злоупотребил служебната положба зошто на осуденото лице Миленко Неделковски, 8 години не му врачува упатен акт за издржување на затворска казна„, Ја информираме јавноста дека станува збор за груби лаги и невиситни со кои одредени портали сакаат да ја деградираат работата на судот.
По извршените проверки утврдивме дека за наведеното лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во моментот не се водат никакви постапки каде истиот се јавува како обвинет, а досега воопшто не се водела ниту постапка каде за истиот била донесена одлука за издавање на Упатен акт за издржување на казна затвор.
Впрочем, за сите информации поврзани со конкретен предмет или постапка која се води во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, претставниците на медиумите како и сите останати граѓани може да се запознаат преку Канцеларијата за односи со јавноста каде навремено и прецизно ќе добијат соодветен одговор. Но посочените портали, од за нас неразјаснети причини, воопшто не побарале официјална информација од судот, а наместо тоа се одлучиле да ја дезинформираат јавноста што само говори за кредибилитетот на овие портали.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.